Хрватската актерска ѕвезда Горан Богдан во Скопје: Ликовите кои ги глумам, живеат во мене


  Горан Богдан (42), хрватски  актер,  со меѓународна кариера, овенчан и со наградата на Европската филмска академија во 2020 година, пристигна во Скопје како дел од екипата од филмот „Чичко“ кој утревечер го отвора Интернационалниот филмски фестивал „Киненова“ 2022, посветен на дебитантски филмови. Покрај филмската легенда Мики Манојловиќ, толкува една од главните улоги. Во Скопје […]

Кање Вест во „војна“ со „Вог“ кој застана зад својата уредничка Габриела Карефа-Џонсон


САД- „Вог“ застана во одбрана на својот глобален уредник Габриела Карефа-Џонсон која беше нападната од раперот-милијардер Кање Вест откако таа по ревијата на Вест YZY SZN 9 во Париз се огласи на социјалните мрежи за да го критикува слоганот на кошулите „White Lives Matter“ во колекцијата. Вест исто така ја носеше и самиот. Канје Вест, […]

Донација во вредност од 38.185 евра за Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија


Во Амбасадата на Јапонија во земјава денеска јапонскиот амбасадор Хиронори Севада и директорката на Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија Даница Поповиќ Моневска потпишаа договор за грант во вредност од 38.185 евра, со што ќе се набави интероперативен невромониторинг систем кој ќе обезбеди попрецизни и побезбедни здравствени услуги за пациентите при операција на лицето, вилицата и […]

Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022“ на Криволак


Во присуство на заменик министерот за одбрана Башким  Хасани, заменик началникот на Генералштабот на Армијата генерал мајор Азим Нуредин и повеќе странски претставници, на армискиот полигон Криволак денеска беше реализиран денот за високи гости, во рамките на вежбата „Seven stars 2022“, во организација на Командата на бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), што е стационирана во […]

Дали кралот Чарлс ќе го следи примерот на кралицата Маргрета? 


Англија– Кралското семејство на Данска неодамна објави дека четирите внуци на кралицата Маргрета ги губат титулите принц и принцеза, на 1 јануари 2023 година. Монархот притоа соопшти дека тоа е во согласност и со другите кралски куќи во Европа. Овој потег се однесува на вториот син на данската кралица – принцот Јоаким. Принцот Николај, принц Феликс, […]

Македонскиот актер Ерман Шабан: Балканска приказна е приказна за сите нас, тука во Скопје е заеднички животот…


  Позитивни оценки од публиката за својата глума добива Ерман Шабан, млад искусен актер од Скопје, кој е дел од актерскиот тим во новата турска ТВ серија „Балканска приказна“. Ерман Шабан, кој е брат на Ертан Шабан, еден од попознатите актери во Турција со потекло од Скопје, Македонија, за серијата „Балканска приказна“ истакнува дека ова […]

Хрватското електро поп дуо Ниплпипл доаѓа во Битола


Хрватското електро поп дуо Nipplepeople во петок доаѓа во Битола. Ниплпипл (Nipplepeople) од Загреб, Хрватска е еден од најпопуларните електро – поп бендови во регионот. Мистериозното дуо, кое на сцената настапува маскирано во ретро – футуристички костуми, веќе десетина години егзистира на сцената. Вистински куриозитет е што досега имаат дадено само неколку интервјуа за медиуми, […]

Вредната уметничка колекција на МСУ на изложба во Кунстхале во Виена – 8 меѓународни уметници ќе осмислат поставка


  Во почетокот на следната година во престижниот простор Кунстхале (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри во срцето на Виена на 1.000 метри квадратни ќе биде претставена за првпат селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.  Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да […]

Костадиновска-Стојчевска од Крит: Ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера попладне на Крит се обрати на свечената церемонија на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, која се одржа во Хања, на Крит. Церемонијата ја отвори амбасадорот Патрик Енгелберг, претседавач на Статутарниот комитет на Договорот за парцијално проширување на Културните рути 2022, кој им го честиташе вклучувањето […]

Кристијан Бејл: Ме прославија улоги што Ди Каприо ги одбиваше


САД– Кристијан Бејл во интервју за „Џи-кју“ (GQ), објаснува како својата успешна филмска кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо. Имено, според неговите кажувања, неговата кариера тој ја изградил на улоги коишто Ди Каприо ги одбивал, бидејќи режисерите редовно прво оделе кај него, а потоа кај сите други глумци. – Со мене не е […]

Врвни стрип уметници од Италија на „Џифони Македонија“


 Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен. Претходно, Билота и Џерези ќе […]

Најстудено во Берово, минус два


Во Берово изутринава е најстудено, каде се измерени – 2 степени, а најтопло е во Дојран, 9 степени. Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот 0 степени се измерени во Лазарополе, 1 во Битола, 2 во Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Струмица, Попова Шапка, 4 во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, 5 во […]

Нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури на Институтот за радиологија


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе го посети Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, каде ќе биде пуштен во употреба нов најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, кој е единствен од ваков тип кај нас и во соседните држави.    Апаратот е во вредност од 47.2 милиони денари, набавен со средства од Министерството […]

Изложба на концептуален филигрански накит на Марија Милошевска


Во Музејот на Република Северна Македонија во Скопје денеска ќе се одржи изложба на концептуален филигрански накит „Мамка“ на уметницата и етнолог Марија Милошевска. Марија Милошевска веќе дваесетина години го промовира филигранскиот занает преку современиот концепт низ различни медиуми како накит, инсталации, објекти, перформанси и видео арт. Инспирирана од најстарото пишано сведоштво за потеклото на […]

Шаленберг предупредува на голем миграциски бран


Австрија– Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг пред денешниот состанок во Белград предупреди дека доколку не се преземат итни мерки, следниот миграциски бран може да биде полош од оној во 2015 година. Шаленберг во Белград ќе учествува на средба со министрите за надворешни работи и за внатрешни работи на Србија, на Австрија и на Унгарија. Средбата е продолжение […]

Француската влада ги снабдува бензиските пумпи од стратешките резерви


Франција– Француската влада објави дека по штрајковите во рафинериите и складишта за енергенси кои го прекинаа производството и ги блокираа испораките на гориво во Франција, посегна до националните стратешки резерви на нафта за да обезбеди снабдување со бензински пумпи што останаа без гориво. Портпаролот на француската влада Оливие Веран рече дека ситуацијата е „тензична“, но […]

Земјата мора да остане посветена на реформите и потребен е консензус за евроатлантските процеси


Во Европскиот парламент во Стразбур ппродолжува со работа 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), кој првпат се одржува откако Северна Македонија  ги отпочна преговорите за членство во ЕУ.  Претставниците на европските институции, европратениците и македонските пратеници инсистираа на фактот дека почна нова фаза […]

„Печатот на вистината“- нова книга на Гоце Ристовски


Во издание на издавачка куќа „Интеракција плус“, со материјална помош од Министерството за култура, а во рамките на програмата за подршка на проекти од национално значење, излезе од печат книгата „Печатот на вистината“ од Гоце Ристовски. -Најновата книга од Гоце Ристовски, „Печатот на вистината“, ја сочинуваат повеќе критичко есеистички текстови,следејќи го начинот на кој театарот […]

Моцарт ја отвара новата концертна сезона на оркестарот на Филхармонија


Со концертот „Зорнина“, на кој како солисти ќе настапат пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења, вечерва од 20 часот почнува новата сезона на оркестарот на Филхармонија „Дамар на слободата“. Диригент е Гудни А. Емилсон од Исланд, а на програмата се дела од Волфганг Амадеус Моцарт. -Првиот став е напишан во сонатна форма, а делото започнува […]

Прва средба на Европската политичка заедница, на маса Украина и енергетската криза


Белгија– Во Прага денеска за првпат ќе се одржи средба на Европската политичка заедница, на неа ќе учествуваат 44 лидери од сите земји од континентот во широка смисла, јави дописничката на МИА од Брисел. Од Обединетото Кралство до Азербејџан, Ерменија и земјите од Западниот Балкан, во Прага утре се состануваат 44 делегации да дискутираат за крупните […]