Ријана тајно роди син


Ријана позира за Вог со првиот син

САД– Пристигна најочекуваното бебе во шоубизнисот! Поп-ѕвездата и милијардерка Ријана и A $AP Роки станаа родители на машко бебе пренесува TMZ. Детето, според доверливи информации, е родено на 13 мај во Лос Анџелес, а неговото име се уште не е познато. Entertainment Tonight, пак, дознава дека Роки бил на породувањето и дека целото семејство сега се одмара во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

“Тие не се мрдаат еден од друг, не можат да бидат посреќни. Таа долго време се радува на мајчинството, а тоа момче ќе ги има најдобрите модни комбинации”, рекол изворот.

Ријана за „Вог“

Тоа е прво дете на познати музичари, кои биле пријатели со години пред да се роди љубов меѓу нив. Јавно ја потврдија љубовната врска во 2020 година.

Дека бебето пристигнува беше објавено во јануари со серија фотографии направени на снежните улици на Харлем, населбата во Њујорк каде што е роден и израснат Роки.

За време на бременоста, Ријана во неколку интервјуа зборуваше за нејзините надежи и очекувања од мајчинството.

“Ова е многу возбудливо патување. Впивам сè како што доаѓа од недела во недела. Секогаш има нешто ново овде, а јас апсорбирам сè и уживам во тоа”, изјави таа за Entertainment Tonight во февруари.

 

Таа ги коментираше и смелите модни комбинации кои ги носеше за време на бременоста.

„Модата е една од моите омилени работи, па затоа пркосам на тоа што сум бремена . Понекогаш ми е незгодно, па се облекувам како што сакам“, рече таа.

“Кога дознав дека сум бремена, мислев дека нема шанси да купам трудничка облека. Извинете, но ова е премногу забавно за да се закопчам. Тој дел од мене нема да исчезне само затоа што моето тело се менува“, повтори таа во друго интервју.