Почна реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“


Планинарскиот дом „Копанки“ изгоре во јануари 2013 година

По 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом „Копанки“ со поддршка на Општина Битола започнаа градежни активности за негово реконструирање.

Согласно потпишаниот договор помеѓу Општина Битола со ПСК „Пелистер“, изработен е проект за реконструкцијата на овој објект. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари, а додека во буџетот од 2023 година за реконструкција на планинарскиот дом „Копанки“ предвидени се 2 милиони денари.

– Бидејќи во месец јули пред советниците на општина Битола на седница на Советот ќе се разгледува ребалансот на буџетот на општината, градоначалникот Тони Коњановски, најави дека ќе предложи за реконструкција на планинарскиот дом „Копанки“ да се издвојат дополнителни 1 милион денари – информираат од локалната самоуправа, додавајќи дека „Копанки“ е историја на Битола и заедно сите треба да го возобновиме.