За 40 милиони долари: Бред Пит  го продава домот во Лос Анџелес во кој живееше со Џоли и нивните деца


САД- Бред Пит сака да се ослободи од имотот во Лос Анџелес што го поседува речиси 30 години. Ѕвездата од Вавилон (59) тивко го навела обемниот имот лоциран во населбата Лос Фелиз за околу 40 милиони долари, потврди извор за недвижнини за PEOPLE. Пит ја купи кучата од ѕвездата „Љубовница на темните“, Касандра Петерсон во […]

Најрана елиминација на Надал на Австралија опен од 2016 година


Австралија– Бранителот на трофејот и рекордер според бројот на освоени грен – слем турнири, Шпанецот Рафаел Надал, претрпе пораз денеска во 2. коло на Австралија опен од американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд со 4-6, 4-6, 5-7. Надал се повреди во завршницата на вториот сет по што побара лекарска помош. Во продолжение на дуелот имаше проблеми со движењето, но […]

Марго Роби со магичен фустан на Версаче на премиерата на „Вавилон“ во Сиднеј


Австралија– Како божица! Марго Роби беше визија во Версаче на премиерата на Вавилон во нејзината родна Австралија. За настанот на црвениот тепих во Сиднеј ги заслепуваше фотографите во корсет фустан со бебешко сина нијанса од италијанската модна куќа. Тоалетата имаше сатенска силуета која го обвиткуваше нешно телото и вкрстени ремени кои беа украсени со легендарниот […]

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со со максимална сигурност


Италија – Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство, е префрлен во затвор со максимална безбедност во централната провинција Аквила. Италијанската државна агенција АНСА соопшти дека објектот е опремен за строг затворски режим, попознат како „41-бис“, на кој се подложени осуденици од мафија. Според италијанскиот закон, затворскиот […]

„Манескин“ ја освои Америка- на ред е „Греми“


САД- По победата во 2021 на Евросонг во Ротердам со  Zitti E Buoni , Манескин можеби не изгледаше како очигледен кандидат да стане мејнстрим американска суперѕвезда. Но, тоа е токму она што се случи, наспроти сите предвидувања. По триумфот на Евросонг, а во 2021 ја имаа втората најуспешна песна на TikTok  со нивната бурна обвивка […]

Најмногу дожд во Лазарополе, на Попова Шапка 22 сантиметри снег


Во државава изутрина во седум часот не се регистрирани минусни температури, а најстудено со 0 степени е на Попова Шапка, каде има 22 сантиметри снежна покривка. Најмногу дожд изминатото деноноќе наврнало во Лазарополе, 35 литри на метар квадратен, по што следат Пожаране со 33, Маврови Анови со 29,  Попова Шапка со 24… Времето изутрина е […]

Три години од исчезнувањето на Марија Брзакова


Три години трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари 2020 година во утринските часови. Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена истражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде […]

Нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во Непал


Непал – Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник. Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети […]

Четири лица повредени во сообраќајка во Тетово


Четири лица се повредени синоќа околу 20 часот во сообраќајна незгода помеѓу три возила на улицата „Илинденска“ во Тетово. -Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила:„бмв” со тетовски регистарски ознаки управувано од Е Б.(21) од тетовско Селце, „ауди” со скопски ознаки што го управувал Б.Л.(35) од Република Албанија и „бмв” со […]

„Косоока“ или „Дупла вотка“: Дарио и „Миг 21“ со мега-концерт на 17 февруари во Филхармонија


Дарио и „Миг 21“ се враќаат на голема врата на македонската поп-сцена со концерт на 17 февруари во Македонската филхармонија, а по повод 40 години континуирана успешна кариера. Влезниците сè веќе во продажба по цена од 1.200 и 1.500 денари. Организатор е „Авалон-продукција“. Последниот ваков мега-концерт Дарио го имаше во поранешната „Универзална сала“, кога навистина […]

Александар Прокопиев: „Танцот на шарените шамичиња“ ги поттикнува децата да не се откажуваат од своите соништа


Во присуство на многубројна публика од сите генерации, книжевници и новинари,  во топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации на Сања […]

Блинкен: Немав сознанија за никакви доверливи документи


САД – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека немал сознанија за никакви доверливи документи. Тој го изјави ова откако во центарот Пен Бајден беа откриени некои доверливи документи од времето кога актуелниот американски претседател Џо Бајден беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама. Блинкен беше генерален директор на Пен Бајден Центарот за дипломатија и […]

Сопругот на Ана Волш, внуката на генерал Љубичиќ, е официјално обвинет за нејзиното убиство


САД- Обвинителот Мајкл Морисеј денеска соопшти дека надлежните имаат причина да веруваат дека 47-годишниот Брајан Волш ја убил својата сопруга Ана Волш (39) , која по потекло е од Србија, објавија американските медиуми.   Случајот предизвика многу внимание во Србија, но и во САД, поради деталите од истрагата и бруталноста со која беше изведено убиството. Убиецот […]

На средбата со Бајден, холандскиот премиер го вети системот Патриот за Украина


Холандија – Холандскиот премиер Марк синоќа го извести американскиот претседател Џо Бајден дека Холандија ќе и го понуди на Украина ракетниот систем Патриот. Холандија ќе им се придружи на САД и Германија во испраќањето на системот за противракетна одбрана „Патриот“ во Украина, истакна Руте на средбата со Бајден во Белата куќа. – Мислам дека е важно […]

Почна судењето во отсуство на лидерката на белоруската опозиција Тихановскаја


Белорусија– Во Белорусија вчера почна судењето во отсуство на лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која живее во егзил. Тихановскаја и уште четворица обвинети, кои исто така се во бегство, се обвинети за заговор за неуставно преземање на власта и формирање екстремистичка група. Таа го опиша судењето како „фарса“. Таа на својот канал Телеграм напиша дека сè уште не е информирана за […]

Состојба на патиштата


  ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА ПАТНИ ПРАВЦИ И ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ 06:00 часот СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег и магла со видливост до 50 метри има на Попова Шапка. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна […]

Магла со видливост до 50 метри на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег и магла со видливост до 50 метри има на Попова Шапка, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ […]

„Мими“ на Даријан Пејовски со три проекции во Кинотеката


Вториот игран филм на Даријан Пејовски, „Мими“ ќе биде прикажан во три проекции во јануарската програма на Кинотеката, вечер, на 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот. „Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Таа работи во трафиката кај својот вујко […]

„Вибрантен сликопис“- изложба на цртежи на Владимир Величковски во МКЦ


Во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на цртежи на професорот Владимир Величковски, насловена „Вибрантен сликопис“. – Величковски самиот потенцира дека својата прва самостојна изложба на слики ја организирал токму пред 50 години во тогашните простории на Домот на младите „25 Maj“, што се совпаѓа со минатогодишниот јубилеј […]

Единаесетта меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2023“


По 11. пат денеска и утре ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2023“ со наслов „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“ во организација на Центарот за напредни истражувања. Годинава, конференцијата ќе се одржи со физичко присуство и онлајн преку платформата Зум. – Тематски фокус на оваа конференцијата […]