ЗОИ – 72 случаи на коронавирус


Кина– Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари.

Во соопштението се прецизира дека меѓу 171 спортисти и официјални лица, кои влегле во Кина во истиот период, нема позитивни на коронавирусот.

Од потврдените случаи, 39 се регистрирани при тестирања на аеродромот, додека 33 внатре во „олимпискиот балон“.

Во периодот од 4 до 22 јануари вкупно биле направени 336.421 ПЦР тестирања.

 Подготовките за претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг се спроведуваат кон крај, а отворањето на манифестацијата, судејќи според генералната проба, се очекува да биде спектакуларно.

ЗОИ ќе бидат одржани под посебни ковид услови и без присуство на странски навивачи на трибините.

Во главниот град на Кина е нарачано тестирање на коронавирусот на два милиони жители во реонот во кој се регистрирани поголем број заразени.

Пекинг ќе биде домаќин на ЗОИ од 4 до 20 февруари.