Ријана тајно роди син


САД– Пристигна најочекуваното бебе во шоубизнисот! Поп-ѕвездата и милијардерка Ријана и A $AP Роки станаа родители на машко бебе пренесува TMZ. Детето, според доверливи информации, е родено на 13 мај во Лос Анџелес, а неговото име се уште не е познато. Entertainment Tonight, пак, дознава дека Роки бил на породувањето и дека целото семејство сега […]

Кејт меѓу Том и Вилијам- лондонска гала премиера на „Топ Ган-Маверик“


Англија- Синоќешната премиера не беше првпат Кејт и Вилијам да го гледаат Маверик. Том Круз претходно ги покани на специјална проекција на продолжението на култниот филм од 1986 година. Принцот Вилијам е голем обожавател на Топ Ган, па не е чудно што тој и војвотката Кејт без многу размислување ја прифатија поканата за британската премиера […]

Хрватски остров се продава за 700.000 евра


Хрватска – Малиот приватен јадрански остров Мали Космач во Хрватска, во подрачјето Сплит-Далмација, се продава за 700.000 евра, според агенцијата за недвижности цена што може да достигне и до еден милион евра, објави загрепската телевизија Н1. Островот има површина од 5.000 квадратни метри и е во сопственост на жител на градот Винишче. Понуден е на пазарот […]

„Скокни“- светскиот уметник Ахмет Огут со изложба во МСУ ќе не потсети на солидарно Скопје


Во Музејот на современата уметност – Скопје на 26 мај, четврток, во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на еден од значајните уметници на интернационалната сцена, Ахмет Огут. Кураторки на изложбата насловена како „Скокни!“ се Мира Гаќина и Јованка Попова. Како што е најавено, пред официјалното отворање на изложбата, истата вечер публиката ќе може […]

„Гучи“ и понатаму е највреден италијански бренд


Италија- Гучи ја потврди својата врвна позиција во рангирањето на Топ 30 највредни италијански брендови BrandZ 2022 според Kantar, кое ја мери вредноста на брендовите со комбинирање на финансиски податоци со истражување на капиталот на брендот. Модната куќа води на листата четврта година со вредност на брендот што се зголеми за 12 отсто на 37,9 […]

Министерката за одбрана Петровска во официјална посета на Бугарија


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството и од Армијата денеска престојува во еднодневна официјална посета на Бугарија. По официјалниот пречек со највисоки воени почести, министерката Петровска ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана, […]

Концерт на ансамблот „Б.Ц. Брас“ во Филхармонија


Во малата сала на Филхармонија, љубителите на звукот на лимените дувачки инструменти вечер ќе можат да го проследат настапот на ансамблот „Б.Ц. Брас“ (Balkan Connection Brass). Ансамблот ќе настапи со својата нова програма насловена како „Опера Брас“, која ќе ѝ овозможи на публиката да ги слушне најпознатите оперски арии и увертири, изведени со сосема поинаков, […]

Промоција на проектот „Вакцинирано население е заштитено од Ковид-19“


Организацијата на жени Турчинки „Дерја“ и ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ денеска во поликлиниката „Чаир“ ќе го означат почетокот на проектот „Вакцинирано население е заштитено од КОВИД-19“. Се очекува проектот да придонесе кон зголемена свест за превенција од КОВИД-19 кај населението од  сите етнички заедници кои живеат во општините на Град Скопје преку одржување на едукативни […]

Канада го забрани достапот на „Хуавеј“ до 5Г мрежите


Канада– Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да го забрани пристапот на кинеската меѓународна корпорација „Хуавеј технолоџис“ – најголемиот светски производител на комуникациска опрема, до следната генерација мобилни мрежи во Канада. Развојот на 5-Г мрежата, тн. мрежи од „петтото поколение“, ќе им овозможи на корисниците побрзи интернет-врски. Тоа ќе обезбеди огромен капацитет за податоци како […]

Матурска парада на плоштадот „Македонија“


По двегодишна пауза заради ковид-пандемијата, денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи „Матурската парада“. На парадата ќе учествуваат матуранти од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС […]

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби се сели во Белата куќа


САД– Портпаролот на Пентагон Џон Кирби ќе се пресели во Белата куќа и ќе стане дел од главниот комуникациски тим на американскиот претседател Џозеф Бајден, објавија медиумите во САД. Дел од главниот тим за комуникација со медиумите се и портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и Кејт Бедингфилд. Пентагон одби да ги коментира наводите на американските […]

Најскапата карта на „Луфтханза“ чини 22.700 евра


Германија– Билет во двонасочна насока, во прва класа од Сан Франциско до Франкфурт во мигов е најскапиот продаден од германската „Луфтханза“ – за неверојатни 24.000 долари (22.700 евра), соопшти шефот на авиокомпанијата, додавајќи дека местата за неа постојано се распродаваат. Карстен Шпор, извршен директор на „Дојче Луфтханза АГ“, ја наведува „астрономската“ цена како пример за тоа […]

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина


Германија – Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина. Мислам дека […]

„Самогласки во лет“, самостојна изложба на Кристина Зимбакова во Солун


Самостојна ликовна изложба од Кристина Зимбакова насловена „Самогласки во лет“ денеска ќе биде отворена во Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција. Ликовната изложба се одржува во рамките на меѓународниот Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантицизмот“ и ја сочинуваат слики поттикнати од творештвото и писмата на Плат – клучна американска поетеса на дваесеттиот век. Делата се создадени во […]

Одбележување на Светскиот ден на пчелите


Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија во земјава и Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија, во соработка со Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево и Здружението на пчелари од Брегалничкиот регион Меден Исток, денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на пчелите. На настанот што ќе се одржи во Едукативниот […]

Османи во Торино на сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа


Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Торино ќе учествува на 132-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На Министерската сесија, со која претседава Италија, ќе учествуваат министрите за надворешни работи на 46-те земји членки на најстарата европска организација за човекови права, демократија и владеење на правото. На сесијата, се […]

Висока мода и рокенрол: Миуча Прада и Баз Лурман се здружија за „Елвис“


Италија- Долгоочекуваниот биографски филм на Баз Лурман „Елвис“ ќе има свој дел од високата мода, благодарение на Прада и Миу Миу. Миуча Прада уште еднаш го позајми својот талент за винтиџ мода и софистициран блинг – кои особено добро резонираат со стилот на музичката легенда и крал на рокенролот Елвис Присли и неговата сопруга Присила […]

Презентација на средства и опрема користени во воената вежба „Swift Response 22“


Во близина на градскиот стадион во Штип, денеска ќе има отворена презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22“. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена […]

Светски ден на метрологијата


Во Скопје денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на метрологијата – 20 мај. На одбележувањето што го организиран Бирото за метрологија, ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорото на ЕУ во Скопје Дејвид Гир и директорката на Бирото, Мерита Мустафаи. Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската конвенција во која членува […]

„Градиднина“ – нова пермакултурна градина во МКЦ


МКЦ денеска ќе го отвори новиот зелен простор наречен „Градиднина“, пермакултурна градина во Скопје, создадена за поддршка на широки иницијативи во зародиш. – Изградбата на просторот е резултат на учеството на МКЦ во меѓународниот проект насловен „Big Time Takeover“ развиен преку „Еразмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската […]