Германската министерка за Европа, Ана Лирман во посета на Македонија


Министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со …

Германската министерка за Европа, Ана Лирман во посета на Македонија Read More »

Бројот на активни случаи од 1 јануари зголемен за 11.000, процентот на позитивност викендов околу 22


Од почетокот на јануари 2022 година до вчера, за 16 дена, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент. Во претходното деноноќие беа регистрирани 1.348 нови случаи …

Бројот на активни случаи од 1 јануари зголемен за 11.000, процентот на позитивност викендов околу 22 Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено …

Променливо облачно со сончеви периоди Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 17 јануари 2022 година, 17-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 348 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 28 минути. Денов трае 9 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

Лазаров: Прифаќам критика, но убеден сум дека сме на добар пат


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, застана во одбрана на своите избраници и покрај двата пораза на стартот на Европското првенство. Лазаров верува во младите и очекува нивниот квалитет допрва да дојде до израз. – Уште од моето доаѓање на селекторската функција знам која ни е целта. Поразот од Црна Гора боли, но сакам …

Лазаров: Прифаќам критика, но убеден сум дека сме на добар пат Read More »

СЗО: Испорачана милијардитата вакцина од програмата Ковакс


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти  дека досега има испорачани една милијарда дози во рамките на програмата Ковакс. Од СЗО предупредуваат дека оваа бројка треба да биде пресвртницата и „потсетник за тоа колку останува да се направи“, по акумулацијата на залихите на вакцини во богатите земји, пренесуваат американските медиуми. СЗО прецизираше дека во вчерашната …

СЗО: Испорачана милијардитата вакцина од програмата Ковакс Read More »

Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“


„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде во фокусот на дискусиите на десеттата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“ што од утре ќе се одржува во Охрид. На собирот, организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето …

Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“ Read More »

Форбс: Наоми Осака е спортистка со најголема заработка


САД- Листата на најплатени спортистки доста се разниша. Има некои редовни, но се појавија и некои нови лица, кои покажуваат дека жените заработуваат големи пари на и надвор од теренот  благодарение на партнерствата и поддршката од големите брендови. Според Форбс, тенисерката Наоми Осака се најде на првото место со заработка од 57,3 милиони долари за …

Форбс: Наоми Осака е спортистка со најголема заработка Read More »

Нино Черути, италијанскиот иноватор на машка облека, почина на 91 година


Италија– Почина Нино Черути, италијанскиот моден дизајнер заслужен за револуција во машката облека во 1960-тите , кај кого го учеше занаетот и младиот Џорџо Армани, објавија италијанските медиуми во саботата. Тој имаше 91 година. Черути почина во северозападна Италија, каде што неговото семејство управуваше со текстилна компанија од 1881 година, објави италијанската новинска агенција LaPresse. …

Нино Черути, италијанскиот иноватор на машка облека, почина на 91 година Read More »

Бројот на новозаразени во Австралија првпат во последните пет дена под 100.000


Австралија – Дневниот број на заразени со Ковид-19 во Австралија денеска опадна под 100.000, прв пат во псоледните пет дена, а официјалните лица веруваат дека бранот од омикрон сојот се приближува до својот врв во Нов Јужен Велс, најтешко погодената земја на континетот. Австралиските власти во изминатите 24 часа регистрираа вкупно 85.824 случаи на инфекција, што …

Бројот на новозаразени во Австралија првпат во последните пет дена под 100.000 Read More »

Фенди ги предводи трендовите во Милано со женствени силуети за мажи


Италија – Се чини дека дизајнерите на миланска машка облека одлучија за одговорот, но останува прашањето: Дали пандемиските заклучувања ги охрабрија мажите да прифатат поженствена силуета, вклучувајќи здолништа, мини фустани и капути? Модната недела во Милано со прегледи за следната зима и есен продолжи вториот ден во саботата, при што гостите уживаа во пандемиската норма …

Фенди ги предводи трендовите во Милано со женствени силуети за мажи Read More »

Стоилов поради коронавирус го пропушта дуелот против Црна Гора


Кружниот напаѓач Стојанче Стоилов вечерва нема да може да и помогне на македонската ракометна репрезентација на натпреварот против Црна Гора поради позитивен тест на коронавирусот. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) спроти вториот натпревар на „црвено – жолтите“ на Европското првенство во Дебрецин соопшти вечерва дека Стоилов е позитивен на Ковид-19. – Денеска за жал ќе …

Стоилов поради коронавирус го пропушта дуелот против Црна Гора Read More »

Режисерот Дејан Ангелов селектиран во програма по повод 60 години од Светскиот ден на театарот


Театарскиот режисер Дејан Ангелов, како претставник од нашата држава, е селектиран да учествува на онлајн програмата „Emerging Artist Participating in the 2022 World Theatre Day Celebration“, која ќе се одржи на 27 март по повод 60 години од Светскиот ден на театарот. Програмата е иницирана и организирана од тимот на Германскиот центар ITI и International …

Режисерот Дејан Ангелов селектиран во програма по повод 60 години од Светскиот ден на театарот Read More »

Тениската легенда Крис Еверт се бори со рак на јајници во прв стадиум


Англија– Поранешната тениска ѕвезда Крис Еверт вели дека и бил дијагностициран рана фаза на рак на јајниците. 67-годишната Еверт ја откри болеста во приказна објавена во петокот на ESPN.com Таа дозна за ракот минатиот месец и почна да се лекува со хемотерапија оваа недела. „Живеев многу шармантен живот. Сега имам некои предизвици пред мене“, изјави …

Тениската легенда Крис Еверт се бори со рак на јајници во прв стадиум Read More »

Јована и Жељко Јоксимовиќ позитивни на коронавирус


Србија- Регионалната поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, ТВ-водителката Јована се позитивни на коронавирус. Според изворот, двојката е во изолација, која наскоро ќе истече, а двајцата постепено закрепнуваат. Жељко пред неколку дена го откажа дочекот на српската нова година, која беше закажана за 13 јануари на шеталиштето Сава. – Наша желба беше на граѓаните на …

Јована и Жељко Јоксимовиќ позитивни на коронавирус Read More »

Нови 1.732 случаи со Ковид-19, вкупно 13 починати и 1.035 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи со КОВИД-19, седум починати и 1.035 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 1.732 случаи во Скопје се 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – …

Нови 1.732 случаи со Ковид-19, вкупно 13 починати и 1.035 оздравени пациенти Read More »

Другаруваше со Џорџ Клуни, често кажуваше анегдоти- комеморација за Горјан Тозија


Со едноминутен молк, но и аплауз, денеска на комеморацијата која се одржа во Кинотеката, колегите, соработници и пријатели се простија од филмскиот продуцент Горјан Тозија – Медо (1954-2022). Тозија почина ненадејно по кратко боледување, а во својата обемна професионална биографија брои големи успеси во македонската кинематографија. Тозија секогаш на истиот начин се радуваше за секој …

Другаруваше со Џорџ Клуни, често кажуваше анегдоти- комеморација за Горјан Тозија Read More »

Хронологија на „случајот Ѓоковиќ“


Австралија– Австралиската Влада денеска втор пат му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, образложувајќи дека најдобриот светски тенисер, кој не е вакциниран против коронавирусот, може да претставува ризик за општеството во контекст на неговата намера да настапи на првиот календарски грен – слем турнир Австралија Опен, што од 17 до 30 јануари ќе се одржи во Мелбурн. …

Хронологија на „случајот Ѓоковиќ“ Read More »

Документарец на Си-Ен-Ен и ХБО за труењето на Навални


САД– „Си-ен-ен филмс“ и „Ејч-би-оу макс“ (ХБО Макс) синоќа најавија дека наскоро ќе започнат со емитување на документарен филм за Алексеј Навални, еден од најпознатите критичари на Кремљ. Филмот говори за труењето на опозиционерот, настан по кој тој речиси го загуби животот. Како што соопштија телевизиите, првата е голема американска национална кабловска мрежа, втората е …

Документарец на Си-Ен-Ен и ХБО за труењето на Навални Read More »

Културното богатство од Партенон треба да се врати, порача грчкиот премиер


Грција- По враќањето на мермерниот фрагмент од Партенон од Палермо во Атина, властите се надеваат дека тоа ќе го поттикне Британскиот музеј да го врати и делот што го има од античкиот храм. „Фаган фрагмент“, мермерен фрагмент од 12 на 14 инчи од стапалото на грчката божица Артемида, во понеделникот му беше даден на атинскиот …

Културното богатство од Партенон треба да се врати, порача грчкиот премиер Read More »