Кејт меѓу Том и Вилијам- лондонска гала премиера на „Топ Ган-Маверик“


Англија- Синоќешната премиера не беше првпат Кејт и Вилијам да го гледаат Маверик. Том Круз претходно ги покани на специјална проекција на продолжението на култниот филм од 1986 година.

Принцот Вилијам е голем обожавател на Топ Ган, па не е чудно што тој и војвотката Кејт без многу размислување ја прифатија поканата за британската премиера на продолжението на култниот филм, Top Gun: Maverick.

Премиерата на која се појавија сите ѕвезди на филмот се одржа на лондонскиот Лестер Сквер, а Кејт и Вилијам прошетаа на црвениот тепих со главниот лик на филмот, Том Круз. Актерот во еден момент и подаде рака на војвотката за да и помогне да се качи по скалите.

Потоа ги запознале Џенифер Конели, Мајлс Телер и другите актери од филмот.

Кејт носеше долг црно-бел фустан со спуштени раменици со потпис на Роланд Муре. Ја пикна косата зад ушите за да се истакнат висечките обетки со ѕвездички.

Вилијам, пак, се одлучи за класичен смокинг, но темата на вечерта ја следеше со чевлите. Така тој носеше модни мокасини Crockett & Jones со извезен американски борбен авион F18. Самиот принц беше пилот на кралското воздухопловство, па не е ни чудо што овој филм го освои, а продолжението го гледаше два пати.

‘Имаме многу заеднички работи. И двајцата ја сакаме Англија, двајцата сме авијатичари и сакаме да летаме“, рече Круз за принцот.

Премиерата на филмот беше организирана од Paramount Pictures и The Film and TV Charity, добротворна организација која им помага на сите оние кои работат на сетови на британски филмови, а имаше многу работа во последниве години откако постоењето на филмските работници беше загрозено од пандемија на коронавирус.

Најочекуваната филмска премиера на годината, продолжението на легендарниот блокбастер „Топ Ган-Маверик“, се одржа во четвртокот.  надвор од официјалната конкуренција на 75. Кански филмски фестивал.

Оваа премиера ја чекавме повеќе од три децении, а воедно беше свечена светска премиера на 75. Кански филмски фестивал. Поради второто продолжение на блокбастер филмот „Топ Ган“, кој ја одбележа филмската историја и популарната култура во осумдесетите, половина Холивуд пристигна на Азурниот брег, а на црвениот тепих главни ѕвезди беа главните актери Том Круз и Џенифер Конели.

Актерите од „Топ Ган- Маверик“

Невидена возбуда и врескање на насобраната публика не се стандардни сцени на најголемиот и највлијателен филмски фестивал во светот, каде т.н. сериозна филмска продукција секоја година се натпреварува за големи награди во форма на Златна палма.

Том Круз и Џенифер Конели во дневно издание пред премиерата

Затоа продуцентите на „Top Gun Maverick“, кој следната недела ќе оди во светските кина, го избраа Канскиот филмски фестивал за прво јавно прикажување.

Француските Alpha Jets Patrouille de France летаат за време на премиерата на „Топ Ган Маверик“

Во Синплекс во Скопје филмот ќе се прикажува од 25 мај.