Уапсен уште еден осомничен за исчезнувањето на британскиот новинар во Амазонија
Бразил– Бразилската полиција соопшти дека уапсила втор осомничен за исчезнувањето на британскиот новинар Дон Филипс и неговиот придружник Бруно Переира во амазонските шуми.
Во соопштението на Федералната полиција се вели дека Аутсен да Коста де Оливеира познат и како Дос Сантос, е привремено приведен поради сомнение дека е поврзан со случајот.
Полицијaта минатата седмица го уапси неговиот брат Амарилдо да Коста де Оливеира, познат и како Пеладо, во селото каде двајцата исчезнати пред десет дена беа видени последен пат.
Федералната полиција, исто така, соопшти дека запленила м униција.
Де Оливеира пред медиумите изјави дека во петокот го посетил неговиот затворен брат, кој му рекол дека бил измачуван од локалната полиција на неговиот брод што беше подоцна запленет од властите.