Аки Рахимовски ќе биде погребан в четврток во Алејата на великаните во Загреб


Хрватска- Членовите на „Парни Ваљак“  соопштија дека последното испраќање на легендарниот пејач Аки Рахимовски ќе биде направено в четврток, на 27 јануари, на гробиштата Мирогој во Алејата на великаните во Загреб.

Погребот ќе се одржи со семејството и пријателите. Во оваа прилика, „Парни ваљак“ ги информираше бројните фанови за начинот на кој можат да му оддадат почит.

„Со оглед на сегашните епидемиолошки мерки, ги замолуваме сите кои го сакаа Аки и сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25 јануари кај Бунарот на животот, пред загрепскиот Хрватски народен театар, каде што ќе може да се донесе цвеќе и да се запалат свеќи“, напишале тие.

Аки Рахимовски почина на 22 јануари во Ново Место, Словенија на 67 години.

Александар „Аки“ Рахимовски е роден во Ниш, Југославија, на 5 јуни 1955, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите „Вакуум”, „Крвни браќа” и познатата „Тор” со кој настапи на фестивал во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на „Парни ваљак”.

Аки остави зад себе три деца, син и ќерка од двата брака , а пред две години стана татко на Антонија од тајната врска со Словенката Барбара Весел заради што се преселил во Словенија.