САД ќе ја испрати првата делегација на високо ниво во Кина за „затоплување на односите“
САД– Американската влада ќе ја испрати првата делегација на високо ниво во Кина откако претседателите на двете земји, Џо Бајден и Си Џинпинг, минатиот месец на Бали, ветија дека ќе работат на „затоплување на односите“.
Тие ќе ги посетат Кина, Јужна Кореја и Јапонија. Во Кина, мисијата на Критенбринк ќе биде почеток на исполнување на ветувањата на Бајден по неговата средба со Си Џинпинг на маргините на самитот на Г-20 во Бали во средината на ноември.
Двајцата лидери тогаш ветија дека ќе продолжат да ја водат конкуренцијата на нивните две земји на одговорен начин и да ги истражат потенцијалните области за соработка, соопшти Стејт департментот.
Бајден и Си разговараа и за неодамнешните прашања на несогласување како што се иднината на Тајван, ограничувањата на САД за увоз на кинески технолошки производи или влијанието на Кина низ светот.
Даниел Критенбринк ќе ја подготви и посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, закажана за почетокот на 2023 година, што ќе биде прва посета на истакнат американски дипломат на Кина во изминатите четири години.