Конечно снег и на Маврово, најмногу на Попова Шапка – 31 см


Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени. Веднаш потоа е -3 степени во Куманово, -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Mаврови Анови, 0 степени има во Крива Паланка, Штип, Велес, Kрушево, 1 во Тетово, Охрид, Виница, 2 во Претор, Кавадарци, 3 во Демир Капија, 4 во Прилеп, Берово, 5 во Битола, Струмица …

Конечно снег и на Маврово, најмногу на Попова Шапка – 31 см Read More »

Астронаут на МВС има здравствени проблеми. НАСА: Може да се вратат порано


НАСА размислува за рано враќање на екипажот од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради здравствен проблем на еден астронаут, неколку часа откако планираната вселенска прошетка беше откажана за денес, соопшти агенцијата. Портпаролката на НАСА изјави дека астронаутот, чиј идентитет не го откри, е во стабилна состојба на орбиталната лабораторија. Природата на здравствениот проблем не беше откриена. …

Астронаут на МВС има здравствени проблеми. НАСА: Може да се вратат порано Read More »

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн


 Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Романката Сорана Кирстеа со 6:3 и 6:3 во натпреварот од третото коло на турнирот во Бризбејн. Мечот траеше 1 час и 20 минути.  Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше два аса, направи една двојна …

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн Read More »

Аморим пред можен трансфер во ривалски клуб


Досегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубин Аморим е пред можен неверојатен трансфер. По отказот во Манчестер Јунајтед, можно е многу брзо повторно да седне на тренерската клупа. Имено, според британските медиуми Аморим е кандидат да биде тренер на Бенфика, доколку Жозе Мурињо биде отпуштен. Бенфика има заостанување од 10 бодови зад лидерот Порто. Потенцијалното седнување …

Аморим пред можен трансфер во ривалски клуб Read More »

Претседателството на БиХ даде согласност за испраќање војници во мировна мисија во Газа


Претседателството на Босна и Херцеговина, кое е Врховен командант на вооружените сили, даде принципиелна согласност за ангажирање припадници на вооружените сили во мисијата на Меѓународните сили за стабилизација на палестинската територија – Појасот Газа. „Министерот за одбрана на БиХ е задолжен да го спроведе процесот на номинирање на воен претставник на Босна и Херцеговина во …

Претседателството на БиХ даде согласност за испраќање војници во мировна мисија во Газа Read More »

На Божик се роди Миха – првото новороденче во Кочани во 2026


Утрово,  7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани. Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името …

На Божик се роди Миха – првото новороденче во Кочани во 2026 Read More »

Споменикот на Никола Тесла го напушта центарот на Загреб


Нa 83-годишнината од смртта на Никола Тесла, беа положени венци под статуата на познатиот научник, а претставникот на директорот на Институтот „Руѓер Бошковиќ“, Карољ Скала, изјави дека е постигнат договор со Градот Загреб за преместување на статуата пред институтот, каде што се наоѓа и статуата на Руѓер Бошковиќ. „Дофатот на Тесла во мислите, идеите и …

Споменикот на Никола Тесла го напушта центарот на Загреб Read More »

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември. Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат. Студентите …

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември Read More »

Парамаунт повторно одбиен: Нетфликс го презема „Ејч-би-о“ и покрај „неморалната“ понуда од семејството Елисон


Менаџментот Warner Bros. Discovery (WBD) повторно го избра Netflix за свој префериран партнер, отфрлајќи ја ревидираната непријателска понуда за преземање од Paramount. Иако Paramount тврдеше дека ги решил клучните проблеми што го мачат менаџментот на WBD, менаџментот на гигантот, предводен од Дејвид Заслав, им кажа на акционерите дека понудата е сè уште „несоодветна“ и носи …

Парамаунт повторно одбиен: Нетфликс го презема „Ејч-би-о“ и покрај „неморалната“ понуда од семејството Елисон Read More »

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата


Турскиот великан Галатасарај според медиумите од Турција почнал преговори со играч од редовите на премиерлигашот Манчестер Сити. Станува збор за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва. Искусниот фудбалер на крајот од сезоната му завршува договорот со „граѓаните“ што значи дека како слободен играч може да замине од клубот. Токму тој факт ги зголемува неговите шанси за трансфер …

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата Read More »

Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца


Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање. -Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и …

Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца Read More »

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари


Цените на бакарот надминаа 13.000 долари за тон, достигнувајќи нов максимум откако црвениот метал се тргуваше на лондонската берза LME, поради стравувањата на трговците од недостиг и знаците за трка за снабдување на стратешкиот минерал по нападот на САД врз Венецуела. Тон бакар изнесуваше 13.238,00 долари за тон во референтните тримесечни фјучерси на Лондонската берза …

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари Read More »

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови


Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата кои пообилни се најавува да бидат во западните делови од земјата. Исто така, за време на денешниот ден се очекува прилично топло време за овој период од годината со јужно струење и прилично …

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови Read More »

Студентите во Србија најавија нов протест во јануари: „Следува конкретизирање на нашата борба“


Студентите од факултетите во Нови Сад најавија протестен митинг во Нови Сад за 17 јануари, нагласувајќи во видео објавено на социјални мрежи дека нивната борба ќе биде конкретизирана. Под слоганот „Што значи победа?“, студентите велат: „На 17 јануари, се гледаме во Нови Сад“. Наведувајќи дека не знаеле што ги чека кога ја започнале таа борба, …

Студентите во Србија најавија нов протест во јануари: „Следува конкретизирање на нашата борба“ Read More »

Снежна бура го завеа претседателот на Романија, не може да се врати дома (видео)


Претседателот на Романија, Никушор Дан, беше заглавен во снегот во Франција, а поради снежната бура, неговиот авион не можеше да полета од Париз ниту синоќа ниту утрово. Воениот авион што го однесе првиот човек на Романија во Париз не можеше да полета ниту во вторник на полноќ, како што првично беше планирано, ниту во среда …

Снежна бура го завеа претседателот на Романија, не може да се врати дома (видео) Read More »

Сообраќајка меѓу автомобил и трицикл на бул „Србија“ во Скопје, тројца се повредени


Вчеравечер, околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Србија“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од М.С.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот …

Сообраќајка меѓу автомобил и трицикл на бул „Србија“ во Скопје, тројца се повредени Read More »

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба


Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба, кој ќе се реализира утре и во петок. Од Општина Битола информираа дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“. …

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба Read More »

Стармер: За распоредувањето трупи во Украина ќе гласа Парламентот


Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека какво било распоредување британски сили според декларацијата потпишана со Франција и Украина ќе биде предмет на парламентарно гласање. Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпишаа декларација за намери во која се нагласува распоредување трупи во случај на мировен договор. „Ќе го информирам парламентот за …

Стармер: За распоредувањето трупи во Украина ќе гласа Парламентот Read More »

Хрватскиот издавач Сршен: Природниот пат е прво да се освојат читателите во Белград или во Скопје, а потоа ќе ви биде полесно да продолжите


Во време кога книгите сè почесто се мерат во бројки, алгоритми и „видливост“, Иван Сршен упорно инсистира на нешто потивко, но подолготрајно, како смисла, уредничка одговорност и доверба во текстот. Како уредник, издавач и писател, Сршен со години го обликува просторот на независното издаваштво во Хрватска преку Сандорф, куќа што не брка трендови, туку создава …

Хрватскиот издавач Сршен: Природниот пат е прво да се освојат читателите во Белград или во Скопје, а потоа ќе ви биде полесно да продолжите Read More »

Општина Крива Паланка ќе додели по 15.000 денари за секое семејство со новороденче


Општина Крива Паланка ќе додели еднократна парична помош во висина од 15.000 денари за секое семејство што ќе добие принова во 2026 година. Од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка информираат дека согласно Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година и одлука на Советот, во текот на 2026 година …

Општина Крива Паланка ќе додели по 15.000 денари за секое семејство со новороденче Read More »