Викенди со Адел- ѕвездата ги објави новите датуми за концертите во Лас Вегас


 

САД– Адел  објави презакажани датуми за нејзините концерти во Лас Вегас „Викенди со Адел“, кои беа одложени еден ден пред пред да започнат во јануари. Новите датуми – вклучувајќи го и оној на Бадник – ќе се одржат во познатиот Колосеум во Палатата Цезар во Лас Вегас и ќе започнат на 18 ноември. Покрај 24-те презакажани концерти, најавени се и 8 нови . Претстојот во Лас Вегас сега ќе трае до 25 март 2023 година.

Избран број билети ќе бидат достапни за сите 32 концерта. Ќе има две можности за купување билети за нив. Пристапот ќе биде ограничен со приоритет на обожавателите кои поседувале билети за оригиналните датуми на шоуто или претходно се регистрирале и биле на списокот на чекање за „Викенди со Адел“ во потврдена претпродажба на обожаватели. Обожавателите кои ги исполнуваат условите ќе добијат покана по е-пошта од Ticketmaster во среда, 3 август. За да дознаете повеќе, посетете ја: https://blog.ticketmaster.com/adele-vegas.

Додека таа првично гги одложи концертите заради коронавирусот  во екипата, медиумите тврдеа дека таа не била задоволна од продукцијата на шоуто. (Варајати)