„Блажени сме ние што Блаже е нашата мудроносна блажевина“ – во Небрегово промовирана „Разговори за Конески“ од Огнен Јанески
Најновата книга на уредникот и водител во ТВ 24, Огнен Јанески, со наслов „Разговори за Конески“, беше промовирана во Спомен-домот на Блаже Конески, во родното село на кодификаторот на македонскиот јазик, Небрегово, Прилепско. Книгата е завршен производ на работа од две години, при што, освен подготовките за нејзината реализација, во текот на мината година (2021) …