Хусеин Хасанефендиќ Хус: Се слушнав со Аки тоа утро, ми звучеше добро


Хрватска–  Еден од основачите на „Парни ваљак“, гитаристот Хусеин Хасанефендиќ- Хус, во синоќешниот Дневник на  „ХРТ“ ја коментираше загубата на својот колега и пријател Аки Рахимовски.

– Не знам што да кажам. „ Се слушнавме во 8, 30, кога бев на швајцарска граница. Добро ми звучеше, почувствував позитивна енергија. Со нетрпение ги очекував овие свирки што не чекаат. Аки се реализираше на сцената“, додаде тој.

„Изгубивме брат и пријател. Имам желба да се разбудам од ова, да биде некоја друга вистина“, заклучи Хус.
Аки Рахимовски почина вчера на 67-годишна возраст.

Менаџерот на легендарниот бенд, Дино Бахтијаревиќ, во име на целиот бенд изјави дека се шокирани од ненадејната загуба.

„Ова е шок за сите нас и во име на семејството и бендот „Парни ваљак“ ве замолувам да разберете во овие тешки и тажни моменти“, напиша тој во изјавата.


Ако Хусеин Хасанефендиќ – Хус е мозокот, продуцент, автор на сите песни и основач на „Парни

ваљак“, тогаш Аки Рахимовски дефинитивно беше душата на бендот и магнет за публиката, а Хус и Аки во различни состави во изминатите 46 години заедно,  ја живееле првата, втората и третата младост. Имено, низ бендот продефилираа дваесетина членови, еден од врвните музичари и најголемите имиња на нашата сцена, но во него само Аки и Хус го поминаа целиот свој работен век. И покрај интензивната студиска активност и повеќе од дваесет издадени албуми, Парни ваљак е првенствено концертен бенд кој најмногу уживал и во директен контакт со фановите.