Филип Пасху нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје


Филип Пасху е новиот в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, соопшти Град Скопје.  Тој е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и …

Филип Пасху нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје Read More »

И Бени Шаќири ќе пее за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Град Скопје денеска ја објави програмата за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. За разлика од првичната најава, сега во програмата го има и Бени Шаќири кој ќе настапи од 22:30 до 23:30 часот. Бени, односно Арбен Шакири, беше кандидат за градоначалник на Град Скопје, но во вториот круг продолжија само Данела Арсовска …

И Бени Шаќири ќе пее за дочекот на Новата 2022 во Скопје Read More »

Годинава приведени скоро 300 криминалци во Скопје, барани со потерници


Скопската полиција изминатите 12 месеци приведе скоро 300 криминалци за кои претходно биле распишани потерници. Според податоците на МВР, во текот на 2021 година од страна на oрганизациските единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим -потраги се преземаа низа мерки и активности при што редовно се прибирале сознанија за лица кои се предмет …

Годинава приведени скоро 300 криминалци во Скопје, барани со потерници Read More »

ИФЈ: Оваа година загинаа 45 новинари


Белгија– Вкупно 45 новинари и медиумски работници загинаа оваа година, извршувајќи ги своите работни задачи, а повеќето од нив ги загубија животите во Авганистан, соопшти денеска Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ). ИФЈ, која претставува околу 600.000 медиумски професионалци низ светот, соопшти дека 45 новинари и медиумски работници биле убиени во 20 земји, од кои 33 …

ИФЈ: Оваа година загинаа 45 новинари Read More »

Џафери : Со дијалог треба да ги надминеме разликите со Софија


Јас сум подготвен, доколку има обостран интерес, во секој момент да остварам билатерална средба, било овде, било таму,  да се воспостави официјална меѓупарламентарна комуникација на највисоко ниво со новиот состав на бугарскиот Парламент со цел надминување на разликите кои што ги имаме по однос на определени прашања, во насока на деблокада на евроинтегративниот пат на …

Џафери : Со дијалог треба да ги надминеме разликите со Софија Read More »

Костов: Со почитување на мерките за празниците, не би требало да има зголемен број на позитивни од Ковид-19


 Со помош на вакцините и постоечките мерки, бројката на новозаболени од коронавирусот, после празниците не би требало да се зголеми, вели директорот на ГОБ „8 Септември”, д-р Кристијан Костов. Костов апелираше претстојните празници да се прослават во домашни услови и да се почитуваат мерките за носење маска и држење дистанца што е можно повеќе. -Секој …

Костов: Со почитување на мерките за празниците, не би требало да има зголемен број на позитивни од Ковид-19 Read More »

Пендаровски: Во 2022 година, со надеж и верба да изградиме просперитетно општество


Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија со желба за спокојни празнични денови и многу здравје во Новата 2022 година. -Испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи. Година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани, загуби какви што …

Пендаровски: Во 2022 година, со надеж и верба да изградиме просперитетно општество Read More »

Новата година дочекана и на Нов Зеланд


Нов Зеланд – По Самоа, Тонга и Кирибати, новата 2022 година е дочекана и на Нов Зеланд. Градскиот мост Харбор Бриџ во Оукланд и телекомуникациската и набљудувачка кула Скај Тауер беа украсени со празнично осветлување, а беше организиран и огномет, објави Би-Би-Си. Претходно, жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет …

Новата година дочекана и на Нов Зеланд Read More »

Пет лифтови направени според современи стандарди пуштени во употреба во ГОБ „8 Септември“


Пет нови лифтови направени според современите ЕУ стандарди од кои три болнички со носивост 1600 килограми и брзина на движење до 1,6 метри во секунда и два патнички се пуштени во употреба во Градската општа болница „8 Септември“, изјави денеска директорот на болницата, Христијан Костов. Тој посочи дека лифтовите се со многу подобри карактеристики отколку …

Пет лифтови направени според современи стандарди пуштени во употреба во ГОБ „8 Септември“ Read More »

Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка


Аргентина– Венецуелската атлетичарка во трискок Јулимар Рохас и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се најдобри спортисти во Јужна Америка за 2021 година, одлучи во својот избор Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Рохас (26) го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, а со скокот од 15,67 метри воедно го собори и 26 години стариот …

Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка Read More »

Пандемските ограничувања двојно го намалија бројот на жртви во авионски несреќи во 2021 година


Германија– Падот на глобалниот воздушен сообраќај поради пандемијата на коронавирус продолжи и оваа година, што резултираше со речиси двојно помал број на жртви во авионски несреќи, покажуваат податоците на истражувачкиот центар за несреќи ЈАЦДЕС. – Достапните податоци покажуваат 168 смртни случаи во 2021 година, речиси двојно помалку од бројот во 2020 година и 505 под …

Пандемските ограничувања двојно го намалија бројот на жртви во авионски несреќи во 2021 година Read More »

Авторот на „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун се спогоди на суд со екссопругата


САД – Авторот на „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун и неговата поранешна сопруга се согласија да го решат судскиот спор во кој таа тврдеше дека тој водел таен живот за време на нивниот брак, кој вклучувал неколку афери. Двојката се согласи доброволно да ја отфрли тужбата и „секое и сите барања и противтужби во …

Авторот на „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун се спогоди на суд со екссопругата Read More »

Новогодишно издание на „Стисни Плеј“- за оние кои прават разлика


Музичката емисија „Стисни Плеј“ веќе единаесет години го збогатува етерот со свој поглед на македонската музичка сцена преку каналите на Националниот Сервис, меѓутоа, низ годините оваа емисија прерасна во многу повеќе од само информативен магазин за актуелностите, туку истата доби димензија на вистински “ветер во грб“ за македонските артисти. Водени од синергијата со македонската музичка …

Новогодишно издание на „Стисни Плеј“- за оние кои прават разлика Read More »

Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа новата 2022 година


Жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет и петарди. Тие први во светот влегоа во новата година со огномет, а Самоа донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд за да направат огномет. По овие острови, Австралија влегува во новата 2022 година, исто така со огномет. Во огнометот во Сиднеј ќе бидат …

Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа новата 2022 година Read More »

Кансело повреден при грабеж во неговиот дом


Англија– Дефанзивецот на премиерлигашот Манчестер сити, Жоао Кансело, обелодени денеска дека бил жртва на грабеж при што му се нанесени и телесни повреди, илустрирајќи го инцидентот со своја фотографија објавена на Инстаграм на која фудбалерот има расекотина над десното око. – Ме нападнаа четворица страшливци, кои сакаа да нè повредат мене и моето семејство, а кога ќе …

Кансело повреден при грабеж во неговиот дом Read More »

Тони Михајловски ја напушта Македонија


Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил на Фејсбук објави статус во кој ја откри својата желба. „На 54 години првпат ми дојде желба да си заминам, да ја напуштам Македонија. И најверојатно ќе си ја исполнам таа желба“, напишал Михајловски на Фејсбук. Неговата објава предизвика лавина коментари и за само два часа од објавата привлече 1,1 …

Тони Михајловски ја напушта Македонија Read More »

Светот во 2022: Година во знакот на Зимските олимписки игри и Светското првенство во фудбал 


САД– Годината што доаѓа ќе биде во знакот на Зимските олимписки игри и Светското првенство во фудбал до изборите за Конгресот во САД. Всушност, ако пандемијата не е повторно доминантна. Пекинг е домаќин на Зимските олимписки игри во февруари. Масовен спортски настан ќе се одржи според некои од најстрогите правила од почетокот на пандемијата. Спортистите …

Светот во 2022: Година во знакот на Зимските олимписки игри и Светското првенство во фудбал  Read More »

Маричиќ: Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме, патот на реформите


Реформите во секторот не се ниту брзи, ниту едноставни. Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме. Патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во своето новогодишно видео обраќање, упатувајќи желби пред сè за добро здравје, успех, среќа и да имаме нова година исполнета со успеси на …

Маричиќ: Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме, патот на реформите Read More »

Русија тестираше 10 нови хиперсонични ракети


Русија– Русија тестираше десет нови хиперсонични крстосувачки ракети Циркон од една фрегата и уште две од една подморница, соопшти руската северна флота. Рускиот претседател Владимир Путин го пофали оружјето како дел од новата генерација на системи за оружје кои се без конкуренција. Путин го нарече ракетниот тест, извршен минатата недела, „голем настан во животот на земјата“, додавајќи дека тоа е „значаен …

Русија тестираше 10 нови хиперсонични ракети Read More »

РСБСП: За време на Новогодишните празници возете одговорно и безбедно


Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Од РСБСП препорачуваат во текот на Новогодишните празници да не се вози под дејство на алкохол. возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат правилата за нејзиното ограничување, …

РСБСП: За време на Новогодишните празници возете одговорно и безбедно Read More »