Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар


Хрватска – Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми. Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa. Елвира Којиќ […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

НП Галичица оставена без финансиска поддршка од државата


Националниот парк Галичица и покрај проблемите со кои се соочува поради загрозувањето на статусот на Охридскиот регион на светско природно и културно наследство на УНЕСКО, не добива финансиска поддршка од државата за управување. Во моментов се финансира од наплата на влезници и од меѓународни донации кои не се загарантирани и постојани и доколку тие средства […]

Шолц на четиридневна турнеја низ Јужна Америка


Германија – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска заминува на четиридневна турнеја низ Јужна Америка. Тој ќе ги посети Аргентина, Чиле и Бразил. Ова е негова прва посета на регионот откако е на чело на германската Влада од крајот на 2021 година, јави ДПА. Првата станица на социјалдемократот е Аргентина, денес ќе оди во Чиле, а потоа во дводневна посета […]

Мекинро: Ѓоковиќ заслужува многу повеќе почитување


Австралија – Тенисот што го игра Србинот Новак Ѓоковиќ се потценува, оцени легендарниот американски тенисер Џон Мекинро, додавајќи оти освојувачот на 21 грен – слем титули заслужува поголемо почитување од публиката. -Роџер Федерер и Рафаел Надал се меѓу најталентираните и најценети играчи кои некогаш сме ги виделе. За мене, Роџер играше најубав тенис, додека интензитетот на […]

Кинотека го додаде Кирил Ценевски во својата „Куќа на славните“


Посетителите на Кинотеката секогаш ги „пречекува“ нашата своевидна „Куќа на славните“ – ѕидот на кој се поставени фото-портретите на доајените на македонската кинематографија. По повод 80 години од неговото раѓање, на 28 јануари 1943 година, Кинотеката го постави и портретот на филмскиот режисер и сценарист Кирил Ценевски, кој почина на 17 јуни 2019 година во […]

Македонскиот пазар на труд отворен за работници од странство, се чека ратификација на договорите од „Отворен Балкан“


Во македонскиот парламент се уште се чека ратификација на Договорите од иницијатијата Отворен Балкан со кои се предвидува од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји. Линк до целиот текст тука

Во Македонија 150 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матка


Ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи во светски рамки. Во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат, а 20 жени ја губат битката со оваа болест. Само со сеопфатен пристап на превенција, прегледи и лекување може да стави крај на карцином на […]

Променливо облачно и студено


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени. Во Скопје променливо […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 29 јануари 2023 година, 29-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 336 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 16 часот и 44 минути. Денов трае 9 часа и 53 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее […]

Костадиновска-Стојчевска на Зимска школа за македонски јазик: Создаваме трајни врски на македонистиката низ светот


„Да се има 40 нови пријатели од 17 земји, од четири континенти, кои го сакаат вашиот јазик, кои избрале од повеќе од 7000 јазици на светот да го научат токму вашиот мајчин јазик, е чест. Трајни врски создаваме со реномирирани професори, истражувачи, преведувачи,  посветеници на македонистиката, но и студенти, ентузијасти кои се навистина големи амбасадори […]

Дресот на Леброн Џејмс од НБА финалето 2013 продаден за 3,68 милиони долари


САД – Дресот во кој Леброн Џејмс со Мајами ја освои НБА титулата, совладувајќи го Сан Антонио со 95-88 во решавачкиот, седми, натпревар од финалната серија во 2013 година, е продаден на аукција во Њујорк за 3,68 милиони долари. Дресот во кој Џејмс на тој натпревар постигна 37 поени, додавајќи 12 скокови и четири асистенции, стана […]

Францускиот институт во Скопје во модно руво- пристигна изложбата „Моливерзум“


Модните дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека во Скопје, инспирирани од комедиите во стихови на Молиер кои се класика во светската литература пристигнаа во Францускиот институт во Скопје – и како презентација и како декор во излогот. Амбициозниот проект од три фази, наречен  „МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS“, со користење на […]

Актерот Алан Каминг го враќа британскиот орден заради „токсичност на империјата“


Англија– Шкотскиот актер Алан Каминг изјави дека ја враќа својата награда ОБЕ – Офицер на Редот на Британската империја -, велејќи дека очите му биле „отворени“ поради „токсичноста на империјата“. Пишувајќи на својата страница на Инстаграм, актерот од „Инстинкт“ и „Добра сопруга“, кој исто така има американско државјанство, рече дека иако бил „неверојатно благодарен“ што […]

Повредениот Надал ќе отсуствува од шест до осум недели


Шпанија– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека повредата која ја здоби во 2. коло на Австралија опен ќе го отстрани од терените во следните шест до осум недели, што, најверојатно, значи негово враќање на стартот на сезоната на турнирите на земјена подлога. „Извршив прегледи во клиниката Кекнон Тенис во Барселона. Потврдена е дијагнозата од Мелбурн и времето […]

Агенцијата за заштита на лични податоци се соочува со недостиг на вработени


Во текот на скринингот Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) е пофалена за нашата досегашна работа, но искажана е загриженоста што и ние ја споделуваме за немањето доволен персонален капацитет на Агенцијата да се справи со новите предизвици, посебно со новиот Закон за заштита на лични податоци, изјави денеска директорот на АЗЛП Имер Алиу […]

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ со понуди на тендерот за субвенции за нови летови


Авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан ерлајнс“ доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Понудите беа отворени денеска во Министерството за транспорт и врски од страна на Комисијата за таа намена. […]

Ѓоковиќ во финале на Австралија опен


Австралија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ експресно се справи со Томи Пол и со 3-0 (7-5, 6-1, 6-2), па се пласираше во финалето на Австралија опен. Првиот фаворит во Мелбурн одигра според планот, го декласира противниот од Америка и закажа меч за трофејот со Стефанос Циципас.  Пол парираше само во првиот сет, иако отвори катастрофално. Ѓоковиќ […]

Филмот „1963: ДОБРА НОЌ СКОПЈЕ“ на Илија Павлов може да се гледа и на јутјуб


Филмот „1963: ДОБРА НОЌ СКОПЈЕ“ на Илија Павлов отсега може да се гледа и на јутјуб https://www.youtube.com/watch?v=AFTf34Crrco. Направен е со скенирање на 8мм, 16мм и 35мм филмски ленти, а прикажува материјали кои досега се необјавени. Филмот трае 26 минути како симболика за кобниот 26 јули. Специфичен е редоследот на кој се прикажани материјалите, со силна […]