Што точно е еспресо?


Ако сте љубител на кафе, голема е веројатноста дека веќе знаете на памет што нарачувате во кафуле. Сепак, можеби не знаете што точно значи кога ќе побарате дополнителна шолја еспресо , па ние сме тука да ве просветлиме. Еспресото, кое потекнува од Италија, се прави од истите зрна како кафето, но се служи во мали […]

Нѐ напушти уште една легенда: почина маестро Александар Џамбазов


Маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор почина денеска во Скопје, на 85-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син, актерот Игор Џамбазов. -Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, се вели во […]

Аки Рахимовски ќе биде погребан в четврток во Алејата на великаните во Загреб


Хрватска- Членовите на „Парни Ваљак“  соопштија дека последното испраќање на легендарниот пејач Аки Рахимовски ќе биде направено в четврток, на 27 јануари, на гробиштата Мирогој во Алејата на великаните во Загреб. Погребот ќе се одржи со семејството и пријателите. Во оваа прилика, „Парни ваљак“ ги информираше бројните фанови за начинот на кој можат да му […]

„Гардијан“ го пофали филмот на Столевски „Ти нема да бидеш сама“ – маѓепсувачка приказна за тоа што значи да се биде човек


Во Македонија од 19 век, вештерка шета по ридовите. Таа е грозна предупредувачка приказна раскажана на децата, наречена волкјадачка. Но, еден ден, за новопечената мајка во изолирана куќа, таа одеднаш е многу реална, лебди над бебето, жедна за свежа крв. Жената се моли, моли за договор. Ако вештерката се врати кога нејзината ќерка има 16 […]

Утре почнува етапната исплата на јануарски пензии, зголемени за 2,9 отсто


Од утре почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши два пати годишно во јануари и јули. Усогласувањето се врши […]

Тјери Муглер: Пред да почине, имал низа несреќи кои му го уништиле лицето


Франција– По веста за смртта на легендарниот француски дизајнер Тиери Муглер на 73 години, од „природни причини“, разбирливо е што многу обожаватели имаат прашања за тоа што му се случило пред да умре – особено затоа што фотографиите од лицето на Тјери Муглер заедно со овие извештаи покажуваат дека модната икона изгледа значително поинаква во […]

Повторно ограбен домот на Бензема


Шпанија – Семејниот дом на францускиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, бил ограбен во неделата, втор пат од февруари 2019 година. Грабежот, како што јавија шпанските медиуми, бил извршен во неделата попладне, неколку часови пред првенствениот дуел меѓу Реал Мадрид и Елче, кој заврши нерешено 2:2. Семејството на Бензема, за време на грабежот, не било во својот дом […]

Високозаразен сој на птичји грип откриен на фарма во Холандија


Холандија– Холандските власти открија присуство на многу заразен сој на птичјиот грип на една живинарска фарма во северниот дел на земјата. Како резултат на заразата, околу 170.000 кокошки ќе бидат уништени за да се спречи натамошното ширење на инфекцијата. „Околните фарми во провинцијата Северна Холандија ќе бидат затворени додека се вршат тестирањата за вирусот Х5Н1 […]

Училиштето „Видео Подгорец“ од Струмица доби сензорна соба


Стимулативни содржини во сензорната соба на ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица од денес ќе може да се обезбедува за педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии. Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи (SoRi II), Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија […]

Истражување: Виното и шампањското штитат од Ковид-19


Кина – Според лекари од болница во Шенжен, Кина, консумирањето шампањ, црвено и бело вино може да ја намали опасноста од зараза со коронавирус. Написот е објавен во списанието „Фронтиерс ин нутришн“ (Frontiers in Nutrition). Истражувачите проучувале податоци од 473.957 луѓе, од кои 16.559 биле позитивни на Ковид-19. Учесниците биле поделени во три групи – […]

„Ангел си ти“- со музичко-сценски настан ќе се одбележи роденденот на Тоше во Крушево


Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој пред 15 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.  Спомен-куќата на Тоше Проески  во Крушево утре со музичко-сценски настан под наслов „Ангел си ти“ ќе го одбележи 41. роденден на Тоше кој се уште живее во нашите срца. […]

Влада: Не подаруваме возила туку постапуваме по обврските кои произлегуваат од Законот за влада


Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на кој било поранешен премиер или на кој било друг функционер да подарува возила, порачаа денеска од Владата по информациите во дел од медиумите за правата на поранешните премиери. Од Владата истакнуваат дека постапуваат исклучиво согласно со обврските кои произлегуваат од Законот за влада, […]

Меси доби дрес со автограм од папата Франциско


Ватикан – Аргентинската фудбалска ѕвезда, играч на францускиот клуб ПСЖ, Лионел Меси доби дрес со автограм од папата Франциско. Ваквиот чекор следува откако Меси му даде свој, објавија денеска во Ватикан. Меси во текот на вчерашниот ден го примил дресот од рацете на монсињор Емануел Гобилијар, помошен епископ од Лион и пратеник на Светата столица […]

Горивата поскапуваат по два денара за литар


Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР […]

Снежната бура создаде проблеми во Атина, апел до граѓаните да избегнуваат непотребни движења


Грција– Предупредување за многу интензивни врнежи од снег во следните часови во вашиот регион, избегнувајте секакви непотребни движења,  е пораката што претпладнево ја добија жителите на Атика, поширокиот регион на Атина, поради снежната бура што создаде проблеми на повеќе булевари, прекин во јавниот сообраќај и ги затвори училиштата, јави дописничката на МИА од Атина.   […]

Виенската филхармонија откажа неколку концерти поради коронавирусот


Австрија– Виенската филхармонија ги откажа концертите во Германија оваа недела поради зголемениот број случаи на коронавирус во своите редови. Планираните настапи во Келн и Хамбург закажани за денеска и утре нема да се одржат, соопшти познатиот ансамбл. Концертот во Париз, Франција, закажан за 26 јануари, исто така ќе биде откажан, а откажани се и два концерта […]

Прокопиев меѓу книжевниот врв на Европа во публикацијата „Les Lettres Europeenes“


Прозата на современиот македонски писател Александар Прокопиев се анализира во најновата едиција на реномираната историја на европските книжевности „Les Lettres Europeénnes“, која деновиве излезе од печат во Париз. Прокопиев е застапен меѓу авторите Херта Милер, Елфриде Јелинек, Слободан Шнајдер, Мануел Ривас, Олга Токарчук, Биљана Србљановиќ, Јури Андрукович, Људмила Улицкаја, а неговата проза се споменува во последно […]

Луѓето кои прележале Ковид-19 може да страдаат од „мозочна магла“


Русија – По прележување Ковид-19, може да дојде до „мозочна магла“, предупреди рускиот инфектолог Елизавета Темник во интервју за „Мослента“. Темник, која учествуваше на годишниот Серуски конгрес за заразни болести, изјави дека „мозочната магла“ (brain fog) е манифестација на пост-ковид синдром. Се карактеризира со намалена концентрација и меморија, расеаност, поспаност и општа слабост. Таа појасни дека оваа појава допрва треба […]

Џони Деп се враќа на филмот со улога на Луј XV


САД– Џони Деп за првпат се враќа во кино по скандалот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, тврди „Варајети“. Тој ќе глуми во историски филм на француската режисерка Мајвен, во кој ќе го игра кралот Луј XV, чие владеење е едно од најдолгото во светската историја (58 години). Се наведува дека ќе се снима ова лето на периферијата на Париз, […]

Одложени седмото и осмото продолжение на „Невозможна мисија“


САД– Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс. „Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а осмото продолжение во јули 2023 година. Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот дел од серијалот. […]