Еминем, Снуп Дог и Фифти Сент- „Супербоул“ со музички спектакл


САД– Др. Дре, Снуп Дог, Кендрик Ламар, Мери Џеј Блајџ, Еминем и 50 Сент настапија на полувремето на годинешниот „Супербоул“  и направија историско шоу за паметење.

Полувремето на еден од најгледаните спортски настани во Америка, Супербоул, оваа година беше резервирано за најстариот тим на изведувачи досега, кои заедно имаат 286 години, пишува Дејли Мејл.

Шоуто го отвори легендарниот рапер и продуцент Др. Дре (56), кому прво на сцената му се придружија Снуп Дог (50) и Кендрик Ламар (34), а потоа Мери Џеј Блиџ (51), Еминем (49) и 50 Сент (46).

Др. Дре инаку е одговорен за успешните кариери на Снуп, Еминем, 50 Сент и Ламар, а тој го продуцираше и еден од најголемите хитови на Мери Џеј Блиџ, песната „Family Affair“.

Сите шест изведувачи заедно тежат 983 милиони долари.

Хип хоп легендите за 14 минути изведоа некои од најпознатите хитови кои ги одбележа, а социјалните мрежи го прогласија шоуто за „најдобро во историјат“.

Раперот Канје Вест, непрепознатлив, со црна маска, беше во публиката на најголемиот спортски настан во Америка, Супер Боул, со ќерката Норт и синот Сеинт. Кога камерите го снимија и го покажаа на големото платно, на стадионот одекнаа свирежи – неодобрување.

Супербоулот стана музички спектакл во 1993 година, кога настапи Мајкл Џексон. Џексон пееше микс од неговите најголеми хитови опкружен со 3.500 момчиња и девојчиња.

Адам Левин од „Марун 5“

После тоа, на сцената на Супербоул настапија многу светски ѕвезди од музичката индустрија, како Ролинг Стоунс, Брус Спрингстин, Мадона, Ред Хот Чили Пеперс, Бритни Спирс, Лејди Гага, Кети Пери, Пол Макартни, Колдплеј, Бијонсе и многу други.

Д Викенд, 2021
Шакира и Џеј Ло, 2019
Леди Гага
Мадона
Бијонсе и Бруно Марс, 2016
Џастин Тимберлејк, 2018