ЗОИ: Норвешка прва со десет златни медали


Кина– Норвешката репрезентација го освои златниот медал во биатлон 4×7,5 километри на Олимписките игри во Пекинг. За Норвешка ова е 10. златен медал на Олимписките игри во Пекинг за лидерско место во поредокот на земји медалисти. Во составот на норвешкиот национален тим беа: Холм Легрејд, Тарјеј Бо, Јоханес Бо и Ветл Кристијансен. Вкупното време на Норвежаните […]

Кризата во Украина ги прави САД господар на пазарот на гас


САД– Американскиот извоз на течен природен гас во Европа се зголеми поради ескалацијата на кризата во Украина, објави Волстрит џурнал. Според авторот на написот Даниел Јергин, растот на производството на нафта и гас во САД се претворил во геополитички и економски актив за земјата, што може да ги измести руските конкуренти од европскиот пазар. – Додека индустријата за нафта […]

Американците со своја Евровизија – Снуп Дог и Кели Кларксон домаќини на American Song Contest


САД – Раперот Снуп Дог и рок-пејачката Кели Кларксон ќе бидат домаќини на „Натпреварот за песна на Америка“ (American Song Contest), по теркот на Евровизија. Натпреварот ќе биде прикажан на американската мрежа Ен-Би-Си. Шоуто почнува во март, а големото финале е закажано за 9 мај. Ќе учествуваат изведувачи – солисти, дуети или групи од сите педесет американски […]

САД побараа од Хондурас екстрадиција на поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез


САД – Соединетите Американски Држави побараа од Хондурас да го екстрадира поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез, јави Си-Ен-Ен. САД го бара поранешниот претседател во врска со обвинувања поврзани со трговија на дрога. Министерството за надворешни работи на Хондурас објави твит, во потврди дека побарал од Врховниот суд на земјата да одобри екстрадиција на „политичар од Хондурас“ […]

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за финансирање и буџет и за економски прашања. Предлог – законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово, е единствена точка по која ќе расправаат на седницата членовите на […]

Која е Андреа, годинешна претставничка на Евросонг во Торино?


Младата, талентирана, пејачка Андреа Коевска е годинашната претставничка на државата за Евросонг со песната „Кругови”(Circles). Андреа свири пијано и гитара, студира на отсек соло пеење – популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност-Скопје, а во јавноста е присутна околу две години. Еден од најзаслужните за препознавање и поттикнување на развојот на нејзиниот талент и вокални […]

Почна тестирањето за проценка на имунитетот, откриена подваријанта стелт омикрон


Тестирањето по случаен избор за да се добијат податоци колку населението има стекнат имунитет на КОВИД-19 од вакцинација или од прележана болест вчера почна во центарот Скопје и деновиве ќе продолжи и на други локации. Тие не се откриваат за да бидат тестирани случајни минувачи кои ќе се согласат да дадат примерок од крв за […]

Трудо најави примена на ретко користениот Закон за вонредни ситуации во Канада


Канада – Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе ги активира ретко користените овластувања за итни случаи за да стави крај на протестите кои ги блокираа граничните премини и парализираа делови од главниот град. Протестите наречени „Конвој на слободата“ ги почнаа канадските возачи на камиони во спротивставување на мерките со кои се бара од возачите на […]

Песков за Си-Ен-Ен : Путин е подготвен да преговара


Англија – Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, во изјава за Фредерик Плајтген од Си-Ен-Ен кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да преговара“, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија. -Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија, рече Песков. „Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции […]

Наоми ја покажа ќерка си за „Вог“: Таа ми е на прво место


Англија– Јаболкото не паѓа далеку од дрвото за ќерката на Наоми Кембел (51). На само 9 месеци, потомството на супермоделот веќе ја има својата прва насловна страница на списанието, позирајќи покрај нејзината мајка за мартовското издание на британскиот Вог. Иако Кембел допрва треба јавно да го открие името на нејзината ќерка, нејзиното интервју за модното […]

Берзите реагираат на предупредувањата за можна руска инвазија на Украина 


САД– Акциите на светските берзи продолжуваат со пад и денеска по постојаните предупредувања за можна руска инвазија на Украина, што според официјални извори може наводно да се случи неделава.  Загриженоста од голем конфликт во Европа предизвика и зголемување на цената на нафтата на рекордно ниво во последните седум години. Тоа го потиснаа еврото, и ги натера инвеститорите да се вратат […]

Сончево со слаб ветер и температура до 15 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 15 февруари 2022 година, 46-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 319 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 33 минути, а ќе зајде во 17 часот и 3 минути. Денов трае 10 часа и 31 минута. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Поради плагијат: МКЦ го поништи конкурсот за јубилејното лого


Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“. Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на  целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. – Намерата […]

Еминем, Снуп Дог и Фифти Сент- „Супербоул“ со музички спектакл


САД– Др. Дре, Снуп Дог, Кендрик Ламар, Мери Џеј Блајџ, Еминем и 50 Сент настапија на полувремето на годинешниот „Супербоул“  и направија историско шоу за паметење. Полувремето на еден од најгледаните спортски настани во Америка, Супербоул, оваа година беше резервирано за најстариот тим на изведувачи досега, кои заедно имаат 286 години, пишува Дејли Мејл. Шоуто […]

Почина Иван Рајтман, режисерот на „Истерувачи на духови“ и „Близнаци“


САД– Иван Рајтман, влијателниот режисер и продуцент на некои од најомилените комедии од крајот на 20. век, меѓу кои и „Истерувачи на духови“, почина на 75 години. Тој пораснал во Канада откако неговото семејство избегало од комунистичкиот режим во Чехословачка и таму учел за правење филмови. Познат по сочните комедии кои успешно го доловуваа духот […]

Маските се враќаат во Венеција


Италија– Откако италијанските власти го откажуваа поради пандемијата изминативе две години, традиционалниот Венецијански карневал се враќа на сцената, иако со одредени ограничувања. Прославата се одржува под слоганот „Запомни ја иднината“, инспириран од цитат на Салвадор Дали. Ќе има и виртуелен дел што ќе може да се следи на интернет. Овогодишниот маскенбал се организира во време кога […]

Камила на Чарлс позитивна на Ковид-19, иако е вакцинирана со три дози


Англија – Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила, е заболена со коронавирус. Пред неколку дена и принцот беше позитивен на Ковид-19, а моментално двајцата се наоѓаат во изолација, објави Скај њуз. Камила (74) примила три дози вакцина против Ковид-19, соопштија кралски извори. Камила и Чарлс биле во контакт со кралицата Елизабета Втора, но засега таа нема […]

Министерот Спасовски и директорот на БЈБ Тасевски на ручек со семејствата на загинатите припадници на полицијата 


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски денеска ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде имаа  заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што […]

Албанското МНР ги повика граѓаните под итно да ја напуштат Украина


Албанија – Албанското Министерството за Европа и надворешни работи ги советува албанските граѓани да не патуваат во Украина. исто време, министерството ги повикува албанските граѓани кои се во Украина што поитно да ја напуштат оваа земја, a за контакт за помош може да се обратат на неколку телефонски броеви и електронска пошта, што ги објавува во […]