Ѓоковиќ одбраната на титулата на Вимблдон ја почнува со Аргентинец
Лондон – Познати се двојките за првото коло од третиот Гренд слем во сезоната што ќе се одигра на терените на Ол Ингланд клубот во Вимблдон.
Актуелниот шампион и втор носител на турнирот, освојувач на 23. Грен слем титула, кој досега седум пати го освоил престижниот турнир, Новак Ѓоковиќ, во првото коло ќе се соочи со Аргентинецот, Педро Качин (68 на АТП листата), одлучи денешната жрепка за третиот овогодишен грен – слем турнир.
Фаворитот број 1, Карлос Алкараз за противник го доби Жереми Шарди од Франција, а голем интерес ќе предизвика мечот во кој носителот број 5, Стефанос Циципас ќе се сретне со Доминик Тим кој пред повредата и отсуството од терените беше меѓу тројцата најдобри тенисери на светот, а во моментов се наоѓа на 90. место на АТП листата.
Третиот носител Данил Медведев во првата рунда за противник го има Британецот, Артур Фери кој има специјална покана од организаторот додека четврто рангираниот играч, Каспер Руд на стартот ќе игра против Лоран Локоли од Франција, кој место на главниот турнир обезбеди преку квалификациите.
Носителот број 6, Холгер Руне во првото коло ќе игра против Џорџ Лофхаген од Велика Британија, а а седмиот тенисер на светот Андреј Рубљов ќе се сретне со Макс Пурсел од Австралија.
Тоа ќе значи дека најголемите фаворити на Грен слемот во Лондон Ѓоковиќ и Алкараз можат да се сретнат само во финалето.
Во женска конкуренција, најдобрата светска тенисерка Ива Швјонтек од Полска во воведното коло ќе игра против Лин Жу од Кина, додека бранителката на титулата од лани Елена Рибакина од Казахстан на стартот ќе игра против американската тенисерка Шелби Роџерс.
Грен – слем турнирот во Вимблдон е на програмата од 3 до 16 јули.