На 300 илјади вакцини на Фајзер до крајот на месецов им изминува рокот


На депонијата Дрисла во Скопје до крајот на февруари 300.000 дози од Фајзер вакцините ќе мора да бидат уништени како медицински отпад поради поминат рок на траење. Од Министерството за здравство велат дека деловна тајна е податокот за тоа колку чинеле вакцините кога се набавиле и колку ќе чини уништувањето. Во Македонија опаѓа интересот за […]

ЗОИ: Норвешка и Шведска најуспешни по вториот натпреварувачки ден


Кина– На Зимските олимписки игри во Пекинг, во текот на денешниот ден се доделени шест комплети медали. Водечки на табелата медалисти се Норвешка и Шведска со по два златни трофеи. По едно најсјајно одличје имаат Русија, Германија, Холандија, Австралија, Јапонија, Словенија, Кина и Нов Зеланд. Што се однесува до вкупниот број, Русите имаат пет медали, 1+2+2 […]

Британец освои 130 милиони евра на лотаријата


Англија – Британец освоил 130 милиони евра од лотаријата EuroMillions, пишува Дејли Стар. Името на среќниот добитник се уште не е откриено, но познато е дека тој ги погодил петочните добитни броеви 3, 25, 38, 43, 49 и Lucky Stars 03, 07. Самиот лоз чини 2,5 евра. Победникот ќе може да ги повлече средствата во рок […]

Макрон утре на средба со Путин


Франција– Со надеж дека ќе ја смири кризата на истокот од европскиот континент, францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе оди во Кремљ за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јави дописникот на МИА. За францускиот неделник „Ле Поан“ ова патување на Емануел Макрон за Русија претставува „игра на покер“. .Шефот на француската државата […]

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати


Грција– Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати. Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП. Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во […]

Нови 1.045 случаи со Ковид-19, вкупно 29 починати 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи со КОВИД-19, 25 починати и 2.418 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 1.045 случаи во Скопје се 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – […]

Мареј ќе ја прескокне сезоната на земјени терени за да ја заштити кондицијата


Англија- Поранешниот светски рекет број еден Енди Мареј во неделата изјави дека има намера да го прескокне Отвореното првенство на Франција и остатокот од сезоната на земјени терени со цел да спречи повреда и да ја продолжи кариерата по повеќекратните операции на колкот. 34-годишниот Мареј, кој испадна во вториот круг од Австралија Опен, ќе биде […]

Во Полска пристигнаа американски пешадиски трупи


Полска – Авион со неколку десетици елитни американски војници и опрема е забележан како денеска слетува во југоисточна Полска во близина на границата со Украина, јави американската телевизија Еј-Би-Си. Војниците пристигнаа по наредба на претседателот Џо Бајден во Полска да бидат распоредени 1.700 војници поради стравувањата од руска инвазија на Украина. Планирано е распоредување и на […]

Фустанот на Кери Бредшо ги зголеми пребарувањата за „Валентино“


САД- Пребарувањата за фустани на „Валентино“ се зголемуваат по последната епизода на продолжението на култната серија „Сексот и градот: И просто, така оди тоа“ . Според Love the Sales, моден агрегатор за е-трговија, пребарувањето за фустани на „Валентино“ вртоглаво порасна по финалето на рестартирањето на „Сексот и градот“, зголемувајќи се за 1.085 проценти. Пребарувањата за […]

Хрватска и Бугарија на врвот во ЕУ по бројот на починати од Ковид 


Хрватска– Во изминатите седум дена, Хрватска беше прва по бројот на починати од коронавирус во Европската унија со 73 смртни случаи на милион жители, а на второ место е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители. Загребачки Јутарњи лист пишува дека со ова се потврдува дека е заблуда дека има помалата опасност омикрон варијантата […]

Холанѓаните гневни поради мегајахтата на Безос, ќе фрлаат јајца во знак на протест


Холандија– Новата мегајахта на Џеф Безос се гради во Холандија, каде можеби ќе биде неопходно да се демонтира историскиот мост пред тој да заплови. Некои жители на Холандија рекоа дека ќе фрлаат јајца на јахтата кога ќе треба да помине. Жителите на Ротердам на Фејсбук повикаа да организираат настан наречен „Фрлање јајца на суперјахтата на […]

Меси нема да го напушти ПСЖ до СП 2022 година, сака да ја освои Лигата на шампионите со клубот


Шпанија – Напаѓачот Лионел Меси не планира наскоро да го напушти Пари Сен-Жермен. Аргентинецот има намера да остане во парискиот клуб барем до Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември-декември 2022 година, пренесува шпанска „Marca“. Покрај тоа, 34-годишниот Аргентинец сака да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, што е негова главна мотивација […]

Ле Пен најави повлекување на Франција од НАТО доколку победи на претседателските избори


Франција– Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека во случај да победи на претстојните избори ќе донесе одлука Франција да го напушти НАТО. – Мораме слободно да ги застапуваме сопствените интереси, да излеземе од логиката на воените блокови. Затоа ќе се повлечеме од НАТО за да не бидеме повеќе вовлечени во туѓи […]

Сали ги посети пациентите во ковид-центарот во болницата во Велес


Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил објави дека денеска ги посетил пациентите во ковид – центарот во Општата болница во Велес, во рамки на неговата посета во таа здравствена установа и им посакал побрзо закрепнување. – Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите ковид – центри да им дадеме поддршка на […]

Земан се противи на испраќање чешки војници како засилување на НАТО


Чешка – Чешкиот претседател Милош Земан соопшти дека е против тоа неговата земја да испрати војници заради зајакнување источното крило на НАТО. Тој смета дека Русија и Украина ќе останат само во вербалната војна, а според него, најмногу што може да се случи е да избие локален конфликт ограничен на две сепаратистички проруски области во Украина. […]

Италија избра песна за Евросонг: Махмуд пак фаворит (видео)


Италија- Во тензичното финале на италијанскиот фестивал „Санремо“ за избор за песна што ќе ја претставува Италија на годинешната Евровизија победата ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Brividi“. Песната „Brividi“ веднаш стана фаворит на обложувалниците за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија. Сепак, досега се познати само девет песни кои ќе […]

Диџеј Авичи ќе добие музеј во Стокхолм


Шведска- Стокхолм, кој веќе е светска престолнина на поп-музичкото наследство со музеј посветен на ABBA, сега е на пат да стане омилена дестинација на љубителите на електронската музика поради музејот посветен на шведскиот диџеј Авичи. Речиси четири години по смртта на диџеј суперѕвездата, градот се подготвува за отворање на Avicii Experience на 26 февруари, интерактивен […]

Архивски материјали од македонското ателје застапени во Меѓународниот град на уметноста во Париз


Во големата изложба „Повторно надвор:жива архива”, во Париз, како Меѓународен град на уметности застапени и архивски материјали од македонското ателје. Како што информираат од Министерството за култура, на изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле […]

„Григор Прличев“ за Трајче Кацаров


Свеченостите на годинешните „Прличеви беседи“ продолжија денеска со централнот настан, доделувањето на наградата на лауреатот Трајче Кацаров, авторот на поемата „Цветко“ избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што се објавува во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев. За животниот пат и творештвото на Кацаров пред присутните во Центарот за култура свое обраќање имаше […]

Камила ќе стане кралица, одлучи кралицата Елизабета


Англија – Британската кралица Елизабета Втора во саботата, по повод 70-годишнината од нејзиното устоличување, рече дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила Паркер, да ја добие титулата кралица кога принцот Чарлс ќе стане крал. Во пораката по повод 70-годишнината од нејзиното владеење, кралицата вели дека нејзина „искрена желба“ е Камила да ја добие таа титула, пренесе […]