Димитров во посета на Германија, ќе се сретне со министерката за Европа, Ана Лирман


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во посета на Сојузна Република Германија каде ќе се сретне со високи претставници на новоформираната германска Влада.   Меѓу другото, предвидена е средба со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од …

Димитров во посета на Германија, ќе се сретне со министерката за Европа, Ана Лирман Read More »

Активни 5.821 случај, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат


Бројот на активни ковид случаи во земјава, според извештајот на Институтот за јавно здравје објавен вчера, изнесува 5.821, а од направените 3.285 тестирања, регистрирани се 419 нови случаи, осум починати и 211 оздравени пациенти. Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и …

Активни 5.821 случај, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат Read More »

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво


Народната банка ги демантира информациите објавени на некои портали и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од централната банка. – Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните …

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво Read More »

Прогласување на најуспешните ТОП 100 компании


Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе ги прогласи најдобрите 100 успешни компании. Станува збор за традиционална манифестација со која Стопанската комора на северозападна Македонија секоја година ги наградува најуспешните компании кои изминатата година оствариле позитивни резултати. На настанот најавено е присуство на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан …

Прогласување на најуспешните ТОП 100 компании Read More »

Облачно, претпладне со сончеви периоди, попладне дожд


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од …

Облачно, претпладне со сончеви периоди, попладне дожд Read More »

Протуѓер сведочеше декa Груевски му кажал дека купил плац на Водно од 10 000 квадратни метри


Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, и негов некогашен најблизок соработник, ја потврди тезата на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Плацеви на Груевски“, сведочејќи дека Груевски лично му кажал оти купил плац од 10.000 квадрати.   Со тоа паднаа во вода статусите на Фејсбук на избеганиот Груевски од Будимпешта, во кои тврди …

Протуѓер сведочеше декa Груевски му кажал дека купил плац на Водно од 10 000 квадратни метри Read More »

Одобрени две инвестиции за фотонапонски електрани во вкупна вредност од 116 милиони евра


Владата на денешната седница одобри две инвестиции за соларни електрани во вкупен износ од 116 милиони евра. Како што информира владината прес-служба станува збор за фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати која ќе се гради во Делчево од страна на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје. Инвестицијата е вредна 63 …

Одобрени две инвестиции за фотонапонски електрани во вкупна вредност од 116 милиони евра Read More »

Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто се вакцинирани, а тоа е опасно за останатите членки


Белгија – Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто од возрасните се вакцинирани против Ковид-19, а тоа претставува закана за останатите европски земји. Тоа го нагласи денеска еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис. Таа истакна дека една третина од луѓето во ЕУ не се вакцинирани и тоа треба брзо да се промени. – Вакцините се …

Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто се вакцинирани, а тоа е опасно за останатите членки Read More »

Дрејк ги повлече номинациите за „Греми“


САД– Дрејк ги повлече своите неодамнешни номинации за Греми за најдобар рап албум за Certified Lover Boy и најдобра рап изведба за „Way 2 Sexy (со Future и Young Thug)“, потврди EW. Извор кој знае за одлуката на Дрејк изјави за EW дека потегот бил заеднички направен од раперот и неговиот менаџмент. За возврат, Академијата …

Дрејк ги повлече номинациите за „Греми“ Read More »

Унгарскиот заменик министер за правда поднесе оставка поради сомневање за корупција


Унгарија– Унгарскиот заменик министер за правда Пал Волнер денеска поднесе оставка откако Обвинителството објави дека е осомничен за примање мито и други дела. Веднаш штом Обвинителството побара да му се одземе пратеничкиот имунитет на Волнер, тој објави дека ги напушта сите политички функции, иако негираше дека е виновен. Претходно денеска, Обвинителството соопшти дека Волнер, член …

Унгарскиот заменик министер за правда поднесе оставка поради сомневање за корупција Read More »

НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“


Со цел да се доближи повеќе до своите клиенти и да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, НЛБ Банка,  во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започна промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг. Согласно својата стратегија за општествено одговорно делување, …

НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“ Read More »

Видеозаписи со поезијата на Конески во годината посветена на великанот на македонската култура


Во рамки на Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, Министерството за култура реализираше видео-материјал со поезијата на Блаже Конески на седум јазици: македонски, албански, босански, влашки, ромски, српски и турски јазик. Националната програма е усвоена од Владата на Република Северна Македонија и е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на …

Видеозаписи со поезијата на Конески во годината посветена на великанот на македонската култура Read More »

Полска од 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за одделни сектори


Полска – Полска оd 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците, медицинските работници, полицијата, армијата, пожарникарите и за лица кои работат како обезбедување. Министерот за здравство Адам Њељски изјави дека по 1 март задолжителната вакцинација ќе биде услов за извршување на работата во наведените сектори. Тој посочи дека Полска, поради континуираното високо ниво на дневни …

Полска од 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за одделни сектори Read More »

Уапсен еден од осомничените за убиството на саудискиот новинар Кашоги 


Франција– Калид Аед Алотаиби, осомничениот член на групата кој го изврши убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година, е уапсен денеска на аеродромот Шарл де Гол во Париз, јавија француските медиуми повикувајќи се на судски и аеродромски извори. Приведувањето е спроведено по распишана потерница од Турција во 2019 година. Тој е поранешен саудиски …

Уапсен еден од осомничените за убиството на саудискиот новинар Кашоги  Read More »

Ѓоковиќ меѓу учесниците на АТП купот во Сиднеј


Австралија – Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот репрезентативци за настап на претстојниот АТП куп во Сиднеј, закажан од 1. до 9 јануари, објавија денеска австралиските организатори. Освојувачот на 20 гренд-слем титули претходно го доведе во прашање својот настап на првиот календарски Гренд слем турнир Австралија опен, одбивајќи да одговори дали е вакциниран против …

Ѓоковиќ меѓу учесниците на АТП купот во Сиднеј Read More »

Регистрирани 375 позитивни на Ковид и вкупно 16 починати 


Од направени се 2.744 тестирања во изминативе 24 часа, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.   Во Скопје регистрирани се 180 позитивни на Ковид, во Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – …

Регистрирани 375 позитивни на Ковид и вкупно 16 починати  Read More »

Скопје попладнево блокирано со часови


Попладнево сообраќајот во Скопје беше блокиран. Редици автомобили создадоа густ метеж во центарот на градот во критичните часови кога граѓаните си заминуваат од работа, при што за растојанија што вообичаено се минуваат за 5, до 10 минути, потребен е цел час. Верижниот судар кај Мавровка попладнево, со четири повредени лица, а во несреќата учествувале пет …

Скопје попладнево блокирано со часови Read More »

Данскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19


Данска – Данскиот министер за здравство Магнус Хојник е позитивен на Ковид-19 и е во самоизолација во хотел во Брисел, соопшти Министерството. Хојник останал во својата хотелска соба и не бил во контакт со други министри, соопштија од данската постојана мисија во Европската унија. Хојник (46) пристигна во Брисел вчера вечерта и е позитивен денеска од …

Данскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19 Read More »

Минатата недела намален бројот на новозаболени за 17,3 и на смртни случаи за 30,6 отсто


Во периодот од 29 ноември до 5 декември тестирани се вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3 отсто во …

Минатата недела намален бројот на новозаболени за 17,3 и на смртни случаи за 30,6 отсто Read More »

Претставите „Имагинарен, ти“ и „Јовано, Јованке“ на МОТ


Програма на 46. МОТ за 7.12.   7 декември (вторник)   Имагинарен, ти режија: Блерим Дарлишта   време: 20:00 / локација: МКЦ, сала Фросина   Дардани е поранешен војник на Jугословенската армија, кој во текот на 90-тите се приклучил на Хрватската армија, а потоа и на Ослободителната војска на Косово. Дардани ги објавува своите сеќавања …

Претставите „Имагинарен, ти“ и „Јовано, Јованке“ на МОТ Read More »