Го фатил крстот на Водици, па парите ги донирал во хумани цели


Се чувствуваш возбудено, чекаш нестрпливо крстот да биде фрлен во осветените води на Водици. Па и ако го фатиш, чувството тешко се опишува со зборови. Тогаш си најсреќен човек. Таа среќа се памети и се споменува. Забораваш на студената вода околу тебе, магијата на божествениот миг ти ги грее и телото и душата, раскажува за […]

Џулијан Сандс, ѕвездата на „Соба со поглед“, исчезна по планинарење во Калифорнија


САД- Џулијан Сандс исчезна откако се искачи на смртоносната планина Балди во Јужна Калифорнија. Властите моментално трагаат по актерската ѕвезда на неколку филмови номинирани за Оскар, вклучувајќи го и „Соба со поглед“, (65), откако неговото семејство го пријавило како исчезнато во петокот, потврдуваат PEOPLE. „Околу 19:30 часот во петокот, на 13 јануари, планинар беше пријавен […]

Николовски во Берлин на 15. Конференција на министрите за земјоделство во рамки на „Зелена недела“


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од денеска до 21 јануари 2023 година заедно со делегација на Министерството ќе учествува на 15. Конференција на министрите за земјоделство 2023 која се одржува во рамки на меѓународниот саем за земјоделство „Зелена недела“. Предвидено е Николовски да има обраќање на конференцијата на која се очекува министрите […]

Пенелопе Круз, Дуа Липа, Роџер Федерер- Мет гала ги објави кодомаќините на Ана Винтур за 2023


САД- Пенелопе Круз, Роџер Федерер, Дуа Липа и Микаела Коел се кодомаќините на годинешната Мет Гала, на својот традиционален датум- во првиот понеделник во мај. Се разбира, Ана Винтур од „Вог“ е домаќинка на гала настанот со добротворен карактер на Институтот за костими на Музејот на уметност Метрополитен – или како што некои сакаат да […]

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 34 романи


На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 34 романи. Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина […]

Ковачевски на Богојавление во Охрид


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид. Со премиерот Ковачевски, во Охрид ќе бидат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Предвидено е Ковачевски и […]

Архиепископот Стефан ќе го положи светиот крст во Вардар кај мостот „Слобода“


Поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан денеска околу пладне ќе го положи светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје по повод празникот Богојавление – Водици. Крстот во Вардар ќе се обидат да го фатат околу 130 верници. Од МПЦ-ОА – Скопска епархија за МИА информираа дека сите пријавени се полнолетни и се проверени на […]

За Водици автобусите со неделен возен ред, дежурни три билетарници


Јавниот превоз во Скопје денеска ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици.   Како што соопшти ЈСП „Скопје“, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.   Дежурни од 6 до […]

Посебен сообраќаен режим за Водици во Скопје


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска по повод празникот Водици ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 08:00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот […]

Православните верници го слават Богојавление-Водици


Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на […]

Облачно, релативно топло и пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 јануари 2023 година, 19-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 346 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 32 минути. Денов трае 9 часа и 34 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Тешка сообраќајна несреќа кај Рампа


Тешка сообраќајка се случика вечерва кај Стара рампа на влезот на Кисела Вода. Според видеото објавено од „Канал 5“, на местото на несреќата интервенираат екипите на МВР и Брзата помош. Предните делови и на двете возила се целосно смачкани, но засега нема информации дали има повредени или настрадани лица.

Ким Кардашијан штотуку го купи омиленото парче накит на леди Дајана


САД- Крстот Аталах, крст од аметист што го носеше и сакаше принцезата Дијана, продаден е за 163.800 фунти (197.453 долари) за време нааукцијата на Сотби на Ким Кардашијан. Според соопштението за медиумите од Сотби, четворица понудувачи се натпреварувале за парчето во последните пет минути од продажбата, но Кардашијан ги надминала сите. Легендарениот крст беше продаден […]

Зголемена трговската размена на Албанија со  Македонија


Албанија – Благодарение на олеснувањето на трговските процедури меѓу земјите од регионот, има зголемување на комерцијалната размена во областа на земјоделството и храната, јави АТА.   Според статистиката на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој, во 2022 година, преку иницијативи и намалување на царините и други пречки, земјата успеала да го зголеми за 25 отсто […]

Трамп побара официјално да се врати на Фејсбук


САД– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално побара да се врати на Фејсбук, објавија денеска негови соработници. Скот Гаст, адвокатот на Трамп, упати писмо до основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Во него тој побара средба за да се разговара за брзото враќање на Трамп на социјалната мрежа. Во писмото, адвокатот ја повикува платформата да поттикне вистински […]

Тупанчевски: Може да се разрешат и други директори за бекството на Мемети


Министерот за правда Никола Тупанчевски вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата […]

Општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај


Турција– Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец пред датумот што го објави претходно. Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите […]

Трите ќерки на Лиза Мари Присли ќе го наследат Грејсленд


САД- Легендарниот Грејсленд во Мемфис, Тенеси, во кој живееше и почина Елвис Присли и втор најпосетуван дом во Америка, ќе остане во семејството Присли. По смртта на Лиза Мари Присли во четвртокот на 54 години, од срцев удар, имотот Грејсленд ќе го наследат нејзините ќерки од два брака – Рајли, Харпер и Финли, потврди за […]

Марк Ангал ја наследи Ева Каили на местото потпретседател на ЕП


Франција – Европскиот парламент го избра луксембуршкиот социјалдемократ Марк Ангал за нов потпретседател, откако неговата претходничка Ева Каили беше уапсена и разрешена под обвинение за примање мито од Катар. Ангал, кој е член на Европскиот парламент од 2019 година, стана еден од 14-те потпретседатели на ЕП, а беше избран по два круга тајно гласање. Тој во првиот круг ја […]