ЕВН им ја исклучи струјатa на Опера и Балет заради долг


Фото; Б. Грданоски

Институција за сценско музичка дејност – Националната опера и балет е во мрак, односно со исклучена струја, јавува Телма.

Засега не е познато колку точно изнесува долгот, но во објектот во моментот не се изведуваат проби поради колективен одмор.

Од Опера и балет за телевизијата посочиле дека исклучувањето на електричната енергија е од четвртокот (18.08), по налог на ЕДС, од ЕВН Македонија.

Инаку, блокирана е и сметката на Националната опера и балет поради извршното решение за наплата на долг стар речиси десет години во висина од 4,1 милион денари или 60 илјади евра.