Бритни Спирс ја сподели корицата на претстојниот сингл Hold Me Closer


САД- Бритни и Елтон стојат рамо до рамо за многу очекуваниот сингл Hold Me Closer, кој треба да биде објавен на 26 август од „Јуниверзал мјузик“. Спирс (40) ја сподели новата корица на која се гледаат и таа и Елтон во сино-бели светкави бејзбол униформи. Минатата недела сер Елтон (75) постираше фотографија на својата официјална […]

На ИФФК „Браќа Манаки“: Мастер клас со Михал Димек, кинематографер од Полска


Михал Димак е кинематографер кој дипломирал на прочуената филмска школа во Лоѓ, Полска, а на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ учествува во главната натпреварувачка програма со необичната филмска сторија за едно магаре, насловена по неговото име „ЕО“. Иако релативно млад, Димек зад себе веќе има дваесеттина наслови, некои од нив наградувани, а соработувал и со славниот […]

Студентите може да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовни институции и студиски програми


Министерството за образование и наука и Агенцијата за квалитет на високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересирани студенти за учество во оваа постапка. – Секој апликант треба да исполнува неколку услови, односно да […]

„Астон Мартин“ на Шон Конери продаден за 2,4 милиони долари


САД – Автомобил „Астон Мартин ДБ-5“, што му припаѓал на холивудскиот глумец Шон Конери, е продаден на наддавање за 2,4 милиони долари. Ова не е првото возило на британскиот агент Џејмс Бонд „007“ кого го глумеше и познатиот шкотскиот актер, но дефинитивно е најпознатото, бидејќи се појавува во дури осум „Бонд“ филмови. Конери поседуваше еден […]

МакеКоПроДокс форум на 13. „МакеДокс“


Две серии на пичинг за 11 пријавени проекти ќе се одржат денеска во рамки на четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот. Форумот почна вчера со затворена сесија на Балканската мрежа, а ќе заврши утре, со уште една затворена сесија на Балканската мрежа. На вчерашниот прв ден од форумот имаше јавните презентации на работата на филмските центри […]

Почнува петнаесетата Графичка работилница во Богданци


Главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по јубилеен 15-ти пат ќе се одржи во Богданци, почнува денеска. – Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и […]

„Епл“ ќе произведува „Ајфон 14“ телефони во Индија


САД – „Епл“ планира да почне со производство на својот следен модел паметен телефон „Ајфон 14“ (iPhone 14) во Индија. Американската компанија бара алтернативи за своите капацитети во Кина, по контроверзиите на таа далекуисточна земја со Вашингтон и корона-карантините коишто ја прекинаа работата на фабриките, објави „Блумберг“. Компанијата работи со доставувачите на зголемување на производството […]

НАСА објави нови слики од Јупитер


  САД– Aмериканската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“. – Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро, да бидам искрена, изјави астрономот Имке де Патер […]

Во кино „Манаки“ три филмови од студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“


  Студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ предизвикува посебен интерес на фестивалот, годинава е збогатена и со филмови работени на повеќе европски универзитети. Селекторот Ѓорги Пулевски избра филмови од Академијата од Љубљана, Универзитетот „Хасан Приштина“ од Косово, Универзитетот во Солун, Академијата од Загреб, чешката академија за филм, Унивезритетот за телевизија и филм во Минхен, потоа Лондон […]

Минатата недела за 22,7 проценти намален бројот на новозаболени од Ковид-19


  Во период од 15 до 21 август регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 34 градови во земјава, со намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана […]

Се огласи Јавното обвинителство за Еуростандард банка и „Кубус“


Согласно Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка, информираат од Јавното обвинителство на Македонија, во врска со наводите и извештајот презентирани на вчерашната прес-конференција од неколку лица, меѓу кои и, како што наведуваат, едно осомничено лице во врска со стечајот на Еуростандард банка. „Дел од […]

Бијонсе и Џеј Зи се закотвија со изнајмена јахта во Хрватска


  Хрватска – Бијонсе и Џеј Зи вчера се закотвија во месноста Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри. По Цавтат, тие продолжија кон Корчула. Пловилото е меѓу 60-те најголеми јахти во светот денес. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е […]

ЕВН им ја исклучи струјатa на Опера и Балет заради долг


Институција за сценско музичка дејност – Националната опера и балет е во мрак, односно со исклучена струја, јавува Телма. Засега не е познато колку точно изнесува долгот, но во објектот во моментот не се изведуваат проби поради колективен одмор. Од Опера и балет за телевизијата посочиле дека исклучувањето на електричната енергија е од четвртокот (18.08), по […]

Десет починати во изминатите три дена, нови 614 заразени


Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции, а бројот на активни случаи изнесува 3 025 лица. Во последните три дена (од 19.08 до 21.08.2022), од направени 1 804 тестови, регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19: Скопје – 266, Битола – 51, Кавадарци – 43, Прилеп – 31, Охрид – 29, Куманово […]

Културната оставина на браќата Манаки е историско сведоштво што мора достојно да го вреднуваме   


– Една фотографија – илјада зборови, но, има фотографии што ви ги одземаат сите зборови, сите противречни аргументи. Токму такви се и овие фотографии и подвижни слики на браќата Манаки – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вчерашното отворање на изложбата „140 години од раѓањето на Милтон Манаки 1882 – 2022“ организирана од битолското одделение […]

Фаучи се повлекува од функцијата медицински советник на Бајден


САД– Доктор Ентони Фаучи денеска информираше дека во декември се повлекува од функцијата директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и оти веќе нема да ја извршува должноста главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден. Тој се повлекува и од позицијата шеф на Лабораторијата за имунорегулација на Националниот институт за алергија и заразни […]

Кеј „Борис Кидрич“ и улица „Партизанска“ ќе бидат затворени за потребите на Струшки вечери на поезијата


Кеј „Борис Кидрич“ ќе биде затворен за возила в четврток поради подготовка на сценографијата за отворање на годинашното издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Дирекцијата на фестивалот соопшти дека предвидено е затворање и на улицата „Партизанска“ на 27 август, сабота од 12 часот поради поставување на сценографијата за свеченото затворање в недела. – За […]

На ИФФК „Браќа Манаки“ мастер клас со Елен Лотман, кинематограферка од Естонија


  ИФФК „Браќа Манаки“ овозможи гостување и мастер клас со Елен Лотман кинематограферка и професорка од Естонија. Лотман има реализирано повеќе од 20 играни, документарни и кратки наслови, снимени низ целиот свет, од  Јапонија, Тибет, Тајланд и Индија, до Никарагва, Костарика, Финска и Рускиот Артктик, и е добитничка на низа признанија и учествувала во натпреварувачките програми […]

Без вода утре делови од Козле


Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Кораб“, „Струшка“, „Мокра“ и делови од улиците „Козле“ и „Јуриј Гагарин“ во населбата Козле. Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на затворач ф-150 милиметри на улица „Кораб“ број 1 и ќе трае до завршување со санација на […]

Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за 1,5 денари


  Од полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 ден/лит, а Еуросупер БС-98 за 91,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде […]