Стејт департментот загрижен поради затворската казна за градоначалникот на Истанбул


САД – Американскиот Стејт департмент изразува „длабока загриженост и разочарување“ поради одлуката на турското правосудство да го осуди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу на казна затвор, изјави денеска заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.   „Оваа неправедна казна не е во согласност со почитувањето на човековите права, основните слободи и владеењето на правото. Ние сме …

Стејт департментот загрижен поради затворската казна за градоначалникот на Истанбул Read More »

Традиционален предновогодишен концерт на Градски дувачки оркестар во МКЦ


Во салата 25 Мај во МКЦ, вечер со почеток од 19:30 часот ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на ансамблот на Градскиот дувачки оркестар. На годинашниот празничен концерт ќе биде изведена следната програма: “A Christmas festival” – L. Anderson “Forever and ever – arr. Х. Еминовиќ “Final count down – J.Tempest “What a wonderful World …

Традиционален предновогодишен концерт на Градски дувачки оркестар во МКЦ Read More »

ЕУ денеска ја носи конечната одлука за кандидатскиот статус на БиХ


Белгија – Шефовите на земјите членки на Европската унија денеска на самит во Брисел ќе го дадат последниот збор за кандидатскиот статус на БиХ и почетокот на пристапните преговори на оваа земја со ЕУ. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, пред два дена изјави дека не очекува никакви проблеми при донесувањето на денешната …

ЕУ денеска ја носи конечната одлука за кандидатскиот статус на БиХ Read More »

Во Брисел по поразот на Мароко приведени стотина навивачи


Белгија – Околу стотина навивачи се приведени синоќа во Брисел поради нереди по поразот на Мароко од Франција со 2:0 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во фудбал, што се одржува во Катар, информираше новинската агенција Белга, повикувајќи се на полицијата. Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски …

Во Брисел по поразот на Мароко приведени стотина навивачи Read More »

Самит на лидерите на ЕУ во Брисел


Белгија– Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска на самит во Брисел ќе разговараат за војната во Украина, енергетската криза и зајакнувањето на одбранбените капацитети на Унијата. Европскиот совет ќе го разгледа продолжувањето на политичката, воената и хуманитарната помош за Украина и обновувањето на виталната инфраструктура во земјата за да се справи со зимските услови, објавено е на веб-страницата на Европската комисија. На самитот треба …

Самит на лидерите на ЕУ во Брисел Read More »

Сообраќајот на патот Маврово – Дебар по една лента поради свлечиште


Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, помеѓу бензинската пумпа Макпетрол и манастирот Св.Јован Бигорски од 06:45ч. се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 20м. АМСМ информира дека од 03:10 часот, поради свлечиште, беше блокиран регионалниот патен правец Ростуше – Дебар. Екипите на Ј.П. Македонија пат работат на расчистување на свлечиштето и …

Сообраќајот на патот Маврово – Дебар по една лента поради свлечиште Read More »

Американската Централна банка ги зголеми каматните стапки, ги намали проценките за раст на БДП


САД- Американската централна банка (ФЕД) ги зголеми каматните стапки со побавно темпо од претходниот период, како што се очекуваше на финансиските пазари, но ги зголеми проценките за инфлацијата и ги намали проценките за економскиот раст во следната година. Откако ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени во четирите претходни сесии, ФЕД вчера ги зголеми трошоците за задолжување за …

Американската Централна банка ги зголеми каматните стапки, ги намали проценките за раст на БДП Read More »

Ескобар за Н1: Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан


Србија– Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, е оптимист за решавање на кризата во Косово. Тој смета дека не е време за милитаризација туку за преговори и дека Србија не треба да ја враќа војската на Косово. Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан. Здружувањето е неопходно, бидејќи „иднината ќе ви …

Ескобар за Н1: Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан Read More »

Продолжува сослушувањето на Димовски пред матичната собраниска комисија за случајот Онишченко


Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов за денеска го закажа продолжението на седницата на која сега веќе поранешниот дирекрот на АНБ Виктор Димовски треба да продолжи со рефереирање за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на …

Продолжува сослушувањето на Димовски пред матичната собраниска комисија за случајот Онишченко Read More »

Нацоски и Чамаруги солисти на концертот „Сафи“ на Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сафи“ на кој како солисти ќе настапат македонскиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент е Виктор Митревски, а на програмата се увертирата од операта „Така прават сите“ и Концертот за пијано и оркестар  бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, Соло песни …

Нацоски и Чамаруги солисти на концертот „Сафи“ на Филхармонија Read More »

„Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар


На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Креонт и Антигона“, авторски проект на режисерот Дејан Ангелов. Во создавањето на претставата се користени текстови од Жан Ануј, Софокле и други извори, а покрај режисерот Ангелов, зад претставата стојат соработниците: сценографот Филип Коруновски, костимографот Раде Василев, композиторот Ставре Ангелаков, а …

„Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар Read More »

Уметничката група XXL од Софија во Мала станица


Официјално претставување на уметничката група XXL ќе се одржи денеска во мултимедијалниот центар „Мала станица“, по што ќе следи и отворање на изложба. – Националната галерија на Република Северна Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија. По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во …

Уметничката група XXL од Софија во Мала станица Read More »

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино


Во Неготино во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ денеска и утре ќе се одржи фестивалот за млади „Џифони патува“, а на него ќе учествуваат учениците од гимназијата. – Фестивалот ќе го отвори градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, а потоа младите ќе се запознаат со мисијата на „Џифони Македонија“ и во текот на двата дена …

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино Read More »

Променливо облачно со повремен дожд и магла


Во утринските часови ќе има појава на локален дожд во западните делови на државата, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната …

Променливо облачно со повремен дожд и магла Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 15 декември 2022 година, 349-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 16 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 8 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”денес (четврток, 15 декември) го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината за 2022 година” кој ќе трае до 15 јануари следната година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2022 година. Наградата „Роман на годината”, чиј генерален покровител …

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ Read More »

СЗО: Пандемијата би можела да заврши наредната година


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) е оптимистична дека вонредната глобална здравствена состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот може да заврши во 2023 година. „Се надеваме дека следната година ќе можеме да кажеме: Ова повеќе не е пандемија“, изјави денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Иако додаде дека „вирусот е тука да остане“, …

СЗО: Пандемијата би можела да заврши наредната година Read More »

Белгиски државјанин осуден на 28 години затвор во Иран


Белгија– Иран денеска осуди 41 годишен белгиски државјанин на 28 години затвор. Белгиецот Оливие Вандекастеле е хуманитарен работник кој веќе со месеци е во притвор во Техеран. Денеска иранскиот суд го осуди на 28 години затвор, според неговото семејство. Семејството вели дека било информирано за веста од страна на белгискиот премиер, Александер Де Кро и …

Белгиски државјанин осуден на 28 години затвор во Иран Read More »

КЗБ: Стабилна состојбата со респираторниот вирус и Ковид-19


Стабилна е состојбата со инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми, констатираше денеска Комисијата за заразни болести, која на состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата. Како што соопшти Министерството за здравство, на состанокот …

КЗБ: Стабилна состојбата со респираторниот вирус и Ковид-19 Read More »

Во Турција од 1 јануари ќе се наплаќа туристичка такса


Турција – Во Турција од 1 јануари се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции. Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус. Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 …

Во Турција од 1 јануари ќе се наплаќа туристичка такса Read More »