Над пет илјади заразени во Србија, осум лица починале во последните 24 часа


Србија– Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 5.105 нови случаи на корона вирус, а осум лица починале.

Во оваа соседна земја од овој вирус се заразени вкупно 2.088.966 лица, а регистрирани се 16.223 смртни случаи.

Во моментов има 504 пациенти на болничко лекување, од кои 18 се на аспиратори.

Во последните 24 часа тестирани се 14.532 лица, а вкупно од почетокот на пандемијата 10.139.658.