За минималецот и пензиите се обезбедени средства, во петок прва средба за зголемување на пензиите


Зголемувањето на минималната плата и најавениот раст на пензиите нема да повлечат ребаланс на Буџетот, уверуваат од Владата. За петок е најавен и првиот состанок за зголемување на пензиите, а решението ќе се носи низ дијалог со сите засегнати страни. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека […]

Нема влошување на епидемиолошката состојба, во Скопје продолжува скрининг-тестирањето


Засега нема влошување на епидемиолошката состојба во државата, а надлежните остануваат на ставот граѓаните да ја примат и третата доза вакцина против КОВИД-19 како најдобра заштита од вирусот. Во сила остануваат истите мерки, откако Уставниот суд вчера не поведе постапка по иницијативата за укинување на КОВИД сертификатите. Уставниот суд на вчерашната седница не поведе постапка […]

Почнува изградбата на новиот далновод од ТС „Битола 2” до македонско-албанска граница


АД „МЕПСО“ денеска го почнува поставувањето на новиот 400 kV далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2” до македонско-албанската граница. На поставувањето на камен темелникот на новиот далновод ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на АД „МЕПСО“, Орхан Муртезани, претставници на делегација на Европската Унија […]

Законот за минимална плата и Извештајот на ЕК на собраниски комисии


Собраниската Комисија за европски прашања денеска на седница треба да расправа за Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година. Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија, пак, ќе го разгледуваат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Камерен концерт „Филхармонија за филхармонија“


Четврти концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“ ќе се одржи вечер во Филхармонија. На концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни формации. На програмата се дела од Калвет, Брамс, Брух, Бах, Шостакович и Пјацола. Во рамки на концертот ќе настапат Брас квинтет (Стефан Илиев – труба , Јордан Колевски – […]

Претпладне облачно, попладне сончево и потопло


Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, на крајниот југоисток со слаб дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 17 февруари 2022 година, 48-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 317 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 29 минути, а ќе зајде во 17 часот и 7 минути. Денов трае 10 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Грција дополнително ги олабавува мерките


Грција – Поголемиот дел од мерките во Грција воведени пред Нова година, постепено се укинуваат, па така, дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо […]

Линда Евангелиста вели дека завршила со „криење“ откако CoolSculpting ја „деформира“


САД– Линда Евангелиста, која минатиот септември призна дека била „обезличена поради неуспешна естетска операција“ во 2015 година, првпат го покажа својот нов изглед. Досега, манекенката која е среде шестото десетлетие од својот живот, наводно не сакала да се појави во јавноста поради операцијата. Во својата прва фотосесија „по шест години самотија“, таа се најде на […]

Сали – Клуге: Македонија посветена на инвестирање во здравствените реформи


Министерот за здравство Беким Сали денеска одржа онлајн средба со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која изрази благодарност за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата и во заедничката подготовка на „Патоказот со земјите од Западен Балкан“.   – Република Северна Македонија е посветена […]

За проекти од национален интерес во културата 1,053 милијарда денари


Во текот на денешниот ден на веб страницата на Министерството за култура ќе бидат објавени резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Најмногу средства за оваа годишна програма се издвоени за музичка, издавачка и драмската дејност. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на […]

Костадиновска-Стојчевска: Се врши исплата на јануарските плати во фази, никој нема да остане без плата


Во овој момент Министерството за култура врши исплата на јануарските плати во фази. Исплатата зависи од динамиката на анализите, но Министерството не го крши Законот за работни односи и никој нема да остане без плата, посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во врска со денешната реакција на Синдикатот за култура, во која се вели дека […]

Изабел Ипер ја доби „Златната мечка“ за животно дело на Берлиналето


Германија– Француската глумица Изабел Ипер вчера ја доби почесната „Златна мечка“ за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал. Актерката се вклучи во свеченоста на доделувањето преку видеоврска од нејзиниот дом во Париз, бидејќи мораше да го откаже своето првично планирано патување на Берлиналето зашто е позитивна на коронавирус, како што соопштија и организаторите. Ипер зад себе […]

Армани и Шанел на црвениот килим на наградите „Гоја“ во Шпанија


Шпанија – Хавиер Бардем ја освои наградата за најдобар актер на 36. Гоја награди, врвни филмски признанија во Шпанија, што се одржаа во Валенсија во саботата вечерта, додека австралиската актерка Кејт Бланшет во тоалета со кристали на „Армани“ ја однесе дома првата Интернационална Гоја. Бардем ја освои седмата Гоја за неговата улога во сатирата на […]

Напитоци што ги топат мастите кај стомакот


САД– Пијалаците полни калории и шеќер може да придонесат за создавање масни наслаги на стомакот. Затоа, важно е што се пие, а стручњаците издвојуваат пет напитоци кои може да го забрзаат топењето на мастите кај стомакот. Напитоци без калории Зашеќерните пијалаци го покачуваат шеќерот во крвта, како и количината маснотии во стомакот. За противтежа се препорачуваат […]

Следува период на сончево време со повисоки температури, од недела повторно заладување


Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување, најавуваат од УХМР. Времето денеска е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. […]

„Кога изгледаш добро, се чувствуваш добро“- Ријана за смелата мода во бременоста


САД– Ријана е добро позната по неверојатните модни изгледи што ја опфаќаат нејзината кариера, но таа е подготвена да дочека во нова ера на стил: модниот изглед во бременоста. Во петокот, 11 февруари, пејачката и претприемачот излезе на настанот Fenty Beauty Universe во Лос Анџелес. На црвениот килим, таа им се отвори на People за […]

Семејството на Хачинс го тужи Алек Болдвин за убиството на сетот


САД– Сопругот на снимателката која загина за време на снимањето на филмот „Rust“, поднесе тужба против актерот Алек Болдвин и други лица одговорни за безбедноста на снимањето. Станува збор за тужба за убиство од небрежност, поднесена во округот Санта Фе во име на Метју Хачинс и неговиот 9-годишен син, пишува „Ројтерс“. За време на снимањето […]

Кралицата наводно ќе плати дел од вонсудската спогодба на Ендру со Џуфре


Англија– Британската кралица Елизабета Втора наводно ќе плати дел од парите по спогодбата околу тужбата кон нејзиниот син – принцот Ендрју, објави британски „Телеграф“. И покрај тоа што најави дека ќе се бори против обвиненијата за сексуална злоупотреба и постојано кажуваше дека е невин, Ендру вчера се согласи да плати одредена сума пари за да […]

„Горчливите солзи на Петра фон Кант“ премиерно  во МНТ


На сцената на Македонскиот народен театар на 2 март, премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер, а во режија на Ивица Димитријевиќ. Како што соопштуваат од МНТ, текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска […]