Промоција на проектот „Вакцинирано население е заштитено од Ковид-19“


Организацијата на жени Турчинки „Дерја“ и ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ денеска во поликлиниката „Чаир“ ќе го означат почетокот на проектот „Вакцинирано население е заштитено од КОВИД-19“.

Се очекува проектот да придонесе кон зголемена свест за превенција од КОВИД-19 кај населението од  сите етнички заедници кои живеат во општините на Град Скопје преку одржување на едукативни работилници, печатење на флаери и нивна дистрибуција меѓу населението. Во проектот се вклучени и доктори од Здравствен дом Скопје кои преку едукација ќе придонесат за поголема свесност и едуцираност на населението за значењето на примањето на вакцината за да се заштитат од КОВИД-19.

Проектот, кој е поддржан од Град Скопје се спроведува од 21 април и ќе трае до 21 септември годинава.