Кирјос се пласираше во четвртфинале на Вимблдон


Англија– Австралискиот тенисер со грчки корени Ник Кирјос се пласираше во четвртфинале на Вимблдон, откако во возбудлив натпревар го победи Американецот Брендон Накашима со 3-2 во сетови, односно 4-6, 6-4, 7-6, 3-6 и 6-2. Ова е второ четвртфинале во кариерата за Кирјос, откако до таков успех стигна и пред осум години, а следен противник ќе […]

Билатералниот протокол ќе биде објавен кога ќе биде финализиран како документ


Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме  имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и […]

Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус


Кина– Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават […]

Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата


Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот може да се преземе на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ […]

„Крута“- нов синг на Суперхикс (видео)


Ви го претставуваме првиот од неколкуте нови синглови на СУПЕРХИКС, снимени во текот на месец јуни оваа година во студиото ТРА ЛА ЛА на Мите Димовски, насловен како “КРУТА“. Уживајте во истиот и очекувајте го новиот студиски албум на Банда Инструментале а во меѓувреме се гледаме и на концерти ширум Македонија.

Македонија во група со Јужна Африка, Боцвана и Уганда. Почнува тенискиот куп Били Џин Кинг


  Започнува Купот Billie Jean King (поранешен Фед Куп) Група 3 од Евроафриканската зона. Натпреварите ќе се играат на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Градскиот парк. Ќе земат учество голем број на тенисерки од различни земји во светот, кои ќе се надигруваат во 4 групи. Северна Македонија е во Ц групата заедно со Јужна Африка, […]

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција


  Грција– Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од  Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис […]

Со Mастеркард од Комерцијална банка „Три пати плати и освој“ поврат на средства


Со минимум 3 трансакции од по најмалку 2.000 денари во ресторани, хотели или бензински пумпи со Вашата Debit Mastercard, Debit Mastercard World, Mastercard Standard, Mastercard Revolving, Mastercard Skopje City Mall или Mastercard Platinum, каде било во земјава, станувате потенцијален добитник на награда од 600 денари исплатени на Вашата сметка. Наградите ќе ги добијат првите 500 […]

Сончево и многу топло време, попладне нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето во земјава денеска и утре ќе биде многу топло, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за три до пет […]

Изложба во Париз ја истражува врската на Ив Сен Лоран со златото


Франција– Од копчињата на неговите легендарни сакоа до тоалети кои блескаат од глава до пети, златото ги истакнуваше колекциите на Ив Сен Лоран и беше инспирација во текот на неговата кариера. Музејот Ив Сен Лоран ќе ја прослави 60-годишнината од првата колекција на дизајнерот под ова име со монохроматска изложба која ја истражува неговата употреба […]

Папата демантира дека се повлекува од Светата столица од здравствени причини


Ватикан – Папата Франциск ги отфрли информациите дека планира да поднесе оставка во блиска иднина, велејќи дека е на пат да ја посети Канада овој месец и се надева дека ќе може да замине во Москва и Киев што е можно поскоро после тоа. Во ексклузивното интервју во неговата резиденција во Ватикан, папата исто така […]

Овации за Роџер Федерер на Вимблдон: Ќе се обидам да се вратам во 2023


Англија  – Роџер Федерер, сепак, го направи својот пат до Вимблдон оваа година – не за да се натпреварува, имајте предвид, туку за да учествува на церемонијата по повод стогодишнината од Централниот терен во недела – и ја објави својата намера да се обиде да се врати во 2023 година со рекет во рака. „Само […]

Рики Мартин доби забрана за приближување во Порторико


Порторико – Судијата издаде забрана за приближување против порториканската суперѕвезда Рики Мартин, соопшти полицијата во саботата. Наредбата беше потпишана во петокот, а властите посетија луксузен кварт во северниот крајбрежен град Дорадо, каде што живее пејачот, за да се обидат да ја изврши наредбата, изјави за Асошиејтед прес портпаролот на полицијата Аксел Валенсија. „До сега, полицијата […]

Некои од најпознатите забранети места на Земјата


САД – Многумина тајно сакаат да посетат, или барем „да фрлат поглед“ на места каде што ниту еден обичен човек никогаш не стапнал, или пак, не смее да стапне… Интернет-страницата „Квизклаб“ издвои 10 од можеби најпознатите забранети места на планетата Земја. 1. Змискиот Остров, во Бразил Малиот Змиски Островот кај брегот на Бразил на Атлантскиот Океан, […]

Маричиќ домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска 


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на неговите хомолози од Ирска и Финска, Томас Бирн и Тити Тупураинен со кои ќе оствари работна средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција. – Во фокусот на разговорите ќе биде пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија, новиот француски предлог, дијалогот со Бугарија, како и унапредувањето на билатералната соработка и односите […]

Ѓоковиќ загуби сет, па го збриша Ван Рајтховен


Англија – Новак Ѓоковиќ ја продолжи одбраната на трофејот на Вимблдон откако синоќа славеше над Тим ван Рајтховен со 3-1 во сетови,за пласман на српскиот тенисер во четвртфиналето од британскиот гранслем турнир. Осминафиналето почна со доминација на првиот носител, кој рутински го доби првиот сет со 6-2. Изненадувањето се случи во вториот сет од мечот, […]

Вимблдон парично ги казни Циципас и Кирјос


  Англија– Грчкиот тенисер Стефанос Циципас и Ник Кирјос од Австралија заработија казни за лошо однесување за време на нивниот меѓусебен дуел одигран пред два дена. Светскиот рекет број 5 Циципас е казнет со 10 илјади поради неспортско однесување. Гркот на средбата ја удри топката на трибините, доби и две опомени. За слично вакво однесување, Ѓоковиќ […]

„Вајтснејк“ не доаѓа во Скопје – откажана и европската турнеја од здравствени причини


Македонија, сепак, нема за последен пат да ги види Дејвид Кавердејл и друштвото на сцена откако „Вајтснејк“ го откажа остатокот од европската турнеја од здравствени причини. Концертот во Скопје требаше да се одржи на 12 јули. Како што информира организаторот, Авалон Продукција, ,,Whitesnake” и David Coverdale, поради здравствени причини на Coverdale, покрај претходно откажаните четири […]

Кејт Мос е новиот креативен директор на диеталната Кока-Кола


Англија- Кејт Мос има соработувано со низа брендови низ годините, од Топшоп во раните времиња до париската етикета за накит Messika минатата година. Сега супермоделот излегува надвор од светот на модата станувајќи нов креативен директор на Diet Coke, која оваа година го слави својот 40-ти роденден. „Возбудена сум што ќе се приклучам на семејството на […]

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска за „Независен“ : Во црно се чувствувам како Бисера


  Новата министерка за култура, Бисера Костадиновка-Стојчевска (36) е модно освежување на македонската политичка сцена, каде доминираат повеќе мажи со стил, а помалку дами со вкус на облекување. Костадиновска –Стојчевска се наметна со необичен,  минималистички изглед, со едноставни избори, во омилените црна и бела боја, и со минималистички накит . Изборот на облеката и на […]