Словенечкиот министер за земјоделство поднесе оставка поради хотелска сметка


Словенија- Словенечкиот министер за земјоделство Јоже Подгоршек денеска поднесе оставка поради афера за неплаќање на една хотелска сметка. Според пишувањата на медиумите, Подгоршек во јануари годинава направил сметка од 800 евра во хотел во Бохињ, а по заминувањето не ја платил, туку тоа наводно подоцна наместо него го направил земјоделски комбинат со кој Министерството за […]

Се опремува концертната сала во битолскиот Офицерски дом


Концертниот клавир Безендорфер (Bösendorfer), донација од бизнисменот Трифун Костовски во 2002 година, по дведецении од досегашната локација во Завод и Музеј Битола е преместен во резидентната концертната сала на Офицерскиот дом во Битола. Од ЈОУ КИЦ-Битола истакнаа дека  постепено се создаваат услови за големи настани за љубителите на класичната музика и културата воопшто. -Со овој […]

Владата ќе одбележи 100 дена од мандатот со тематска седница и форум


Во пресрет на одбележувањето на 100 дена од мандатот на новата Влада, на 26 април ќе се одржи тематска владина седница, најави владината прес-служба. Дополнително, на 29 април, Владата организира Форум по повод одбележувањето 100 дена од мандатот  на кој се поканети претставници од медиумите, дипломатскиот кор, стопанските комори и граѓанските организации и здруженија. Настанот […]

Меси ова лето нема да го напушти ПСЖ, сака да ја освои Лигата на шампионите


Франција – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси и следната сезона сака да ја игра во францускиот клуб. Аргентинскиот напаѓач не планира да го напушти ПСЖ, објави според „Мундо Депортиво“. Меси е решен до крај да го одработи договорот, кој е со важност до 2023 година. – Лионел не ја загуби желбата да успее со парижаните […]

СЗО ја потврди делотворноста на еднодозната вакцина против ХПВ


САД – Вакцината со единечна доза против хуман-папилома вирусот (ХПВ) има потенцијал да ги промени „правилата на играта“, велат стручњаци од Светската здравствена организација (СЗО). Експертите од Стратешката советодавна група за имунизација при СЗО заклучија дека една доза од вакцината има споредлива делотворност со вакцините со две или три дози и нуди солидна заштита од вирусот. […]

Нови 127 случаи со Ковид-19, две починати лица 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи со КОВИД-19 и 123 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едното […]

Од роденден, до свадба: Се ожени актерот и пејач Драган Спасов-Дац


По една деценија љубов и заеднички живот, актерот Драган Спасов Дац и неговата партнерка Весна Терзиевска стапија во брак. Актерот денес го слави својот 59. роденден и по тој повод вчера организирал роденденска забава во еден скопски локал каде Дац има свирка. За среќата да биде двојна, неговата сакана Весна му приредила несекојдневно изненадување кое, дефинитивно, не го […]

Првата дама Ѓоргиевска се сретна со жени претприемачки: Тие се наши чувари на културното богатство


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во Скопје и Тетово оствари средби со жени претприемачки кои го негуваат и пренесуваат културното наследство преку изработка на уникатни ракотворби на традиционални македонски и албански народни носии. Посетата на жени претприемачки е во организација на Центарот за управување со промени по повод Денот на културното наследство и се реализира […]

Нуредини: Обновливите извори на енергија во фокусот на Владата


Фокусот на оваа Влада е насочен кон обновливи извори енергија, вклучително кон искористување на соларната енергија, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на денешниот форум во Скопје „Наше сонце, наша енергија, наши инвестиции“, чиј фокус е на можностите за инвестиции во соларна енергија во урбанизираниот простор, како и постапките и предизвиците […]

Саемот на книга отворен за групни и организирани посети на ученици


Саемот на книга, кој оваа година се одржува од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“ повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата. – Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители […]

Снег во Србија и во Босна и Херцеговина


БиХ – Снег денеска покри градови во Босна и Херцеговина, нешто што е невообичаено за втората половина од април, јави БХРТ. Седум сантиметри снег има во Ливно, осум во Чемерно. Во Сараево има само еден сантиметар снежна покривка. На Бјелашница има 94 сантиметри снег. Новите врнежи предизвикаа и зголемување на водостојот на дел од реките во […]

ЕУ засега не планира укинување на Ковид сертификатите


Белгија– Од Европската Комисија денеска порачаа дека е прерано да се укинат Ковид сертификатите иако тие сѐ помалку се користат во земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова денеска го изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, на редовниот брифинг за новинари во Комисијата. Законскиот предлог за Ковид сертификатите, со кои се […]

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ со овации во Битола – космополитско патување за сите сетила


Во Битола каде уметноста и културните збиднувања се на висок пиедестал, синоќа во Центарот за култура, уживаше во балетската изведба на Националната опера и балет на „Госпоѓиците од Авињон“ која ја однесе публиката на едно космополитско патување. Со извонредната балетска игра се истакнаа Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, […]

Македонскиот џез состав „Сетстат“  со концерт во Софија


Бугарија– Познатиот македонски џез состав „Сетстат“ којшто свири современ џез, вечер ќе одржи концерт на сцената на „Софија лајв клуб“, информира Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Групата, составена од познати музичари, Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел […]

Плеврис: Влегуваме во фаза на соживот со вирусот


Грција – Веќе влегуваме во фаза на соживот со вирусот, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис на денешната прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, додавајќи дека тие не веруваат во логиката и политиката „zero covid“, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис истакна дека „по две години пандемија, веќе се наоѓаме […]

„Фрајле“ со концерт на 18 јуни пред платото на НОБ


Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени… Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено. Имено, на 18-ти јуни пред […]

Празници со супер промоции во „Фешн Груп“ (галерија)


Дека секогаш најдобрите дизајнерски колекции можете да ги најдете на едно место веќе знаете, а она со што дополнително ја разубавуваме оваа среда е информацијата дека во Fashion Group почна меѓусезонското намалување до -30%! Со оглед на тоа што во понудата на групацијата долго време може да ги најдете колекциите на некои од најголемите „ит“ […]

Петар Ставрески ќе не претставува на Светското првенство на бармени во Куба


Петар Ставрески победи на 13-то Државно првенство на бармени и ќе ја претставува земјава на Светското првенство во Куба. Натпреварот што се одржа вчера во ресторанот „Фор“ е во организација на Здружението на бармени на Македонија, кое е член на Интернационалната асоцијација на бармени. – На натпреварот учествуваа 20 бармени од повеќе градови од Македонија. Тие ги […]

Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна и ќе достигне максимум 2,5 евра


Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во […]

Се санираат праисториски објекти во Музејот на вода кај Градиште


Конзерватори од Завод и музеј – Охрид работат на санација на реконструираните праисториски објекти од локалитетот Плоча – Миќов град во Заливот на Коските кај Градиште. Националната установа Завод и музеј информира дека во наредните месеци ќе се извршува континуирана обнова на сите оштетени делови од куќичките и огништата, кои се презентирани во комплексот. Планираните […]