Скопје попладнево блокирано со часови


Попладнево сообраќајот во Скопје беше блокиран. Редици автомобили создадоа густ метеж во центарот на градот во критичните часови кога граѓаните си заминуваат од работа, при што за растојанија што вообичаено се минуваат за 5, до 10 минути, потребен е цел час.

Верижниот судар кај Мавровка попладнево, со четири повредени лица, а во несреќата учествувале пет возила, дополнително ја влоши состојбата на и онака густиот сообраќаен метеж.