Фернандеш: Нашиот сон пропадна, му честитам на Мароко за заслужениот пласман во полуфиналето
ОАЕ– Бруно Фернандеш го коментираше заминувањето на Португалија од Светското првенство 2022. Португалците загубија од Мароко (0:1) во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.
-Тешко е да се изрази со неколку зборови сето она што го почувствувавме вчера, штом заврши натпреварот. Нашиот сон е уништен. Дадовме се од себе работите да завршат поинаку. Тоа е тажно и болно, бидејќи да се претставува една земја значи многу повеќе од само играње фудбал. И покрај поразот, многу сум горд што сум Португалец. И уште повеќе сум горд на сите оние кои заедно со мене ја претставуваа нашата земја на ова Светско првенство.
Исто така, би сакал да му честитам на Мароко за одличната претстава и заслужениот пласман во полуфиналето“, напиша на Твитер играчот од средниот ред на Португалецот и Манчестер јунајтед.
Во полуфиналето Мароко на 14 декември ќе се соочи со Франција.