„Само среќа“  на Танц Фест во Домот на АРСМ


На сцената на Домот на АРСМ во Скопје, вечер ќе биде изведена претставата „Само среќа“ на Томео Вержес, во изведба на Сандрине Мајзонев.

– „Само среќа“ го доведува во прашање условувањето на жените и нивниот еманципаторски потенцијал. Не постои желба да се исклучи некој дел од животно дејствување, туку желба да се фокусира вниманието на повеќеслојноста на функционирањето на животот на жената. Некои ќе определат за грижа за домот, за децата, оставајќи ги настрана сите облици на работа и други лични потреби.“ Во ова соло, жена, во ритам на метроном, повторува и трансформира низа дневни гестови. Заробеник на ритамот што си го наметнува, на социјалната лудачка јакна, на имиџот, води битка напред-назад, игра со клишеата и гротеската до конечната победа, се наведува во соопштението.

Томео Вержес најде убава сценска метафора за да го продлабочи прашањето и да ги преиспита очекуваните или посакуваните слики што ги држат жените на одреден пат.“ На таков пат се наоѓа изведувачката Сандрин Мејзонев: во ритамот на хипнотичкиот метроном чија каденца ја принудува да ја следи, таа повторува и преобразува збир на дневни движења. Таа се впушта во битка во која си игра со клишеа и говор на телото, почнувајќи од сликата на совршена жена до нејзината трансформација во воин. Комичен и ослободувачки израз кој дефинитивно ќе го задржи вашето внимание!

 

Сандрин Мејзонев дипломирал на Националниот конзерваториум за музика и танц во Лиони, каде се обучува во областа на изведба и педагогија на современиот танц. Активно настапува од 1992 година, во короеграфии на Енди Дегро, Кристијан Блејз, Абу Лагра, Јан Леро, Мохамед Шафик, Оливер Дибуа. Со Томео Вержес, почнува соработка во 2005 година.

Претставата е поддржана во рамките на програмата „Колекиција Зима – Пролет 2022“ на од Францускиот институт во Париз.

Танц Фест Скопје 2022 е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, Француски институт Скопје, Дом на Арм Скопје, „Perform Europe“, „East is Best“, Културанова.