Симболично сечење на бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик


Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска во 12 чаот ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња. Прославата по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје. – …

Симболично сечење на бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик Read More »

Бајден им се заблагодари на американските војници ширум светот 


САД – Американскиот претседател Џозеф Бајден го одбележа својот прв Божик на функцијата разговарајќи, преку видео врска, со припадниците на американската армија стационирани ширум светот, заблагодарувајќи им се за нивната храброст со пораката дека тие се „цврстиот, челичен рбет на нацијата“. Во присуство на неговата сопруга Џил, претседателот и врховниот командант на САД денеска преку видео …

Бајден им се заблагодари на американските војници ширум светот  Read More »

„Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“- монографија и документарец


Монографијата насловена „Македонскиот сон: Ние сме светски шампиони“ и истоимениот документарен филм, посветени на успесите на македонските борачи од БК „Бучим-Јака“ од Радовиш, кои во 1995 година станаа европски клупски шампиони, ќе бидат промовирани денеска во 18 часот во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Автори на монографијата се Ванчо Чифлиганец и Славчо Тодоров, а документарниот филм е во …

„Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“- монографија и документарец Read More »

Бројот на активни Ковид-случаи под 5 000, не се предвидуваат дополнителни мерки


Бројот на регистрирани активни случаи на Ковид-19 во земјава вчера падна под 5 000, а намален е и на околу пет проценти бројот на позитивни на вирусот од направени анализи. Во вчерашниот Ковид-билтен од направени 4.572 тестирања регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19, 717 оздравени пациенти, како и 15 починати лица, од кои седум …

Бројот на активни Ковид-случаи под 5 000, не се предвидуваат дополнителни мерки Read More »

Леброн Џејмс го престигна Коби Брајант и се искачи на врвот по поени во историјата на НБА на Божик


САД– Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на врвот на листата по поени во историјата на НБА-натпреварите играни на Божик. Во натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Бруклин (115:122) одигран ноќеска, Леброн постигна 39 поени и стигна до 422 со што го надмина поранешниот член на Лејкерс, Коби Брајант, кој кариерата ја …

Леброн Џејмс го престигна Коби Брајант и се искачи на врвот по поени во историјата на НБА на Божик Read More »

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески


Во изложбениот салон од Центарот за култура во Кичево, пред поголем број претежно млади од градот, беше отворена изложба на фотографии од македонската музичка икона Тоше Проески. На изложбата се поместени 20 фотографии што се дел од поставката од Спомен куќата на Тодор Проески во Крушево. За отворена изложбата ја прогласи портпаролката на Центарот за …

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески Read More »

Претежно облачно со локален дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде …

Претежно облачно со локален дожд Read More »

АТП: Вакцинирани 95 отсто од најдобрите светски тенисери


Англија – Вакцинирани против коронавирус се вкупно 95 од 100. најдобро рангирани светски тенисери, изјави денеска првиот човек на АТП Тур, Сајмон Хигсон. Извршниот директор на АТП Тур наведе на Твитер дека само пет играчи од Топ 100 најдобри не примиле вакцина против Ковид-19, без да го наведе нивниот идентитет. – Нашите најнови бројки за првите …

АТП: Вакцинирани 95 отсто од најдобрите светски тенисери Read More »

Скулптура на Никола Смилков дел од уметничкото биенале на Зимските олимписки игри во Пекинг


Скулптурата „Копнеж“ на познатиот македонски скулптор и универзитетски професор Никола Смилков ќе биде изложена на Интернационалното уметничко биенале, кое е дел од културните активности на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг. Смилков за МИА вели дека неговото дело е селектирано за учество на престижното 9-то Интернационално уметничко биенале во Пекинг, што ќе се одржи од …

Скулптура на Никола Смилков дел од уметничкото биенале на Зимските олимписки игри во Пекинг Read More »

25 години од снимањето на „Самоуништување“-четврт бурек со јогурт и четврт век со пелин


Пролетта 1996 година, во скопската киносала „Центар“ премиерно беше прикажан филмот САМОУНИШТУВАЊЕ во режија на Ербил Алтанај, по сценарио на Сашко Насев, со Јовица Михајловски во главната улога. 25 Години подоцна се обидуваме да ја „измериме“ неговата важност во македонската кинематографија и културната јавност. *   *   * САМОУНИШТУВАЊЕ Игран филм, Македонија 1996, 97 мин., колор, …

25 години од снимањето на „Самоуништување“-четврт бурек со јогурт и четврт век со пелин Read More »

Светот во 2021: Упад во Капитол – речиси една година подоцна


САД– 6 јануари 2021 година ќе остане забележан како мрачен ден во американската историја. И речиси една година подоцна, бавните тркала на правдата продолжуваат да се вртат додека Американците чекаат да видат што ќе се случи следно. Во меѓувреме, властите минуваат низ една од најголемите кривични истраги во американската историја – па можеби ќе помине …

Светот во 2021: Упад во Капитол – речиси една година подоцна Read More »

Светот во 2021: Тешка година за Аунг Сан Си Чи и демократијата во Мјанмар


Мјанмар– „Не ги расипува луѓето моќта, туку стравот. Стравот од губење на моќта ги расипува оние кои се на власт, а стравот од злоупотреба на моќта оние со кои се владее“. Со овие зборови нобеловката од Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, го почна својот говор во 1990 година кога како млада жена, активистка, политичарка, демократка …

Светот во 2021: Тешка година за Аунг Сан Си Чи и демократијата во Мјанмар Read More »

Битиќи : Во 2021 економијата можеше да продуцира многу повеќе, но се случија глобални кризи


Годината што изминува е година во која го започнавме опоравувањето, но за жал изгубивме и одредени можности поради глобалните кризи. Можевме многу повеќе, можеше економијата да продуцира многу повеќе, но се случија надворешни фактори на кои не можевме да влијаеме, вели вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното …

Битиќи : Во 2021 економијата можеше да продуцира многу повеќе, но се случија глобални кризи Read More »

Прослава на Божиќ според Грегоријанскиот календар втора година по ред во сенка на пандемијата


Англија–  Неколку милијарди луѓе денеска го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, но прославата е под сенка на пандемијата на коронавирусот втора година по ред, особено поради појавата на новиот сој Омикрон. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ќе служи миса и ќе се обрати на традиционалната божиќна „Порака до градот и светот“ (Urbi et …

Прослава на Божиќ според Грегоријанскиот календар втора година по ред во сенка на пандемијата Read More »

Кавадарци одбележува 78 години од раѓањето на Зафир Хаџиманов


Кавадарци денеска одбележува 78 години од раѓањето на Зафир Хаџиманов – музичар, музички композитор, шоумен и актер. – Тој бил роден на денешен ден во 1943 година. По завршување на средното образование, завршил факултет за драмски уметности во Белград во 1967 година. Покрај тоа што беше музичар, имаше одиграно и неколку главни улоги во македонски …

Кавадарци одбележува 78 години од раѓањето на Зафир Хаџиманов Read More »

За два месеци во Амбасадата во Виена издадени 200 пасоши


Од 20-ти октомври од кога стапи во функција базната станица во Амбасадата на Северна Македонија во Виена, нашата дијаспора во Австрија се стекнува со нови патни исправи по скратена постапка, која не трае повеќе од еден месец. Како што информира МНР, досега 330 наши државјани се сликаа, а 200 од нив веќе ги добиле новите …

За два месеци во Амбасадата во Виена издадени 200 пасоши Read More »

Војвотката Кејт свиреше пијано на божикниот концерт (видео)


Англија– Војвотката Кејт ја изненади јавноста и со тоа што ги покажа своите вештини за пијано на божиќниот концерт во петокот. Војвотката од Кембриџ му се придружи на Том Вокер за изведбата на „За оние кои не можат да бидат тука“ за време на концертот „Заедно на Божиќ“, кој се емитуваше на британската телевизија. Настапот …

Војвотката Кејт свиреше пијано на божикниот концерт (видео) Read More »

Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата


САД–  Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата ширум светот, потврдија воени претставници кои ги следат неговите движења. „Дедо Мраз го прави тоа со векови, тој е професионалец“, рече капетанот во канадската армија Александра Хејдук, портпарол на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Заедничката …

Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата Read More »

Американскиот воен брод ќе остане во заливот Гвантанамо поради заразени лица од екипажот со Ковид-19


САД –  Американски воен брод го одложи своето распоредување во Јужна Америка поради појава на Ковид-19 меѓу лицата од екипажот, соопшти американската морнарица. Бродот „Милвоки“ ќе остане во базата во заливот Гвантанамо на Куба, каде застана на планиран престој. Бродот се упатил на 14 декември од Мејпорт, Флорида кон регионот на Јужната американска команда. Морнарицата …

Американскиот воен брод ќе остане во заливот Гвантанамо поради заразени лица од екипажот со Ковид-19 Read More »

Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик


Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна света литургија. На литургијата присуствуваа определен број свештени лица и верници …

Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик Read More »