Кина очекува успешни зимски Игри и покрај стравот од Омикрон


Кина– Кина денеска призна дека новиот сој на коронавирус наречен Омикрон е синоним за дополнителни проблеми при организацијата на зимската Олимпијада, која ќе се одржи во Пекинг од 4 до 20 февруари, но истакна оти верува дека Игрите, сепак, ќе бидат успешни. – Тоа со сигурност ќе донесе нови предизвици, што се однесува до борбата против пандемијата. …

Кина очекува успешни зимски Игри и покрај стравот од Омикрон Read More »

Бесими: Поефикасен и праведен даночен систем за одржлив и забрзан раст


Министерството за финансии, заедно со Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува да работи на градење поефикасен и праведен даночен систем преку јасно дефинирани правила и принципи, што придонесува кон подобри јавни услуги, забрзан, инклузивен и одржлив раст на нашата економија, а со тоа и позадоволни даночни обврзници, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на одбележувањето …

Бесими: Поефикасен и праведен даночен систем за одржлив и забрзан раст Read More »

Талат Џафери ја доби јубилејната награда на Филозофскиот факултет во Скопје


По повод 100-годишнината од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје денеска беше доделена јубилејна награда на поединци, органи, организации и институции кои дале придонес за развојот и унапредувањето на Филозофскиот факултет, како и на организации со кои факултетот има остварено успешна и исклучителна соработка. – Денеска доделуваме награди постхумно на наши професори, големи имиња, да …

Талат Џафери ја доби јубилејната награда на Филозофскиот факултет во Скопје Read More »

Пад на индустриското производство во октомври


Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 …

Пад на индустриското производство во октомври Read More »

Писториус префрлен во друг затвор


Јужна Африка – Поранешниот параолимпискиот шампион Оскар Писториус е префрлен во затворот во Порт Елизабет каде ќе ги запознае родителите на Рив Стинкамп, неговата девојка, која ја уби во 2013 година. Средбата, како што објави Би-Би-Си, би можел да придонесе 35-годишниот Писториус да биде пуштен на условна слобода. Писториус првично беше осуден на петгодишна затворска казна поради убиство од …

Писториус префрлен во друг затвор Read More »

Бесплатно паркирање за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ


Лицата со оштетен слух ќе добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) на целата територија на Општина Центар. Од Општината инфомираат дека оваа привилегија на сите паркинзи на ПОЦ ќе може да ја користат сите лица кои поседуваат лекарска потврда за оштетен слух од над 90 отсто и сите …

Бесплатно паркирање за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ Read More »

Роналдо демантира ривалство со Меси во освојувањето награди


Франција– Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се осврна на коментарот на Паскал Фере, главниот уредник на списанието „Франс фудбал“, кое ја доделува „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, истакнувајќи дека новинарот лаже кога е во прашање неговото наводно ривалство со Лионел Меси. Фере за весникот „Њујорк Тајмс“ изјави дека единствената амбиција на Роналдо е да замине …

Роналдо демантира ривалство со Меси во освојувањето награди Read More »

Британските модни награди во знакот на Вирџил Абло (галерија)


Ким Џонс беше прогласен за дизајнер на годината , а Хилфигер ја доби наградата за извонредно достигнување синоќа на гала доделувањето во Лондон   Англија– Дизајнерите и славните личности му оддадоа почит на Вирџил Абло, синоќа,  на Британските модни награди во студениот Лондон , каде што починатата креативна сила на Луј Витон и Оф-Вајт беше …

Британските модни награди во знакот на Вирџил Абло (галерија) Read More »

Астрологија: 30 ноември е најнесреќниот ден во годинава


САД – Астролози велат дека овој турбулентен 30 ноември речиси на никого нема да му донесе пријатни нешта. Доколку владее чувство дека ништо не оди на добро, вината е во влијанието на планетите, пишува „Мондо“. Емоциите ќе се загреат до крајност – овој 30 ноември е најопасниот ден оваа година и затоа е многу важно да се …

Астрологија: 30 ноември е најнесреќниот ден во годинава Read More »

„Света Злата слави“ – концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ по повод јубилејот 25 години


Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова вечер во рамки на Есенските  музички свечености ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25-годишниот јубилеј од своето постоење. Концертот ќе се одржи  во терминот од 20:00 часот во Фоајето на Национална Опера и Балет. На концертот како гости ќе …

„Света Злата слави“ – концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ по повод јубилејот 25 години Read More »

Том Форд за „Куќата Гучи“: Со Маурицио соработував 4 години, многу интересен лик


САД- Том Форд неодамна го спореди своето искуство на гледање „Куќата Гучи“ со преживување на ураган. 60-годишниот моден дизајнер и режисер го сподели својот увид за филмот што беше отворен на национално ниво на 24 ноември во трајлер објавено од Air Mail Saturday. „Неодамна преживеав проекција на филмот кој трае два часа и 37 минути. …

Том Форд за „Куќата Гучи“: Со Маурицио соработував 4 години, многу интересен лик Read More »

Презентирана анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“


Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО) во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ја презентираа анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“. Во рамките на истражувањето се испитуваше довербата на граѓаните во демократските институции, како и во други чинители во политичкиот живот на државата и општеството, …

Презентирана анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“ Read More »

Директорот на Модерна смета дека постоечките вакцини ќе бидат помалку ефикасни против Омикрон


Англија – Извршниот директор на Модерна Стефан Бансел смета дека постоечките вакцини ќе бидат многу помалку ефикасни против сојот Омикрон и предупреди дека може да поминат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе делуваат против новата варијанта на коронавирусот. Бансел рече дека големиот број мутации на Омикрон и брзото ширење на …

Директорот на Модерна смета дека постоечките вакцини ќе бидат помалку ефикасни против Омикрон Read More »

Меси горд на рекордната седма „златна топка“


Франција– Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, рече дека е горд на освојувањето на рекордната седма „Златна топка“, по врачувањето на наградата за најдобар фудбалер во 2021 година на синоќешната церемонија во Париз. – Навистина сум горд што уште еднаш ја освоив „Златната топка“ на „Франс фудбал“. Чувството да се освои оваа награда по седми пат е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на моето …

Меси горд на рекордната седма „златна топка“ Read More »

Во Јапонија регистриран првиот случај на зараза со сојот Омикрон на коронавирусот


Јапонија– Во Јапонија е потврден првиот случај на зараза со сојот Омикрон на коронавирусот, откриен кај турист кој неодамна допатувал од Намибија. Секретарот на јапонската Влада, Хироказ Матсуно изјави дека пациентот има околу 30 години. Тој на 28 ноември е тестиран на аеродром и по позитивниот резултат е изолиран и редовно прима терапија. Кај него …

Во Јапонија регистриран првиот случај на зараза со сојот Омикрон на коронавирусот Read More »

Белата куќа блесна во божикен декор: Ова се подароците од срце (галерија)


САД– Белата куќа ги откри своите празнични украси за 2021 година засновани на темата „Подароци од срце“, бидејќи ги истакна работите што го обединуваат човештвото во време на длабока политичка поделба во Соединетите држави и предизвикана од Ковид-19. Белата куќа соопшти дека верата, заедницата, семејството, пријателството, уметноста, учењето, природата, благодарноста, услугата, мирот и единството се …

Белата куќа блесна во божикен декор: Ова се подароците од срце (галерија) Read More »

Границите на Австралија остануваат затворени до 15 декември


Австралија– Австралиската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници. Границите требаше утре да бидат отворени за вакцинираните биде утре е одложено за 15 декември. Исто така е одложено отворањето на границите за патниците од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември. …

Границите на Австралија остануваат затворени до 15 декември Read More »

Познатиот полски уметник Артур Жмијевски со самостојна изложба во МСУ


Утревечер, (1 декември) во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба „Демократии / Реализам“ на реномираниот полски уметник Артур Жмијевски, еден од најзначајните европски уметници од неговата генерација. Изложбата ја организира Музејот на современата уметност – Скопје во соработка со уметникот и Галеријата и фондација „Фоксал“ од Варшава. …

Познатиот полски уметник Артур Жмијевски со самостојна изложба во МСУ Read More »

Наградени шест автори од земјава и странство на Меѓународниот фестивал за кратки книжевни форми


Шест автори од земјава и странство се добитници на наградите од конкурсот на Меѓународниот фестивал за кратки книжевни форми, што го организираше Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје.  Творбите беа во шест категории: поезија, проза, есеј, критика, драма и творештво за деца, а единствен услов беше трудовите да не бидат поголеми од …

Наградени шест автори од земјава и странство на Меѓународниот фестивал за кратки книжевни форми Read More »

Русковска : Пожарот во автобусот започнал во багажниот простор над резервоарот


Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транс бил во еден од автобусите кои се враќале од кобната екскурзија од Истанбул. Неговите деца биле во четвртиот автобус. Но сите четири автобуси не возеле во конвој туку разделени па не ја виделе несреќата. Третиот автобус каде се случи страотниот пожар практично возел зад останатите. Овие сознанија за Телма …

Русковска : Пожарот во автобусот започнал во багажниот простор над резервоарот Read More »