Гимназијалци го исчистија муралот со Новак Ѓоковиќ на Косово, тој повторно блеска


Косово- Муралот со Новак Ѓоковиќ во селото Ораховац на Косово, повторно блесна. Благодарение на гимназијалци од местото кои заедно со професорите, директорот на гимназијата и неколку професори го измиле белиот поликолор кој некој претходно го истурил врз сликата, пишува српски Телеграф. Цртежот на Ѓоковиќ под кој на српски и италијански е напишано „Нема враќање назад, […]

Американската војска објави фотографија од остатоците од соборениот кинески балон


САД- Американската морнарица објави фотографија од соборениот кинески балон за кој се сомнева дека е шпионски. Командата на американските поморски сили на својата страница „Фејсбук“ објави неколку фотографии на кои се гледа како припадниците на војската ги влечат големите остатоци од балонот во чамецот. Во соопштението се вели дека морнарите кои ги извлекле остатоците во […]

Грција испраќа втор спасувачки тим во Турција


Грција- Грција денеска испраќа втор спасувачки тим во Турција за дополнително да помогне во спасувачката акција по силниот земјотрес од понеделникот, објавија грчките медиуми. Според истите информации, од Солун заминува тим од 15 пожарникари од специјалната спасувачка единица со едно куче спасувач и две возила, заедно со инженер од противпожарната служба и три лекари и […]

Дали Западот успеа да ја приклешти Русија со санкциите?


„Фондот за црни денови“ на Путин е речиси преполовен за една година. Буџетскиот дефицит на Русија скокна на 1,76 трилиони рубљи (24,78 милијарди долари) во јануари под влијание на остриот пад на приходите, особено од продажбата на енергетски производи, и скокот на расходите, покажуваат прелиминарните податоци на руската влада. Приходите од продажбата на нафта и […]

Турски театар ќе ги донира парите од претставата „Бела фигура“ за настраданите во земјотресот во Турција


НУ Турски Театар на 08.02.2023 г. (среда) во 20.00 часот ќе ја изведе претставата BELLA FİGURA од Јасмина РЕЗА и во режија на Ирена Стеријовска. „Приходите од билетите на претставата ќе бидат донирани за населението погодено  од земјотресот во Турција. Сега е момент кога треба да ја покажеме нашата благородност,  хуманост и солидарност“, велат оттаму. Автор:  Јасмина Реза Режија: […]

Во Нов Зеланд запленети 3,2 тони кокаин кој пловел низ Пацификот


Австралија – Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, проценет на 279,5 милиони евра, кој пловел преку Пацификот, најверојатно наменет за Австралија. На фотографија објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот, прикачени на сплавови пред заплената. „Ова е една од најголемите заплени на […]

Почина легендарниот хрватски тренер Ќиро Блажевиќ


Хрват – На ден пред својот 88 роденден почина Мирослав Ќиро Блажевиќ, легендарниот хрватски тренер. Блажевиќ беше прогласен за „тренер на векот“ на Динамо, клуб на кој по 24 години му ја донесе шампионската титула во 1982. Својата блескава тренерска кариера Блажевиќ ја започна во Швајцарија, во нисколигашот Вевеј, потоа го презеде Сион со кој […]

Ново дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов


 Во чест на 70-годишнината од формирањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и 120-годишнината од излегувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков, утре  во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе биде одржана промоција на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ (прво и второ […]

На Попова Шапка -17 степени и половина метар снег


На Попова Шапка утрово се измерени -17 степени Целзиусови, во Берово -15, Крушево -14, Маврово -12, Битола и Тетово -11, во Скопје и Охрид -9, а -3 во Гевгелија. На Шапка има и најмногу снег 49 сантиметри, во Маворово снежната покривка е 18 сантиметри, а во Крушево четири, информира УХМР. Во текот на ноќта времето […]

Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА


САД – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч. Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера. […]

Сообраќајот тековно и без застои


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Трамп за говорот на Бајден: Не води до работ на Трета светска војна


САД–  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изнесе салва од напади врз претседателот Џо Бајден, остро осудувајќи го неговото обраќање за состојбата на нацијата. Додека салата во Претставничкиот дом полека се празнеше, тимот на Трамп објави на Твитер претходно снимено видео од неговиот „одговор“ за состојбата на нацијата. Трамп го обвини Бајден дека „не доведе до работ […]

Без струја делови од повеќе скопски општини, без вода дел од Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел, Сарај, Кисела Вода, Аеродром и Петровец. Од 11 часот до 12 часот […]

Министерот Сали во посета на Универзитетските клиники за хируршки болести и за неврологија


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе ги посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ и Универзитетската клиника за неврологија.   Како што соопштија од Министерството за здравство, посетата на министерот Сали е по повод обезбедена нова медицинска опрема со поддршка од Светска банка.

Бајден во говорот до нацијата повика на единство во остро поделениот Конгрес и вети поддршка за Украина колку што и ќе и биде потребна


САД– Американскиот претседател Џо Бајден во својот редовен годишен говор за состојбата во нацијата ноќеска повика на единство во остро поделениот Конгрес, го пофали зголемувањето на работните места, а ги допре и темите за војната во Украина и стратешката конкуренција со Кина. На големиот годишен говор за општата политика, во кој секој американски претседател ја […]

Сончево и студено


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен […]

НОБ со балетот „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив


Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, синоќа гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.   На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.   Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, […]

Денови на канадската литература


Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“.   Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 8 февруари 2023 година, 39-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 326 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 39 минути, а ќе зајде во 16 часот и 57 минути. Денов трае 10 часа и 17 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Салман Ружди за „Њујоркер“: Среќен сум што преживеав


САД- Благодарен сум и среќен што го преживеав нападот, вели славниот ирански писател Салман Ружди во првото интервју по нападот на 12 август лани во Њујорк, кога на сцена за време на предавање беше прободен од еден маж. Денеска излезе неговиот нов роман „Градот на победата“ , а Ружди на Твитер ја објави првата фотографија […]