Азербејџанскиот амбасадор, Касијев во посета на Собранието


Азербејџанскиот амбасадор во земјава Камил Касијев денеска ќе го посети Собранието.  Како што информира собраниската прес-служба, Касијев ќе се сретне со претседателот на пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Азербејџан, Енес Ибрахим, како и со членовите. 

Повеќе скопски населби денеска без струја


 Без електрична енергија денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Коста Новаковиќ“ бр.20 и бр.22 и „Васко Карангелевски“ бр.13. Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Сотир Томовски“, „Водоча“, „Гаврил Константиновиќ“ и „Мите Богоевски“ во општина Аеродром.  Без струја […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо […]

Форбс: Роналдо најплатен спортист во светот


Лондон– Португалецот Кристијано Роналдо стана најплатен спортист во светот, објави денеска магазинот Форбс, проценувајќи дека 38-годишниот фудбалер на саудиски Ал Наср заработил 136 милиони долари од приходи на теренот и надвор од него во изминатата година. На второ место на листата на Форбс е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој лани инкасирал 130 милиони долари, а […]

(Видео) Обраќање на премиерот Ковачевски во СБ на ОН


Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на отворената седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ковачевски ќе се обрати пред СБ на ОН на покана на претседавачот, Швајцарија. Тој е првиот македонски премиер кој се обраќа пред Советот за безбедност на ОН. Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани […]

Секој трет адолесцент има депресија, младите се борат во тишина поради стигмата


Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот […]

Обама во Берлин: По Шолц и Меркел, мотивациски говор пред 17.000 лица


Берлин– Поранешниот американски претседател Барак Обама се наоѓа во посета на Берлин, каде во денеска се сретна со актуелниот канцелар Олаф Шолц и поранешната канцеларка Ангела Меркел. „Поранешниот американски претседател Барак Обама и германскиот канцелар Олаф Шолц се сретнаа на заеднички ручек во канцеларијата на канцеларот“, објавија германските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до […]

„Плачеш како кит“ – нов роман на Ѕвездан Георгиевски


Во издание на издавачката куќа Бегемот, излезе од печат романот „Плачеш како кит“ од реномираниот новинар и писател Ѕвездан Георгиевски. „Плачеш како кит“ е негов втор роман и следува по дебитантскиот роман „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“, како и по збирката раскази „Да не бидам покусо“ и збирката есеи „Урбани топоними“. Објавувањето […]

Внук на Блага Видец, дел од бендот на Здравко Чолиќ, пофален од Ал Ди Меола: Кој е Слоба Драговиќ?


Пијанистот и композитор Слоба Драговиќ на 17 мај го објавува својот нов сингл и видео запис „Неизвесни времиња“ (Uncertain Times) , кои ќе бидат достапни на сите стриминг платформи. Со оваа композиција авторот ја опишува моменталната глобална ситуација и неговото лично емотивно искуство. Комбинирајќи џез и симфониско-рок стилови со влијанието на филмската музика, авторот создава […]

Спомен-собата на Киро Глигоров посетена од ученици, пензионери и граѓани


 Ученици од основните училишта, граѓани и пензионери денеска ја посетија Спомен-собата на првиот претседател на независна Република Mакедонија Киро Глигоров. Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ денеска имаше организирано отворен ден за посета на Спомен-собата по повод денот на раѓањето на Глигоров. Кирил Панајотов, вработен во Општина Штип, вели дека граѓаните денеска имаа можност да се […]

Том Круз има долгогодишни врски со кралското семејство, еве како


Лондон- Том Круз, кој неодамна се приклучи на ѕвездената постава за претстојниот концерт за крунисување на кралот Чарлс Трети, има долгогодишни врски со британското кралско семејство. 60-годишниот актер треба да се појави „во серија претходно снимени скици и сегменти кои откриваат малку познати факти за Кралот“ на кралскиот настан во недела, според Би-Би-Си. Иако учеството […]

Музика, светлосни проекции и филм на кирилица по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик


По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, в петок ќе се одржат повеќе културни настани во организација на Министерството за култура преку кои ќе се одбележи овој значаен ден. Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето. Во […]

Пирс Броснан за прв пат ја почувствува моќта на Мет Гала


Њујорк– Нивниот прв пат! Пирс Броснан и Кели Шеј Смит го имаа своето деби на Мет Гала во понеделник, 1 мај, годинава, во чест на дизајнерот Карл Лагерфелд.  Броснан (69) носеше едноставен црн смокинг додека Смит (59) се одлучи за елегантен црн фустан со блескава проѕирна наметка. Насмевка ги красеше нивните лица, а во еден […]

Одложена претставата „Птица со глава меѓу нозе” во Драмски театар


Претставата „Птица со глава меѓу нозе” е одложена од технички причини,  информираат од Драмски театар. Од театарот ги информираат добитниците на доделените гратиси дека билетите ќе важат за утрешната претстава „My name is Goran Stefanovski”.

Од утре 35. издание на Саемот на книга, годинава фокусот на важноста на мајчиниот јазик


Богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи и со присуство на домашни и странски автори најавуваат организаторите на годинашното издание на Саемот на книга, кој почнува од утре а ќе се одржува до 10-ти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На Саемот се очекува бројот на посетители да се искачи и до 30 […]

„Набуко“ ги отвора, а „Аида“ ги затвора 51. „Мајски оперски вечери“


 Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Оваа година фестивалот се вклопува со годишнината 2010 години од раѓањето на Џузепе Верди. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав […]

Публиката танцуваше на „Кантон 6“ на „Катовице ЏезАрт Фестивалот“


Во концертната сала на Катовице Миасто Огродов (Katowice Miasto Ogrodów), иако седната, публиката танцуваше за време на настапот на „Кантон 6“ кој ја одушеви со современиот електро-џез, комбинација на електроника и тромбон во живо и музика инспирирана од автохтониот бит и фолклор на нашата земја. За впечатливоста на настанот придонесе и адекватната визуелизација од архивски снимки […]

„Заедно“ во Брисел: Илхан Ќучук отвори изложба на уметници од Бугарија и Македонија во Европскиот парламент


Заедничка изложба наречена „Заедно“ на уметници од Бугарија и Северна Македонија беше отворена синоќа во зградата на Европскиот парламент во Брисел од европратеникот Илхан Ќучук. Специјален гостин на настанот беше претседателката на ЕП Роберта Мецола. Според неа, Европската Унија и Парламентот се посветени на унапредување на долгорочните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. „Ќе продолжиме […]

Кевин Костнер се разведува од втората сопруга по 18 години брак


  Сопругата на Кевин Костнер, Кристин, поднесе барање за развод од ѕвездата на „Јелоустоун“ по повеќе од 18 години брак. Според документите до кои дојде ТМЗ, Кристин во понеделникот поднела документи за да го прекине бракот и наведе „непомирливи разлики“. Таа не бара изддршка од брачниот другар, бидејќи има предбрачен договор. Тие имаат три деца: […]

Ферус Мустафов се бори за живот: Се огласи неговиот внук


  Легендарниот македонски кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов (1950, Штип) е хоспитализиран и се бори за живот. Ова на социјалните мрежи го откри неговиот внук Ферчо Мустафов. „До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот. […]