Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан


Брисел – Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски […]

Столтенберг ќе остане шеф на НАТО уште некое време, тврдат дипломати


Берлин- Јенс Столтенберг ќе остане на чело на НАТО уште една година бидејќи пропаднаа обидите да се најде негов наследник кој би ја добил поддршката од 31 членка на западната одбранбена алијанса, тврдат извори од НАТО. Официјалната одлука за продолжување на договорот најверојатно ќе биде донесена следниот вторник на состанокот на постојаните претставници на земјите […]

Тренерот на ПСЖ уапсен поради расизам


Париз – Тренерот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Кристоф Галтие, и неговиот син се уапсени во рамки на истрага поврзана со наводен расизам, јавија денеска локалните медиуми. Истрагата почна во април оваа година по искази на сведоци дека Галтие навредувал играчи на расна основа додека беше тренер на Ница во сезоната 2021/22. Галтие и неговиот син […]

Алексис Ципрас – премлад за политички пензионер


Алексис Ципрас од секогаш знаел да изненади. Четири дена по парламентарните избори во Грција, тој се повлече од претседателското место во партијата Сириза и со тоаја презеде одговорноста за изборниот пораз.На гласањето минатиот викенд Сириза доби само 17,8 проценти од гласовите, за разлика од минатите избори, кога освоија повеќе од 31 процент.  Линк до целиот текст […]

Ковачевски за ФАЦ: Се заканува вето одвнатре


„Русија врши влијание“ со овој цитат од македонскиот премиер во насловот, германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“– ФАЦ објавува интервју со Димитар Ковачевски. Во интервјуто тој, меѓу другото се осврнува на претстојните процеси во земјата во однос на евроинтеграциите. Линк до целиот текст тука

Министерот Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ


Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“, денеска во Брисел беше потпишан од министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата, министерот Алиу и се заблагодарил на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја.  -Денес нашите […]

Викендов облачно со пороен дожд


Од утре попладне и во недела времето ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Како што соопшти УХМР, и во Скопската котлина од утре […]

САД се повторно примени во УНЕСКО


Париз –  САД се повторно примени во Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), која ја напуштија во времето на претходниот претседател Доналд Трамп. Многу очекуваната одлука беше донесена денеска на крајот од дводневната специјална сесија на Генералната конференција на УНЕСКО. САД ја напуштија организацијата со седиште во Париз пред речиси пет години, […]

( Видео) Прес на Ковачевски и на Бесими


Денеска, 30.06.2023 година (петок) во 14:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе одржат прес-конференција во Медија центарот во Владата. Темата на прес-конференцијата е за издавањето на проспектот за првата аукција на граѓански обврзници.

Првите десет години на Хрватска во ЕУ: Стратешки проекти, економски напредок и одлив на население


Загреб– Пред точно една деценија, Хрватска стана 28-та членка на Европската унија и оттогаш ги исполни своите најважни стратешки цели и донекаде го намали развојниот јаз со „старите“ членки, но поради отворањето на европските врати за нејзините работници, има и голем одлив на жители. Влезот во ЕУ е еден од најважните настани во историјата на […]

Саудијците влегуваат и во тенисот, предупредува Мекинро


Седумкратниот грен-слем шампион Џон Мекинро рече дека тенисот не треба да бара инвестиции од Саудиска Арабија. Претседателот на тениската организација АТП, Андреа Гауденци, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека разговарал со Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија и други потенцијални инвеститори за проекти, вклучувајќи инфраструктура, настани и технолошки инвестиции. Но критичарите ја обвинуваат Саудиска Арабија […]

Ѓоковиќ одбраната на титулата на Вимблдон ја почнува со Аргентинец


Лондон – Познати се двојките за првото коло од третиот Гренд слем во сезоната што ќе се одигра на терените на Ол Ингланд клубот во Вимблдон. Актуелниот шампион и втор носител на турнирот, освојувач на 23. Грен слем титула, кој досега седум пати го освоил престижниот турнир, Новак Ѓоковиќ, во првото коло ќе се соочи […]

Бектеши: Македонија има значаен напредок во процесот на декарбонизација


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тепелена, Република Албанија, учествуваше на неформален министерски состанок на Енергетска заедница, со кој претседаваше Белинда Балуку, вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, која е земја преседавач со Енергетска заедница за 2023 година. На состанокот воведно обраќање имале и Курт Вандерберг, генералниот директор на Директоратот за […]

Следната недела ќе се дислоцира оштетениот топловод од мостот „Беласица“


Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Стефанов денеска информираше дека следната недела ќе започне дислокацијата на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во близина на ТЦ „Ист гејт“. -Интензивно изминатиот период работевме на оваа проблематика. Топловодот треба да се отстрани и комунициравме со Град Скопје на кој начин да го решиме проблемот. Ние од наша страна […]

Почна реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“


По 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом „Копанки“ со поддршка на Општина Битола започнаа градежни активности за негово реконструирање. Согласно потпишаниот договор помеѓу Општина Битола со ПСК „Пелистер“, изработен е проект за реконструкцијата на овој објект. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари, а додека во […]

Норвешка ќе ја затвори амбасадата во Приштина


Белград– Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Норвешка одлучила да ја затвори својата Амбасада во Приштина и најави ресетирање на односите со Израел, кој го призна Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ за ТВ Пинк кажа дека одлуката на Норвешка за затворање на Амбасадата ја дознал по разговорот […]

Ќамил Ковачи нов в.д директор на ЈП Улици и патишта


Саит Саит, од денес е разрешен од позицијата Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи. Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај, соопштија кусо […]

Агенција за филм: За потрошени 985 илјади евра буџетски пари, отчет мора да има


Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“. Агенцијата за филм на РСМ ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон […]

Герасимовски: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства


Градоначалникот Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар. – Социјалните пакети кои се донација, благодарение на општествено одговорната компанија Кам Маркет со којашто општината има традиционална соработка, градоначалникот ги подели заедно со претставници од невладината организација „Банка за храна на Македонија“, […]

Контрацепција.мк, нова веб-страница со корисни информации за сексуалното здравје


Институтот за јавно здравје и ХЕРА денеска во Скопје ја промовираа веб-страницата за контрацепција, достапна на македонски и на албански јазик. Во отсуство на сеопфатно сексуално образование во училиштата, постои надеж дека оваа веб-страница ќе им биде корисна на граѓаните, на младите, но и на здравствените работници во заложбите да ги информираат нивните пациенти. Идејата за […]