Кус прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид поради изведување градежни работи


На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11.00 и 14.00 часот во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ. Сообраќајот на другите државни патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Канадските министри ги проширија владините овластувања за полицијата во обид да ги запре протестите


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да и даде на владата вонредни овластувања за да ги запре протестите на камионџиите и незадоволните граѓани од мерките против коронавирусот. Канадскиот министер за јавна безбедност Марко Мендичино изјави дека е време полицијата да почне да ги користи своите широки овластувања дадени со канадскиот Закон за вонредни ситуации. -И […]

Симпозиум „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“


Симпозиум на тема „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“, ќе се одржи денеска во просториите на М6 Едукативен центар во органзиација на винарската визба „Тиквеш“ Симпозиумот што може да се следи и онлајн се организира во рамки на тригодишниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци […]

Предлогот да се продолжи кризната состојба со топлинска енергија пред пратениците


Предлог одлуката на Владата да се продолжи рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје до 30 април годинава денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, по  што за неа треба да се одлучува и на пленарна седница. Владата на 17-ти […]

Епидемиолошката состојба подобрена, зголемен број на Ковид случаи меѓу учениците


Комисијата за заразни болести вчера ја оцени епидемиолошката состојба во државава како подобрена, но не и добра поради фактот што е зголемен бројот на нови КОВИД случаи меѓу децата од  шест до 14 години. Комисијата апелира до граѓаните да примат трета доза вакцина, како најдобар начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт. Засега […]

Во САД излекувана првата жена со СИДА


САД– Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице. Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата […]

Руски дипломат: Денеска нема да ја нападнеме Украина


Германија – Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска. – Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец, рече Чижов во текст објавен во денешното издание […]

Средба Блинкен-Рама во Стејт департментот 


САД– Американскиот дражавен секратар, Ентони Блинкен, синоќа во Стејт департментот се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, каде ја одбележаа 100-годишнината од воспоставувањето на американско-албанските дипломатски односи, при што Блинкен повторно укажа на поддршката на САД за влез на Албанја во ЕУ, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  -Секретарот ја истакна силната соработка во […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 16 февруари 2022 година, 47-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 318 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 30 минути, а ќе зајде во 17 часот и 6 минути. Денов трае 10 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Принцот Ендру се спогоди со Вирџинија Џуфре. Што значи тоа?


САД – Британскиот принц Ендру ја реши граѓанската тужба поднесена од Вирџинија Џуфре, во која го обвинува принцот дека сексуално ја злоставувал кога имала 17 години,  откри документот доставен до американскиот суд во вторникот. Еве поглед на тужбата против вториот син на кралицата Елизабета, спогодбата и што значи спорот за Ендру. КОИ БЕА ТВРДЕЊАТА НА […]

Влада: Почнат процес за обезбедување алтернативни извори на гас


Владата на денешната седница го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да почне процес за потпишување на договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција, информираат од владината прес-служба. Со овие договори и преземени обврски, посочуават од Владата, […]

„Аригато“- НОБ со гала-оперски концерт во чест на пријателска Јапонија


В петок, во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи гала-оперскиот концерт со наслов ARIGATO, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“. Концертот се организира во знак на благодарност кон пријателска Јапонија по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на […]

„Спомен куќа на Тодор Проески“ подари мечиња за Kлиниката за детски болести


Директорката на Универзитетската клиника за детски болести Аспазија Софијанова денеска прими донација од „Спомен куќа на Тодор Проески“ од Крушево, играчки мечиња за децата кои боледуваат од рак. Донацијата, како што соопштија од Клиниката, ја додели директорката на спомен куќата Лефкија Гажоска која на средбата со Софијанова потсетила на огромната љубов што ја имал Тоше […]

Виното се избира како партнерот: На вистинско место и во вистинско време, прашајте ги дипломатите


Со виното сме веќе во Европа. Наше, а светско. Бренд со мирис на македонските лозја, почва, сонце, ветер и дожд, вкус, знаење и технологија. Бело, розе или црвено, евтино или скапо, го избирате по ваш вкус и расположение, како што го избирате партнерот, од Балканот или странец, со стил или манири, или мачо, боем во […]

Светкавата мода се враќа на голема врата – Њујорк диктира трендови


САД– По она што изгледаше како лажен почеток минатата година, се чини дека гламурот се враќа на голема врата , со многу дизајнери кои презентираа колекции полни со светки, кристали и други украси на Модната недела во Њујорк за  сезоната есен ’22  која изгледа дека ќе биде една џиновска забава. Тоа е уште една рунда […]

Кои се водителките на Оскарите?


САД– Комичарките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе бидат водителки на годинешното доделување „Оскари“, а продуцентите на церемонијата се обидуваат да привлечат нови гледачи по рекордно ниската гледаност во 2021 година, објавија во понеделникот „Вараети“и „Њујорк тајмс“. Продуцентите ги финализираат деталите, а официјалното соопштение ќе биде објавено во вторник во емисијата „Добро утро, […]

Вупи Голдберг се врати на работа по суспензијата


САД– Вупи Голдберг се врати во својата емисија „Поглед“ (The View) откако беше суспендирана од „Еј-Би-Си Њуз“ поради нејзините контроверзни коментари за холокаустот. – Има нешто чудесно во тоа да се биде во вакво шоу бидејќи ние сме „Поглед“ и тоа е она што го правиме, рече Голберг при нејзиното враќање во понеделникот. Понекогаш не го […]

Песни на Јулијана Величковска објавени во Азербејџан


Песните „Вода“ и „Отворена книга“ од македонската писателка и поетеса Јулијана Величковска беа објавени во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ („Литературен весник“) во Азербејџан. Препевот е дело на поетот Ферид Хусеин. „Едебијат газети“ е еден од најстарите и најчитаните неделници за литература и уметност што се објавува од 1934 година во Баку, Азербејџан. […]

Музафер од Турција позитивен на коронавирус веќе 14 месеци


Турција– Најпозитивниот човек живее во Турција. За жал, не само според наравот, туку во однос на коронавирусот – Музафер е позитивен веќе 14 месеци или 78 последователни тестови, па тој веќе и се шегува за тоа. – Претпоставувам дека ова е женска верзија на Ковид, бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом […]