Одложени седмото и осмото продолжение на „Невозможна мисија“


САД– Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс. „Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а осмото продолжение во јули 2023 година. Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот дел од серијалот. […]

Почина писателот Радован П. Цветковски


По кратко боледување, на 92 години вчера почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист, соопшти Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Цветковски, роден на 3 септември 1931 година во Сопотница, Демир Хисар, покрај во ДПМ членуваше и во Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи […]

Почина славниот дизајнер Тјери Муглер кој ги облекуваше Мадона, Бијонсе и Лејди Гага


Јапонија- Почина францускиот моден дизајнер Манфред Тjери Муглер, чии драматични дизајни ги носеа познати личности како Мадона, Лејди Гага и Карди Б. Тој имаше 73 години. Тој почина во неделата, објави неговиот официјален профил на Инстаграм. „Нека неговата душа почива во мир“, се вели во објавата која е целосно црна без слика. Не е наведена […]

Берлускони хоспитализиран во Милано


Италија- Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони од четвртокот се наоѓа во миланската болница „Сан Рафаеле“, изјави во неделата лице кое знае за ова прашање, откако 85-годишникот одлучи да не се кандидира за претседател. Новинската агенција АНСА претходно во неделата објави дека хоспитализацијата на Берлускони е поврзана со рутински медицински прегледи. Портпаролот на Берлускони не одговори […]

ЗОИ – 72 случаи на коронавирус


Кина– Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари. Во соопштението се прецизира дека меѓу 171 спортисти и официјални лица, кои влегле во Кина во истиот период, нема позитивни на коронавирусот. Од […]

Невремето „Елпида“ носи снег во Грција и затвора училишта


Грција- Невремето „Елпида“ (Надеж) што ја зафати Грција, во повеќе делови од земјата веќе донесе снег и тоа на места што досега не било вообичаено да бидат под снежна покривка, а се очекува утре да пристигне и во Атина, поради што училиштата во следните два дена ќе останат затворени, додека пак надлежниот министер ги повика […]

Во автобуска несреќа во Истанбул загинаа три лица, 18 се повредени


Турција– Најмалку три лица загинаа во автобуска несреќа што се случи утринава во Истанбул, јави турската новинска агенција Анадолија. Патнички автобус на линијата Черкежка-Ајдин излетал од патот што води кон автопатот Кузеј-Мармара и паднал во провалија длабока 30 метри. Во инцидентот повредени се 18 лица кои се згрижени во болниците во Истанбул. Истрагата е во […]

Фарел Вилијамс „се сврши“ со Тифани


САД-  Поп-ѕвездата и модна икона Фрале Вилијамс влезе во неделата на ревијата на Кензо за сезоната есен  2022 година во Париз , носејќи очила за сонце во облик на бадем, обложени со дијаманти и со смарагд , промовирајќи го новиот дизајнерски проект со Tiffany & Co. „Тифани и јас сме свршени“, изјави тој за WWD, […]

Зимска бајка во Ист Гејт Мол: Уникатна забава, уживање и шопинг за сите генерации


Оваа сабота (22.01.2022) на Централниот плоштад во најголемиот шопинг центар на регионално ниво, Ист Гејт Мол, безброј мали дечиња со своите родители и семејства беа сведоци на оригиналната изведба во живо на детската театарска куклена претстава „Лакомата меца“. Професионалните актери од Театарот за деца и младинци, со својата изведба, како и со читањето на некои од омилените бајки […]

Една жртва во пожар во болница во Будимпешта


Унгарија– Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што денеска избувна во болница во центарот на Будимпешта, соопштија локалните власти. Според портпаролката на унгарската полиција, Анџелика Молнар, пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во болницата и додаде дека засега не е позната причината за пожарот. Портпаролот на итната служба Мате Кисди […]

Хусеин Хасанефендиќ Хус: Се слушнав со Аки тоа утро, ми звучеше добро


Хрватска–  Еден од основачите на „Парни ваљак“, гитаристот Хусеин Хасанефендиќ- Хус, во синоќешниот Дневник на  „ХРТ“ ја коментираше загубата на својот колега и пријател Аки Рахимовски. – Не знам што да кажам. „ Се слушнавме во 8, 30, кога бев на швајцарска граница. Добро ми звучеше, почувствував позитивна енергија. Со нетрпение ги очекував овие свирки […]

Данска и Шпанија најблиску до полуфиналето на ЕП во ракомет


Будимпешта/Братислава – На Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка се игра главната рунда, а по две кола, плус пренесените бодови од прелиминарната рунда, Данска и Шпанија се на чекор до полуфиналето. Данците по триумфот синоќа над Хрватска стигнаа до шест бода во Групата 1, по нив се Франција и Исланд со по четири бода, Холандија […]

Премиерката Ардерн ја откажа свадбата откако воведе нови мерки против Омикрон


Нов Зеланд– Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови коронамерки во земјата поради ширењето на омикрон. Во целата земја ќе важи највисокото ниво на рестрикции, што подразбира и носење маска во продавници и јавен превоз и ограничување на собирите на 100 вакцинирани луѓе. Ардерн истовремено потврди дека ја откажува […]

Париз ја виде последната колекција на Вирџил Абло- машка мода како лебедова песна


Франција- Луј Витон во четвртокот ја претстави последната колекција на генијалниот моден иноватор Вирџил Абло, првиот афроамерикански креативен директор на куќата, кој почина во ноември по двегодишна борба со ракот. Сцената на спалната соба, скалите, трамбулината и чадниот оџак на централната париска писта создаде носталгични слики кои го евоцираа детството на Абло, преполни со теми […]

Утре од 15:00 до 16:30 минирање на автопатот Кичево – Охрид


На автопатот Кичево – Охрид утре ќе се изврши минирање во периодот од 15 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Надал – Шаповалов прва четвртфинална двојка на Австралија опен


Австралија- На првиот годинашен Грен слем, формирана е првата четвртфинална двојка. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе се борат за влез во полуфиналето на Австралија опен. Ова е епилогот по двата осминафинални меча кои завршија рано утрово. Најпрво Надал кој е шести носител на турнирот, со максимални 3:0, по сетови 7:6, 6:2 […]

Позната новинарка во Турција уапсена поради твит за Ердоган


Турција– Турски суд вчера и одреди притвор на познатата новинарка Седеф Кабаш, додека го чека судењето за обвиненијата за навреда на турскиот претседател Ердоган и со тоа го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турската Си-Ен-Ен. Полицијата ја привела Кабаш два часа по полноќ и прво ја одвела во главната […]

Берлускони нема да се кандидира за претседател на Италија


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) одлучи да не се кандидира за претседател на Италија. – Одлучив да направам уште еден чекор на патот кон националната одговорност, барајќи од оние што ме предложија да се откажат од наведувањето на моето име за Претседателството на Републиката, изјави Берлускони. Италијанскиот парламент утре ќе го почне гласањето за нов […]

Дневниот број на новозаразени во Франција конечно падна под 400.000


Франција – Вчера во Франција се регистрирани 389.320 новозаразени лица со коронавирусот, по четири последователни дена кога бројот на новозаразени беше над 400.000. Француското Министерство за здравство соопшти дека на одделенијата за интензивна нега има 3.746 пациенти, 46 помалку од претходниот ден. Министерството исто така соопшти дека 167 лица починале од корона вирусот во текот на изминатите 24 часа, со […]

Формирани работните групи за претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија


Завршуваат последните подготовки пред меѓувладината седница на Северна Македонија и Бугарија, која треба да се одржи во вторник, на 25 јануари во Софија. Формирани се работните групи и од двете страни, а назначени се и нивните копретседавачи. Северна Македонија и Бугарија во периодот што претстои, а во рамки на новата динамика на соработка, која ја […]