Ќамил Ковачи нов в.д директор на ЈП Улици и патишта
Саит Саит, од денес е разрешен од позицијата Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи. Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај, соопштија кусо од Град Скопје .
Ова е третиот директор на ЈП „Улици и патишта“ за време на мандатот од година и пол на градоначалничката Данела Арсовска.
Најпрво на таа позиција го назначи Борис Настов, а потоа, по кавгата со ВМРО-ДПМНЕ, на негово место дојде Саит Саит, кадар на ДУИ.