Кање Вест во „војна“ со „Вог“ кој застана зад својата уредничка Габриела Карефа-Џонсон


САД- „Вог“ застана во одбрана на својот глобален уредник Габриела Карефа-Џонсон која беше нападната од раперот-милијардер Кање Вест откако таа по ревијата на Вест YZY SZN 9 во Париз се огласи на социјалните мрежи за да го критикува слоганот на кошулите „White Lives Matter“ во колекцијата. Вест исто така ја носеше и самиот. Канје Вест, во серија неповрзани објави ја нарече Џонсон „не модна личност“.

-„Вог“ стои зад Габриела Карефа-Џонсон, нашата глобална модна уредничка и долгогодишен соработник. Таа беше лично цел и малтретирана. Тоа е неприфатливо. Сега повеќе од кога било, гласови како нејзиниот се потребни и на приватна средба со Је денес таа повторно ја кажа својата вистина на начин на кој се чувствуваше најдобро, според нејзините услови. Се надеваме дека Је и Карефа-Џонсон дошле до разбирање што се надеваме дека нема да значи повеќе малтретирање. Но, ние ќе останеме присутни, се вечи во објавата на „Вог“.

Карефа-Џонсон ја нарече употребата на слоганот „длабоко навредлив, насилен и опасен“ во една приказна на Инстаграм, додавајќи: „Додека сите работиме преку траумата од овој момент,  да имаме малку благодат еден за друг“.

Вест ги следеше нејзините забелешки со објави на сопствената страница во кои се исмејуваше изгледот на Карефа-Џонсон. Иако оттогаш се избришани, самата уредничка сподели дека коментарот на нејзиниот изглед не престанува.