Вчера големо невреме во Неготино, денеска ќе се проценуваат штетите


Торнадо му се случи на Неготино, невремето проследено со силен ветер и поројни дождови за само 20 минути предизвика тешки последици, информираа вчера од Центарот за управување со кризи.  Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето. Повеќе неготинци пријавиле штети од невремето. Невремето однесе неколку покриви од куќи, а блокирани беа и […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата


  Единица на артилерискиот баталјон на Армијата вечер во 19 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. Два часа претходно, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија. […]

Анализа на „Пари“: Кои млекари се со добивка, а кои со загуба?


Последниве недели особено станаа актуелни новите поскапувања на храната, а меѓу нив и на млечните проиводи. Цените постојано се корегираат, а во моментов, додека се пишуваат овие редови ги користиме податоците од онлајн трговијата Пакет.мк. Цената на трајното млеко „Бимилк“ со масленост 3,2% е 69 денари за литар, 400 грама кисело млеко „Бучен Козјак“ е 35 […]

Бесими : И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. – Ние имаме законски решенија кои стапуваат […]

Американка паднала во езеро, па била убиена од алигатор


САД – Жена од САД, 88-годишна, е усмртена од алигатор, откако случајно паднала во езеро додека си ги средувала растенијата, близу брегот, во рамки на населба-прифатилиште за стари лица, соопштија властите во американската сојузна држава Јужна Каролина. – Надлежни лица биле повикани во месноста Сан Сити Хилтон Хед завчера, по што е утврдено дека алигатор […]

Шумски пожар зафати воз во Шпанија, патниците ги искршиле прозорците за да побегнат


  Шпанија – Шумски пожар зафати воз во Шпанија, во близина на Кастелон на североистокот на земјата. Дури 20 патници се здобиле со изгореници, од кои тројца потешко, откако скокнале од возот зафатен во пожар, пишува Гардијан. Машиновозачот, кој го возел возот од Сагунто во источната провинција Валенсија до Сарагоса, го запрел возот кога видел дека […]

Илон Маск се шегувал дека ќе го купи Манчестер Јунајтед


  САД– Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека се шегувал кога кажал дека има намера да го купи Манчестер Јунајтед е шега. Ноќта помеѓу 16 и 17 август, Маск објави на Твитер дека ќе го купи англискиот клуб. – Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на […]

Во Турција се одбележува 23-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го потресе регионот Мармара


  Турција– Турција денеска ја одбележува годишнината од најголемата национална трагедија во поновата историја на земјата, 23 години од катастрофалниот земјотрес што го потресе регионот Мармара, вклучувајќи го и милионскиот град Истанбул. Земјотресот од 1999 година со интензитет од 7,4 степени по Рихтеровата скала што траеше околу 45 секунди однесе повеќе од 17 илјади животи, […]

Вучиќ и Курти денеска на одвоени средби со Столтенберг


Белгија– Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска, на одделни средби во Брисел ќе разговараат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ден пред новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, а потоа и со Курти, а по одвоените разговори […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека 40 минути


  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце и на на ГП Богородица се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува […]

Кина денеска почнува дводневна воена вежба во Жолтото Море


  Кина– Кина денеска почнува воени вежби во некои области на Жолтото Море, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Управата за поморска безбедност на Народна Република Кина. Во кусото соопштение се наведува дека поморските маневри ќе завршат во 17 часот по локално време на 19 август. На веб-страницата на Управата се напишани координатите на зоните […]

Јубилејна 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, учесници од 17 држави


  Шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави ќе учествуваат на јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Оваа јубилејна школа ќе се одржи со најголем број семинаристи последниве години, а нејзината програма се очекува да им овозможи […]

Прослава по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“


Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.   На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко […]

Комеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева


  Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Митрева почина на 31 јули годинава на 72 години. – Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на […]

Сончево со слаб ветер и температура до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 август 2022 година, 224-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 141 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 42 минути, а ќе зајде во 19 часот и 33 минути. Денов трае 13 часа и 51 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Легендарниот Радивој Корач постхумно во „Куќата на славни“


  САД– Еден од најдобрите кошаркари на поранешна Југославија, Радивој Корач, официјално ќе биде примен во „Куќата на славни“ во Спрингфилд на 10 септември, објави организацијата на својот официјален сајт. Покрај Корач, кој загина во 1969 година на 30-годишна возраст, во „Куќата на славни“ во септемвриската класа ќе бидат примени Тим Хардавеј, Ману Џинобили, Боб […]

Австралија без Кирјос на Дејвис купот


  Австралија– Финалистот на годинешниот Вимблдон, Ник Кирјос, нема да настапи за репрезентацијата на Австралија на претстојните дуели во Дејвис купот, соопшти денеска австралиската Тениска федерација. – Ќе беше прекрасно да го имавме Ник во тимот, но за жал тој не е достапен за овие натпревари, изјави селекторот на Австралија, Лејтон Хјуит. Австралија во Хамбург […]

Од први септември започнува ловот на дивите свињи


  Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу Министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Ловната сезона започнува на 1 септември на сите ловишта на територија на […]

Ајде да ја менуваме модата- во Ист гејт мол се отвора првата продавница на H&M


  Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2 […]