Пендаровски ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс


Претседателот Стево Пендаровски како претставник на Македонија ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс на 6 мај. Шефот на државата ја прифатил поканата која пристигнала од Бакнгемската палата, потврди неговиот кабинет. Тој придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, на 19 септември лани во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на […]

„Македонија виа Италија“ – фотографска изложба на Влатко Рафески


Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од Влатко Рафески, насловена „Македонија виа Италија“. Ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат со најубавите планински пејзажи од Македонија и ОД италијанските Доломити. Влатко Рафески (1980, Скопје) повеќе од 12 години се занимава со пејзажна фотографија и, како […]

Холивудските сценаристи во штрајк, продукцијата на филмови и серии може да прекине


Филмските и телевизиските сценаристи во Холивуд стапуваат во штрајк, запирајќи бројни продукциски проекти и задавајќи ѝ удар на индустријата што последниве години беше погодена од пандемијата и огромните технолошки промени, пишува Њујорк Тајмс. Синдикатите кои ги претставуваат сценаристите преку соопштение информираа дека „едногласно гласале за свикување штрајк“. Штрајкот започна вчера попладне. Алијансата на филмски и телевизиски продуценти, […]

Турција месецов се соочува со клучни избори – Ердоган или Кемал?


Анкара – Во Турција на 14 мај ќе се одржат претседателски и парламентарни избори, а светските медиуми веќе пишуваат дека акцентот ќе биде ставен на изборот на новиот претседател, бидејќи Реџеп Таип Ердоган по подолго време се соочува со сериозен противкандидат – Кемал Киличдароглу. Турската опозиција се одлучи да застане позади Киличдароглу, додека предизборните анкети […]

Османи во посета на САД, ќе се обрати пред Советот за безбедност на ООН


Во рамки на одбележувањето 30 години од рамковниот договор ОБСЕ-ОН, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи од денеска е во посета на САД. Како што соопшти МНР, на покана од Претседателството на Швајцарија со Советот за безбедност на ОН, утре Османи ќе се обрати пред Советот, при што ќе ги претстави […]

Со што сè се соочуваат украинските бегалци во САД?


Бон– На почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Ана (редакцијата и го смени името) била бремена во шестиот месец. Сакала да избега што подалеку и се одлучила за Соединетите Американски Држави. Два месеци по почетокот на рускиот напад врз Украина, американските власти организираа програма за помош наречена „Обединување за Украина“. Според […]

На крунисувањето на кралот Чарлс не се поканети лидерите на седум земји


Лондон – Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави за локални медиуми неименуван извор. Според него, на крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските […]

Извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите во светот, каде е Македонија?


Во најновиот извештај на Репортери без граници за светскиот индекс на слободата на медиумите, Србија е единствената земја од Западен Балкан чија позиција се влошила во 2023 година – рангирана е на 91 место од 180 земји. Во извештајот се наведува дека провладините медиуми во Србија шират руска пропаганда – најголем пад   во регионот […]

Во Португалија запленети 4,2 тони кокаин


Лисабон – Португалските власти   соопштија дека заплениле 4,2 тони кокаин од брод кој доаѓал од Колумбија, а дрогата била скриена во палети со банани.  Тоа е најголемата заплена на кокаин оваа година и една од најголемите во изминатите неколку години, соопшти полицијата.  Дрогата, скриена во шест палети полни со банани, влегла на португалска територија […]

Промоција на роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче


Книгоиздателството „Матица македонска“ денеска напладне во книжарницата „Матица ексклузив“ ќе го промовира романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. -Големата љубовна одисеја на Гоце и Јанка почнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години. Траела речиси три години, до […]

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии


Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат денеска во 12 часот пред Министерството за финансии, бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот. Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 3 мај 2023 година, 123-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 242 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 28 минути, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 14 часа и 6 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Гутереш: Слободата на медиумите е нападната секаде во светот


Њујорк – Слободата на медиумите е нападната секаде во светот, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, осудувајќи ги нападите врз новинарите, како и дезинформациите. „Сите наши слободи зависат од слободата на медиумите … Слободата на медиумите е витален елемент на човековите права“, рече Гутереш во видео порака емитувана во пресрет на денешниот Светски […]

И маникирот беше важен на Мет Гала, еве кој беше најуникатен


Њујорк- Маникирот во принцип е моден додаток за фантастичните ансамбли на црвениот тепих. Меѓутоа, на Мет Гала 2023 година, ова беше далеку од случајот. Во денешно време сите сме фанатици за нокти. И, во првиот понеделник од мај во 2023 година, бевме благословени со одлична информација. Мат францускиот маникир на Џенифер Лопез (од нејзиниот долгогодишен […]

Туфегџиќ: Не е предвидено разрешување на претседател на Советот


Адвокатот Владимир Туфегџиќ вечерва изјави дека не е предвидена процедура за разрешување на претседател на Судскиот совет.  -Согласно законот, точно е дека нема и не е предвидено разрешување на претседател на Советот, а факичката состојба е дека избраниот претседател нема мнозинство кое го загуби со седум гласа. Во вакви околности, тој претседател и ако продолжи […]

Дени Гловер снима во Албанија, се сретна со градоначалникот на Тирана


Тирана – Познатиот американски актер Дени Гловер престојува во Албанија. Гловер е американски актер, филмски режисер и политички активист, познат е по неговата главна улога како Роџер Мурто во серијата филмови „Смртоносно оружје“ во кој игра заедно со Мел Гибсон. Во Албанија ќе снима некои делови од серискиот филмот „Обвинителот“, кој ќе се емитува на […]

Дуа Липа и Пријанка Чопра носеа легендарни дијаманти на Мет Гала


Њујорк– Многу од тоалетите на годинешниот црвен килим на Мет Гала беа еднобојни, при што повеќето гости се одлучија за црно-бели дизајни со изобилство на бисери во чест на покојниот Карл Лагерфелд. Меѓутоа, одредени ѕвезди го засилија сјајот и бојата преку префинетиот накит. Боливудската актерка со холивудска кариера и ексмис на светот, Пријанка Чопра Џонас,  […]

Следните денови облачно со дожд, в петок сончево и потопло


Под влијание на циклонска активност утре и в четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали. Како што информира УХМР, в петок […]

Предлог на Владата за две нови државни награди именувани по лингвистите Блаже Конески и Ремзи Несими


 Владата денеска на седница го разгледа и утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, со што предлага воведување две нови државни награди.   На иницијатива од Советот за македонски јазик, како што соопштил предлагачот – Министерството за култура, се предлага да се востанови нова државна награда што ќе го носи […]