Меси нема да го напушти ПСЖ до СП 2022 година, сака да ја освои Лигата на шампионите со клубот


Шпанија – Напаѓачот Лионел Меси не планира наскоро да го напушти Пари Сен-Жермен. Аргентинецот има намера да остане во парискиот клуб барем до Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември-декември 2022 година, пренесува шпанска „Marca“. Покрај тоа, 34-годишниот Аргентинец сака да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, што е негова главна мотивација …

Меси нема да го напушти ПСЖ до СП 2022 година, сака да ја освои Лигата на шампионите со клубот Read More »

Ле Пен најави повлекување на Франција од НАТО доколку победи на претседателските избори


Франција– Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека во случај да победи на претстојните избори ќе донесе одлука Франција да го напушти НАТО. – Мораме слободно да ги застапуваме сопствените интереси, да излеземе од логиката на воените блокови. Затоа ќе се повлечеме од НАТО за да не бидеме повеќе вовлечени во туѓи …

Ле Пен најави повлекување на Франција од НАТО доколку победи на претседателските избори Read More »

Сали ги посети пациентите во ковид-центарот во болницата во Велес


Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил објави дека денеска ги посетил пациентите во ковид – центарот во Општата болница во Велес, во рамки на неговата посета во таа здравствена установа и им посакал побрзо закрепнување. – Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите ковид – центри да им дадеме поддршка на …

Сали ги посети пациентите во ковид-центарот во болницата во Велес Read More »

Земан се противи на испраќање чешки војници како засилување на НАТО


Чешка – Чешкиот претседател Милош Земан соопшти дека е против тоа неговата земја да испрати војници заради зајакнување источното крило на НАТО. Тој смета дека Русија и Украина ќе останат само во вербалната војна, а според него, најмногу што може да се случи е да избие локален конфликт ограничен на две сепаратистички проруски области во Украина. …

Земан се противи на испраќање чешки војници како засилување на НАТО Read More »

Италија избра песна за Евросонг: Махмуд пак фаворит (видео)


Италија- Во тензичното финале на италијанскиот фестивал „Санремо“ за избор за песна што ќе ја претставува Италија на годинешната Евровизија победата ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Brividi“. Песната „Brividi“ веднаш стана фаворит на обложувалниците за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија. Сепак, досега се познати само девет песни кои ќе …

Италија избра песна за Евросонг: Махмуд пак фаворит (видео) Read More »

Диџеј Авичи ќе добие музеј во Стокхолм


Шведска- Стокхолм, кој веќе е светска престолнина на поп-музичкото наследство со музеј посветен на ABBA, сега е на пат да стане омилена дестинација на љубителите на електронската музика поради музејот посветен на шведскиот диџеј Авичи. Речиси четири години по смртта на диџеј суперѕвездата, градот се подготвува за отворање на Avicii Experience на 26 февруари, интерактивен …

Диџеј Авичи ќе добие музеј во Стокхолм Read More »

Архивски материјали од македонското ателје застапени во Меѓународниот град на уметноста во Париз


Во големата изложба „Повторно надвор:жива архива”, во Париз, како Меѓународен град на уметности застапени и архивски материјали од македонското ателје. Како што информираат од Министерството за култура, на изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле …

Архивски материјали од македонското ателје застапени во Меѓународниот град на уметноста во Париз Read More »

„Григор Прличев“ за Трајче Кацаров


Свеченостите на годинешните „Прличеви беседи“ продолжија денеска со централнот настан, доделувањето на наградата на лауреатот Трајче Кацаров, авторот на поемата „Цветко“ избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што се објавува во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев. За животниот пат и творештвото на Кацаров пред присутните во Центарот за култура свое обраќање имаше …

„Григор Прличев“ за Трајче Кацаров Read More »

Камила ќе стане кралица, одлучи кралицата Елизабета


Англија – Британската кралица Елизабета Втора во саботата, по повод 70-годишнината од нејзиното устоличување, рече дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила Паркер, да ја добие титулата кралица кога принцот Чарлс ќе стане крал. Во пораката по повод 70-годишнината од нејзиното владеење, кралицата вели дека нејзина „искрена желба“ е Камила да ја добие таа титула, пренесе …

Камила ќе стане кралица, одлучи кралицата Елизабета Read More »

Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ во МКЦ


Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија денеска и утре ќе биде изведена во МКЦ – Скопје. Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги …

Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ во МКЦ Read More »

Трамп собира пари за избори: Донатор на 250.000 долари добива вечера со него


САД – Поимотните поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него за суми кои достигнуваат и до 250.000 долари, а собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува Гардијан. Акцијата за собирање пари, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на …

Трамп собира пари за избори: Донатор на 250.000 долари добива вечера со него Read More »

Село Герман отсечено четврти ден, се пробиваат последните осум километри од патот


Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри. Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило …

Село Герман отсечено четврти ден, се пробиваат последните осум километри од патот Read More »

Бундестагот збунет од обвинувањата на Украина


Германија– Претседателката на Комисијата за одбрана во Бундестагот, Мари-Агнес Штрак-Цимерман, ги повика властите во Киев да користат поумерена реторика кога станува збор за испораките на оружје за Германија. – Целосно разбирам дека нервите на претставниците на Украина се на работ, но не ги разбирам постојаните вербални напади на Украина врз нас,  рече таа во интервју …

Бундестагот збунет од обвинувањата на Украина Read More »

Ковачевски : Одолговлекувањето на ЕУ процесот ја намалува посветеноста на општеството


Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, прифати да одговори на неколку прашања за МИА по неговата прва работна посета на Брисел, седиштето на ЕУ и НАТО, каде тој оствари средби со челниците на овие две организации. Ковачевски сака брзо но и квалитетно решение со соседна Бугарија за да се отворат долгоочекуваните и заслужени преговори со …

Ковачевски : Одолговлекувањето на ЕУ процесот ја намалува посветеноста на општеството Read More »

Осигурувањето од земјотреси предизвик за осигурителните компании


Првите форми на осигурување ги применувале трговците од Вавилон и Кина со цел ограничување на загуба на стоки. Според првиот документиран метод во Хамурабискиот законик, трговецот морал да плати дополнителна сума пари на заемодавачот, како гаранција во случај пратката да биде украдена. Осигурувањето е забележано и кај подароци од значителна вредност кои им се давале …

Осигурувањето од земјотреси предизвик за осигурителните компании Read More »

Во Австрија од денеска е задолжителна вакцинацијата против коронавирус


Австрија– Австријците постари од 18 години од денеска мора да се вакцинираат против Ковид-19 или ризикуваат висока парична казна – мерка без преседан во Европската унија. Новата мерка, усвоена од парламентот на 20-ти јануари, беше потпишана вчера од претседателот Александар Ван дер Белен како кулминација на процесот што започна во ноември како резултат на брзото …

Во Австрија од денеска е задолжителна вакцинацијата против коронавирус Read More »

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Најстудено изутрина е во Берово, каде се измерени – 11 степени, по што следат Битола со -9,  како и Берово и Скопје-Петровец – 7. Минус шест степени се регистрирани во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица,  -5 во Тетово, Штип, Гевгелија и Куманово, -4 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Дебар, -3 во Охрид и …

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови Read More »

Пенс до Трамп: Претседателе ти грешиш


САД– На синоќешниот собир на Републиканската партија поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс возврати на тврдењето на екс претседателот Доналд Трамп дека тој можел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година. -Претседателот Трамп греши, јас немав право да ги поништам изборите, изјави Пенс синоќа на собир на републиканската организација Федералистичко општество одржан во …

Пенс до Трамп: Претседателе ти грешиш Read More »

Астрономски календар


Денеска е сабота, 5 февруари 2022 година, 36-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 329 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 16 часот и 52 минути. Денов трае 10 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

По грешка Блумберг објави наслов „Русија ја нападна Украина“


САД –  Американската агенција Блумберг вчера на својата веб-страница објави наслов „Русија ја нападна Украина“, што предизвика шок во медиумите. Набргу потоа објавата беше избришана, а медиумот информира дека веста е објавена по грешка. „Подготвуваме наслови за различни сценарија и насловот „Русија ја нападна Украина“ беше случајно објавен на нашата веб-страница околу 16:00 часот во Источна …

По грешка Блумберг објави наслов „Русија ја нападна Украина“ Read More »