Вчера големо невреме во Неготино, денеска ќе се проценуваат штетите
Невремето однесе неколку покриви од куќи, а блокирани беа и неколку локални патишта поради паднати дрвја.
„Вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвика невремето кое траеше само дваесетина минути. Уништени се кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и однесени се лимени и пластични конструкции“, изјави Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.
Од денеска ќе се утврдуваат штетите, меѓу другото и кај земјоделските култури.