АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС


Фармацевтската компанија АстраЗенека првпат во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца. – Причината за синдромот е непозната. Синдромот на тромбоцитопенија (ТТС) може да се појави и без вакцината на АстраЗенека или која било …

АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС Read More »

Обвинителството бара мерки на претпазливост против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор. -Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 …

Обвинителството бара мерки на претпазливост против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт Read More »

Спортскиот комплекс „Бојмија“ во завршна фаза


Општина Аеродром добива уште еден репрезентативен комплекс. Градоначалникот на општината Тимчо Муцунски денеска заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески и кандидатите за пратеници од Аеродром, го посетија спортскиот комплекс „Бојмија“ каде во завршна фаза е поставувањето на функционално фудбалско игралиште со вештачка трева и атлетска патека, се обновува детското игралиште и фитнес просторот и …

Спортскиот комплекс „Бојмија“ во завршна фаза Read More »

Уапсен Србин кој здивел на скопскиот аеродром


Србин „дивеел“ на скопскиот аеродром.  – На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка, информираа од полицијата во …

Уапсен Србин кој здивел на скопскиот аеродром Read More »

Драма во Ерусалим: Избоден полицаец


Турски државјанин денеска во Ерусалим избодел израелски граничен полицаец, по што полицајците го убиле на лице место, соопшти израелската полиција. „Терорист вооружен со нож пристигна во Стариот град на Ерусалим, нападна граничен полицаец и го избоде“, се вели во соопштението на полицијата. Ранетиот полицаец и уште еден полицаец на местото на настанот се степале и …

Драма во Ерусалим: Избоден полицаец Read More »

ЕК покрена постапка против „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за сомнеж за неспречување на ширењето дезинформации и манипулации


Европската комисија отвори формална постапка со цел да процени дали социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, кои се во сопственост на „Мета“, го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) во делот на заштита на европските граѓани од ширењето на дезинформации и манипулации од трети земји.  Постапката треба да ги испита политиките и практиките на …

ЕК покрена постапка против „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за сомнеж за неспречување на ширењето дезинформации и манипулации Read More »

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека се уште ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во земјата, но засега властите ја разгледуваат оваа одлука. „Засега размислуваме. Навистина сакам да изградам втора [нуклеарна] централа“, рече Лукашенко за време на работното патување во регионот Могилев, јавија белоруските медиуми. Лукашенко истакна дека белоруското општество „очигледно веќе го …

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија Read More »

ИЈЗ: Меланом – најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме


Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај – месецот на борба против ракот на кожата. – Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на …

ИЈЗ: Меланом – најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме Read More »

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања


Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања. Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, …

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања Read More »

За прв пат по 20 години, второто коло од НБА плејофот ќе помине без Леброн, Кари и Дурант


За прв пат по две децении, второто коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот ќе помине без водечките играчи во последните години Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент. Лејкерс на Џејмс и Феникс на Дурент испаднаа во првото коло.  Голден Стејт на Кари не успеа да се пласира во плејофот, губејќи во …

За прв пат по 20 години, второто коло од НБА плејофот ќе помине без Леброн, Кари и Дурант Read More »

Вработените во ФЗО најавуваат генерален штрајк – бараат усогласување на платите


Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк. Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку …

Вработените во ФЗО најавуваат генерален штрајк – бараат усогласување на платите Read More »

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина


Ситуацијата во Босна и Херцеговина е тема за која вечерва ќе разговара Советот за безбедност на ОН, на барање на Русија, што е дел од кампањата со која политичарите на босанските Срби и Србија се обидуваат да го спречат усвојувањето во ОН на резолуцијата со која 11 јули ќе биде воведен како ден на сеќавање …

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина Read More »

Удрил во куќа во Лондон, а потоа излегол и со мачета ги расекол луѓето


Денеска околу 7 часот наутро, маж нападна луѓе во североисточен Лондон. Ги сечеше со мачета. Пред тоа со автомобилот удрил во куќата. Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите, наводно, имало и двајца полицајци. Horrific scenes from #Hainault this morning. Yet again a …

Удрил во куќа во Лондон, а потоа излегол и со мачета ги расекол луѓето Read More »

Герасимовски: Започна инсталирање на смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта


Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина …

Герасимовски: Започна инсталирање на смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта Read More »

Продолжен притворот за осомничените за убиството на Данка Илиќ


Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на С.Ј и Д.Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, беше потврдено за Танјуг од тој суд. Според оваа одлука, нивниот притвор може да трае до 29 мај. Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за …

Продолжен притворот за осомничените за убиството на Данка Илиќ Read More »

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв по повод шестдеценискиот јубилеј


Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна. -Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените …

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв по повод шестдеценискиот јубилеј Read More »

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред


 Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од …

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред Read More »

Урсула фон дер Лајен рече дека не е исклучено TikTok да биде забранет и во ЕУ


Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен навести дека забраната на TikTok во Европската унија е всушност реална опција. „Тоа не е на одмет“, рече таа на дебата во Мастрихт, на која беа претставени водечките кандидати на партиите за претстојните европски избори, откако модераторот се осврна на Соединетите држави, каде што TikTok се соочува со …

Урсула фон дер Лајен рече дека не е исклучено TikTok да биде забранет и во ЕУ Read More »

ЕППО уапси три лица во Загреб поради милионска измама со пари за реконструкција по земјотресите во Петриња


Европското јавно обвинителство (ЕПО) во Загреб (Хрватска) покрена истрага против три лица и една трговска компанија поради сомнение дека извршиле измама со субвенционирање и фалсификување документи со цел да се добие неповратна поддршка во износ од околу 2,5 милиони евра. наменета за реконструкција по земјотресот, финансирана од Фондот за солидарност на Европската Унија (EUSF). Сите …

ЕППО уапси три лица во Загреб поради милионска измама со пари за реконструкција по земјотресите во Петриња Read More »

Кривични за петмина скопјани за „убиство во обид“


СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против И.Е.(28), Б.Е.(24) и Ј.Б.(21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид и „соизвршителство“. На 08.03.2024, по претходна расправија со М.А., пријавените физички го нападнале, …

Кривични за петмина скопјани за „убиство во обид“ Read More »