Принцезата Кејт избра црвена светкава тоалета за божикниот портрет


Англија- Кејт Мидлтон целосно влезе во празничниот дух. Принцезата од Велс ќе присуствува на вообичаената церемонија на божиќни песни во Вестминстерската опатија, која исто така ќе се емитува на телевизија.  Во празничниот портрет, Кејт позира пред елегантна новогодишна елка во украсена соба, облечена во светкава црвена тоалета што принцезата претходно ја носеше за време на […]

Три жени убиени на состанок на станари во Рим


Италија– Три жени се убиени денеска во Рим кога маж извадил пиштол и почнал да пука за време на состанок на жители на станбен блок во градот, објавија италијанските медиуми. Според извештаите, 57-годишен маж е приведен по пукањето што се случило во бар во населбата Фидене каде што се одржувал состанокот. – Тој едноставно влезе […]

Фернандеш: Нашиот сон пропадна, му честитам на Мароко за заслужениот пласман во полуфиналето


ОАЕ– Бруно Фернандеш го коментираше заминувањето на Португалија од Светското првенство 2022. Португалците загубија од Мароко (0:1) во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. -Тешко е да се изрази со неколку зборови сето она што го почувствувавме вчера, штом заврши натпреварот. Нашиот сон е уништен. Дадовме се од себе работите да завршат поинаку. Тоа е тажно и […]

Теренс Хауард се повлекува од актерството: „Ова е крај за мене“


САД- Теренс Хауард е подготвен да си замине од актерството. За време на интервјуто за Entertainment Tonight на црвениот тепих за претстојната серија на Peacock The Best Man: The Final Chapters, Хауард ја откри својата одлука да ја нарече отказ и да направи простор за новата генерација на теспијци кои се етаблираат како ѕвезди. Додека […]

Ветингот ги „испразни“ судовите и обвинителствата во Албанија


Aлбанија– Во Албанија речиси 70 отсто од судиите и обвинителите досега биле опфатени со процесот на ветинг, односно проверка на нивните квалификации, нивниот имот, интегритетот и поврзаноста со организираниот криминал. Од нив, само помалку од половина се потврдени на функцијата од страна на Независната комисија за квалификации (КПК), јавија албанските медиуми. Според овие податоци, комисијата […]

ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС


Србија – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во врска со последните тензии на северот на Косово, истакна дека ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС на Косово, ниту насилство и криминални дејствија на северот. Тој додаде дека барикадите на косовските Срби на северот мора веднаш да бидат отстранети, јави дописникот […]

Поради одрони сообраќајот на патот Кичево – Охрид, кај Врбјани по една коловозна лента


На магистралниот пат Кичево – Охрид, кај село Врбјани од 12:30 часот сообраќајот на една коловозна лента е блокиран. Како што соопшти АМСМ, причина за тоа се одрони на пат. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од […]

Германија ќе ги заостри законите за оружје по откривањето на заговорот за државен удар


Германија – Германија планира да ги заостри законите за оружје откако беше откриен заговор на екстремно десничарска група за соборување на владата, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер во интервју за „Билд ам Зонтаг“, објавено денеска. Германската полиција оваа недела уапси 25 лица осомничени за вмешаност во заговорот. Многумина од осомничените се членови на екстремно […]

Османи-Шукри: Во Египет гледаме партнер во унапредувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ


Во рамки на идното претседавање со најголемата Организација за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ и во својство на актуелен претседавач со групата Медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Каиро оствари средба со министерот за надворешни работи на Арапска Република Египет, Самех Хасан Шукри Селим.   […]

Германски војници ќе пристигнат во Полска за да го подготват распоредувањето на комплексот „Патриот“


Германија– Германската армија ќе започне со подготовки за распоредување на противвоздушниот ракетен комплекс „Патриот“, јави ДПА. Германија ѝ ја понуди на Полска воената опрема за да го заштити нејзиниот воздушен простор откако минатиот месец залутана украинска ракета падна на полска територија, при што загинаа две лица. Предлогот на Берлин, сепак, предизвика реакција откако Полска објави […]

Вучиќ им порача на Србите на Косово дека нема предавање се додека не се формира ЗСО


Србија– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на Србите на Косово дека „повторно се принудени да ги бранат своите огништа на барикадите“ и дека „нема предавање и нема да има“, јави дописникот на МИА од Белград. – Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите […]

Нов компјутерски томограф на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје


Нов современ компјутерски томограф за брза и прецизна дијагностика кај домашните миленици со примена на минимално зрачење набави Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје. – Следејќи ги најновите достигнувања во ветеринарна медицина првпат во нашата држава Факултетот ги обедини на едно место сите услуги на современата дијагностика кај домашните миленици со што се […]

САД ќе ја испрати првата делегација на високо ниво во Кина за „затоплување на односите“


САД– Американската влада ќе ја испрати првата делегација на високо ниво во Кина откако претседателите на двете земји, Џо Бајден и Си Џинпинг, минатиот месец на Бали, ветија дека ќе работат на „затоплување на односите“.   Помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацифик, Даниел Критенбринк, заедно со генералниот директор на Советот за национална безбедност […]

Макрон ќе пристигне во Катар да ја бодри Франција во полуфиналето на Светското првенство


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон ќе пристигне во Катар за да присуствува на натпреварот меѓу француската и мароканската репрезентација, изјави француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера за радиото „Франс Инфо“. – Деталите за патувањето се уште се разработуваат, но тој ја презеде оваа обврска и ќе ја исполни со задоволство, рече министерката. Франција синоќа ја победи […]

Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023, тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, вели Ковачевски


Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023 година и тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, консултациите ќе продолжат и во иднина, открива премиерот Димитар Ковачевски за МИА. Во интервјуто за МИА, премиерот појаснува дека одлуката за укинување на прогресивниот данок којшто требаше да стапи на сила од 1 јануари е […]

Фотографии кои свират џез – 30 дела од богатата ризица на Оливер Белопета на изложба во МКЦ


Во присуство на бројни гости од сите сфери на живеење кај нас, кои не пропуштаат ниту еден џез фестивал во Скопје, синоќа, во галеријата на МКЦ беше отворена изложба на фотографии на Оливер Белопета насловена „Поради џезот / Because of Jazz“. Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во галеријата […]

Кој е најдобар европски филм во 2022?


Сатирата „Триаголник на тагата“ на Рубен Остлунд доминираше на 35. Европски филмски награди во Рејкјавик, Исланд, освојувајќи ги наградите за најдобар филм, режисер и сценарист, како и за најдобар актер за Златко Буриќ од Хрватска. Кога Остлунд ја зеде својата награда за најдобар режисер, ја посвети на покојната главна актерка Чарлби Дин, која ненадејно почина […]

Се трага по лицето кое се фрли во водите на Вардар


Тим од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема е вклучен во потрагата по лицето кое утрово од мостот „Близнак“ се фрлило во реката Вардар. Потрагата се врши по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и низводно.   Како што соопшти Центарот […]

На Косово се уште затворени премините Брњак и Јариње


Србија –  Главните патишта на северот на Косово се уште се блокирани, а административните премини Брњак и Јариње се затворени и за возила и за пешаци, јави агенцијата Бета.   Блокади на патиштата организираа Србите од северот на Косово по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, а косовската полиција соопшти дека Брњак […]

ТИРЗ: Највисоко ниво на извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2 300 работни места од почетокот на годинава


Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) бележи зголемување на работните места во компаниите за 17 проценти, позитивен тренд на раст е забележан и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра, додека за оваа година регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра. – Над 2 300 нови […]